@0ли цуцево на Авент е до 3 месеци,стави го во архива Јас купив две во пакување,нови се,не фати ич Препорака до идните мајки што планираат да дојат.Не ви треба цуцла на почеток,бар дур не се научи да цица убаво. Јас воопшто не би ја ставила во must have на список за новороденче. Не давајте пари пред време. Мојата ке прави 5 мес,до сега ни цуцла ни шише не ни затребале
Глупо прашање можда...а чајче за грчеви од кога почнуваат да пијат? Знам дека капки прво им даваат? До сега ни чајче не си и дала?
Море зависи од бебето тоа, јас би рекла да си имаат за секој случај. Ако е плачко, цуцла и те како помага. Шишиња па имам 5 6 неискористени, ама едно може да се има за секој случај исто. Колку крупни пари се фрлаат за некои работи што беебе нема да ги погледне, ова е ништо во споредба со тоа.
Ништо,како номад сум Освен млеко нема пробано ништо.Ок,еднаш ме излижа на рамо,водена бев после туширање Грчеви немаше.На почеток само нелагодност дур се регулира цревна флора и толку.
Да не ве урочам ама добро е среќа сте имале лесно сте поминале Дај боже да не ми треба ни цуцла ни шише ни чај за грчеви
Иста беше и мојата ништо не фати.Туку што правиш ако треба да идеш на гиниколог или на друго место каде ќе се задржиш пример 3 часа?
Ништо освен млеко не е препорачливо за бебе што пие само млеко. Шише додека не ти дојде убаво млеко можеби ќе треба да искористиш. Јас би паничела да не ми е надојдено убаво млеко, а бебе гладно да ми седи, за мир би земала едно шише. Леле се едитирав сега сум пишала дека вода е препорачлива, будала жена. Мислев ништо освен млеко..
Ава јас ќе ти одговорам од мое искуство со дете што не фати никако ни шише ни цуцла. Немаше шанси да ја оставам и да одам некаде повеќе од еден час бидејќи ми цицаше на два саати, мислам дека и најмногу заради тоа се решив да дадам порано храна, почетокот на 5ти месец. Ако требаше да одам на доктор или друго место каде што ќе требаше да се задржам повеќе саати, ќе ја надоев па после тоа ако сакаше да јаде ќе и дадеа кашичка. Буквално никаде не мрднав без неа првите 5 месеци.
@Ava.84 на контрола на гинеколог бев 6-7 недели после пораѓај,сакав да одам со неа но не беше дозволено поради коронава.М.м седеше доле на паркинг со неа.Непосредно пред да се качам и дадов да цица.Среќа се задржав половина час.За друго,ја немам оставено.Очајно имам потреба од фризер,но сама се средувам.Наскоро ке почнам со дохрана па малку полесно ке е. Прав кенгур сум на моменти,и под туш имам влезено со неа.
Затоа прашав пошто и јас не можев никаде да отидам без неа.После исто кога почна со дохрана не сакаше цуцла и вода па и давав да цица наместо вода.Затоа уште сега викам за второво ќе му дадам цуцла колку и да не е препорачливо за забите.На гиниколог бев на 6 недели и после 3 години од што ми беше лепенка.Дури се мислам на второво и навечер ад да давам да спие подолго (не дека ќе спие де).Не знам ама многу беше напорно се на мој грб сега па и плус една дада и бебеСтрав ме фаќа
Оф леле Затоа не ја сака? Ама па во кола кога е кенкав за спиење си ја цуца кратко, ја плука и заспива.
Штом си со такво искуство од првото, веќе знаеш како со второто и јас сум со истиот став за АД кога ќе дојде време да имам уште едно. Купи си шише и ако имаш можност уште во болницата давај АД навечер за спиење за да се навикне. Ако не друго барем ќе врзува 3часа сон, а не на секој саат да станува за цицање. Барем мојата така беше првите месеци и дење и навечер.
Ве читам дека претежно Медела,Авент користите за шишиња и цуцли. Дали има некој искуство со Nip i Nuk шишиња и цуцли. Јас сум израсната со Nuk али тоа што било порано и сега сигурно не е исто па затоа ако има некоја искуство да сподели. И за 3+ кила новороденче дали би му одговарале 50ки за првата недела до две? Јас се што имам земено се 56ки па да не му бидат како торба не сакам ни такво распарталено да биде
Не е само килажата, битно е колку ке е долго. На 53 сантими може да е 3500 и 4 кг. А може да се роди 48 со 3 кг.
Кога ќе го фатат грчеви, верувај ми ниту шише ти треба ниту цуцла, само нерви и мирна психа за да ги издржиш тие денови. Ако е на доење, само мајчино млеко, на града да го гушкаш за да се смири, а не да му го полниш желудничето со чајчиња. дај боже никогаш да не го фатат грчеви