Да, ким. Сум згрешила. Сега ја прашав мајка ми и рече дека ми давала зрнце ким и никогаш сум немала грчеви.
Па добро од искуство од блиски давале и цуцли и капки и чаеви иако бебињата ск биле на доење. Ама сфаќам што сакаш да кажеш...нема правило секое бебе своја приказна.
Правило има, паметни луѓе ја проучувале материјата и според нив, грчевите иако се болни, се нормален процес на развој на желудник, црева и цревна флора. Некое бебе го поминува полесно тој период, некое поболно, ама чај не помага. Едноставно бебето мора да помине низ тој процес, дали ќе трае час, 2 часа, цела ноќ, тоа е. Џабе само дополнително да се оптоварува стомачето со чаеви и води и чуда, кога првите 6 месеци е развиено исклучиво за млеко. Од се што ќе те напнат да даваш, пробиотик е најприфатливо. Мое бебе прифати цуцла тек на 6 месеци. Таман кога ги собрав и решив да ги фрлам, а имав различни, маж дојде на идеа да проба уште еднаш. И тогаш прифати од нигде и никаде. Ги собрав и фрлив секако, и и земавме нови. Сега и ги менувам секој месец. Нема проблем, прифаќа секаква, ама и земам на нук и чико. Шишиња земав 2 на авент за секој случај нели, ама никогаш не прифати. Подоцна, пиеше вода од наша чаша или наше шише, па и земав некапечка чаша оти од нашите се праеше лом и од 8ми месец си пие во таква. Кој сака може да си има цуцла за секој случај, не се тоа големи пари. Кој нејќе не мора. Не е неопходно, тоа е нешто што може да се набави во секое време. Ваша воља е.
За тие што ве интересира знам @NovusOrdoSeclorum исто прашуваше. Земав од Томи типи од бебе супермаркет шишенца 640д атиколик со некое цевче внатре за до 80% намалување на грчеви...раду цевчето има некој ефект за непропуштање на воздух (може грешно сфатив) Шишето е 0 до 3 после само се менува цуцла и до 1г може да се користи 150мл е. За чај вода и млеко. Исто така цуцла лажливка на томи типи во форма на града 190д. Имаат и други типови на шишенца стаклени и пластични сите од 0до3 се со бавно течење атиколик...
I jas go zemav sisinjata na Tomi tippi isti so cevceto vnatre,pa sega Se mislam Dali zgresiv, kolku lesno ke se ciste TOA cevce,Se mislam Dali da gi vratam I da si zemam od obicnite na Tomi tippi
Пластичните што ги користам од Томи Типи подолго од месец и пол не сум ги користела, ги фрлам. Не би користела 1 година исто шише. Стакленото е друго, само цуцли на месец дена му менувам.
За стаклено зборам. И сакав да кажам ако не се искористи во први 3 или 5 месеци (ако бебето е на доење) нема да пропадне зошто може до 1г да се користи. Ако некоја се двоуми што да земе.
Колку што знам, нема стаклени со цевче, само пластични се, а ти имаше пишано дека со цевче си зела и може 1 година да се користи, така те сфатив. Сега скоро кога земав стаклено, пак ми потврдија дека нема со цевче. Едит. Сега видов ДО 1 година, веројатно до возраст 1 година си мислела.
Извини може е моја грешка. Додуша не ги отворив кутиите дека мбогу работи земав. Ако викаш нема стаклени сигурно е пластично. Секако мислата ми беше ако не се искористи на почеток подоцна ќе се искористи. Дека иако имам желба да дојам сепак земав па знам дека нема да ми "пропадне"ќе го користиме од 4-5м Па и тие кои се мислат може да земат да не им трчкаат мажите отпосле ако затреба
Така направив и јас, само што од мерак го зедов комплетот со 4 шишиња и 6 цуцли, си реков понатаму можеби ќе се најдат, ако не, мислев да ги подарам, но за жал ми беа потребни уште веднаш дома кога дојдовме, па убаво си ги искористив, сите 4 за овие речиси 4 месеци.
Па сега и гледам дека биле 2 шишена во кутијата за 640д ја па мислев 1 само... Не го видов сетот ама секако тоа може и накнадно ако ми треба за од почеток можеби и стаклено би купила.. А овие со цевче ги користиш? Не знам дали стварно намалува грчеви ама викам ај ќе земам
Не ги користев тие со цевче, обичните, но и тие се антиколик, има едно како дупче на цуцлите. Таму ми рекоа дека овие со цевче биле подобри за грчеви. Моево немаше некои проблеми со грчеви и плачки, па можеби колку-толку помогнале, не би можела да кажам.
Да си прашам овде, можеби некој ке знае да ми одговори. Безконтактен топломер дали знае некој во која аптека има? Цел месец бараме, заради коронава, се во дефицит. Или предлог за некој друг вид на топломер, кој е лесен за користење кај бебе.
Ние најдовме во Виола аптека. Имаше и во Зегин и Еурофарм ама беа околу 4000, истите што пред пандемијава биле 1500-2000. Во Виола беше 2400. Поевтино мислам нема.
Видов еден во каталогот на Зегин термометар за во уво кој работи со инфрацрвени зраци, околу 1000ден беше,мислам дека би бил практичен за бебе, но не сум користела да споделам искуство.