Стаклено шише може да користите додека вие го држите. Кога ке почне самп детето да пие и кога ке сака само да го држи, мора пластика. Прво затоа што е лесно а и затоа што не се крши. На другарка дете две стаклени искршил. Ги фрлил. @eta во еурофарм нели може да ти порачаат?
Малиов е скоро 4 месеци и веќе кога пие од шише, со двете рачиња го држи. Да беше стаклено, немаше шанси. Не знам на стаклено што ќе му правам, а немав намера да му давам вода од шише да пие.
Нук се убави, јас имав за беба само на почеток користев додека немав млеко после скроз ја одбив. Мам исто ти се убави и поефтини, сега користиме Мам за водичка (7+)
Ам како не, јас поев ким за да нема бебе грчеви, мака си виде кутро бебе, а и ја. Пазев на исхрана до 4 месец немв каснато слата, џабе. Не е секое исто.
Јас имам на Нук, го купивме во Ремедика аптеката пошо само таму најдов, Зегин немаа. Се користи и за во уше и за на чело.
Најточен термометар е живин. Јас со таков му мерам додека цица. Дигитален и бесконтактен сите помалку ми покажуваат. А да, бесконтактен кога се јавувавме во аптеки да бараме 4500 беше и тоа едвај да се најде, како не купив пред да се појави пандемијава
Па не знам јас му мерам кога лежи на рачето што му е одозгора, му го држам. Или додека ми е во раце ако е буден па го лажам некако. Како инаку би му мереле на бебе, прв пат слушам ова за преграткава, мислиш да не ги загреваме ние додатно?
Не се нормални со цените. Микролјф лани беше 3000. Синко додека цица е испотен. Живин е најточен ама мене ми е страв да не го скши.
Поголемото цуце е како светло лилаво. Мислам не плука заради големината, едноставно не сака Јас зедов авент и мам. Прва женска најмногу мам ми ги сакаше, па ајде и за малово такви. За грчеви мислам индивидуално е се.
Мајки ме интересира за што најчесто ги користите тетра пелените? И дали на почеток правевме широк повој со комбинација од две трета или памперс и тетра и осмици? Или тоа ќе ми каже патронажната?
Широк повој јас 2 3 пати направив со 1 тетра и шведска, ама после прекинав, многу ми беше малтретирање на бебе некако, и ортопед ми препорача да не ставам широк повој. Нема потреба, доволно е само вежби да се прават за колковите. Мада околу ова ќе најдеш поделени мислења прво меѓу доктори, па и меѓу мајки. Инаку тетра како тетра за сѐ се користи. Да ставиш на рака додека цица, да го забришеш, да го легнеш над нејзе, да го покриеш, буквално 100 намени. Од тетра немаш штета, земи повеќе.
Широк повој по препорака на ортопед. Има гаќички за широк повој со лепенки и се перат, се носат над облека и попрактични се од тетри и шведски.
Широк повој ретко кој препорачува. 8ци не купувај. Ако ти препорача ортопед, тогаш. Јас немам ниту една. Тетра се користј за се!! - за постелување (транспортер, количка, за да легне на кревет..) - на тебе, друг кога држи бебе за да е на чисто - за бришење газе по миење и секакво бришење - за покривање - за доење, ако сакаш да се криеш Тетра е за се
Мајка избрза со осмиците. Ете они како што правеле. Нека стојат ако не ми затребаат ќе ги дадам на некој што му се потребни. Тетри имам 10 во пакување. По ова што кажувате уште 10 не ќе е лошо. Во план ми е да испазарам од 0 до 3 месеци шпихозни, бодиња, чорапчиња, ракавици и капчиња две/три. Не сум за тренерки и блузички горни затоа што ми е прво и додека е мало нема да имам самодоверба толку да го маневрирам. Ете едно комплетче две за шетање. Како и да е ноември се паѓа + корона+ воздухот во скопје. Ќе си се бањаме и гушкаме дома по пижамки. И за мајка(себе) да најдам едни целосни само задник и гради да се отвараат и мисија успешна.
Мислам да си доземеш уште 10, ќе се најдат. Блузички горни има со закопчување на преклоп, за полесно да го облекуваш. И јас сè купував со преклоп и со копчање напред, многу попрактични се за мало бебенце и особено ако ти е прво. После кога ќе се испраксираш, тоа тамам и главче ќе држи и повеќе самодоверба ќе имаш. За тебе може да си земеш или спавача или горна пижама со копчање за да е полесно. Само не знам зошто би отворала кај задникот