Чим ги имаат сите тие работи,ова ќе биде вишак а и нее малце пари за да остане неискористено. Спреми му една бовчичка со сите потребни работи за почеток,или па можеш да му земеш една убава постелнина со ќебенце и оградички.
Претпоставив дека ќе е вишок. Бовчичка со алишта ќе има сигурно. Сакам и нешто така поголемко, повредно. Постелнини мајка ми им шие. Имаат еден куп. Тешко ова , за прво дете баш има што да земеш. За второ ептен сум ограничена
Ако толку имаат се: оди во банка отвори штедна (ако веќе немаат) и стави ги на штедна парите . Јас за 1 род вака направив за внук ми зошто не знаев што буквално дека прво внуче размазено од пиле млеко уште што не доби.. а они понатаму пари што собраа и од други за родендени, нови години, исто продолжија да си уплаќаат.
Чим има се за дома,книшка во банка нема сигурно,парички на книшка и завршена работа. А седиште за во кола имаат? И тоа може да му земеш 0+ има.
Па и тоа ќе биде. Али на рака им давам и за внучка. Они и ставаат на штедна. Бар велат оти и ставаат. Али па тоа не е моја работа @monik55 за седиште брат и'на снаата ме преварил. Он ќе земел тоа
Кога се роди малава имав земено од Х&М скафандерче 56 број, пошо нели неискусна наместо да гледам дали ќе е удобно за облекување, јас гледав да е убаво на изглед. Прво гледај дали има два патенти од страна за да можеш бебе да го ставиш само и да го закопчаш, ако е со еден патент од страна, не искористено ќе ти е. 56 зедов број за новороденче и беше големо, не успеав никогап да и ги ставам рачињата во него и беше како право космонаутче.
Нас ни даваа дедовците така пари на почетокот ама ние си ги потрошивме за дома,породилно немав земено 3 месеци што да правам.Ме провали татко ми и сега кажаа за втор роденден книшка ќе му отворат. Или книшка или нараквица или ланче земи му и готово. Тоа ќе остане друготото се се искористува.
@Bubce38 Види и вака нешто слично можеш. https://bebehome.mk/product/tiny-love-подлога-за-играње-gymini-into-the-forest/
Јас се породив почеток на октомври Кога беше бебе 2ипол месеци, скоро 6кг , некаде средина на декември му купив мекан скафандер за 6м. Првиот месец малце му беше долго,ама после тоа го пополни,маста му ја извадивме 4 месеци, до април. Така да мој совет поголемо бројче, и да плива во него не е страшно,сепак ќе треба да го носи 4-5 месеци, сигурно за една зима нема 3 скафандери да купуваш ако му земеш точно бројче Нашето беше со еден патент на средина.
Се мислев да не го менувам, туку да земам и едно јакниче подебелко како тие во окаиди што се како џемперчиња со крзно внатре, дебелки, тоа да е 68ка. Ако земам 68 скафандерче мислам дека ептен ќе виси првите 2-3 месеци. Не дека зимава ќе излегувам којзнае колку со толку мало бебе, колку за до вакцина/доктор, или на кратка прошетка некој убав сончев ден А за до крај на март сигурно ќе ми треба нешто подебелко за надвор, па некогаш дури и април е студено, мислам дека треба да имам барем уште едно подебелко јакниче. Еве кое скафандерче е. Ова го нарачав. https://www2.hm.com/de_de/productpage.0750481004.html Братучетка ми од Германија ќе ми го донесе, по неа нарачав А инаку има на фб една, h&m online naracki, може што сакаш да си нарачаш, ама цените се по 300-500 денари поскапи од оригиналните цени на h&m, плус што ќе платиш карго, дека не е од Скопје жената мислам, се исплаќа само ако нешто ептееен ептен ти се свиѓа, инаку не
За 6 месеци е бр 68? Зошто на ова што го нарачав пишува за од 2-4 месеци, а ќе го носи на 2-3 месеци во јануари/февруари. Се мислам дека огромно ќе е 68 за тогаш
Штедна книшка не знам колку е изводливо да отвори трето лице, синко има, маж ми носеше извод од синко и лична карта негова. Полномошно може да има само еден родител и синко по 18 години располага со сметката.
Така мислам 68-74 е за 6м. Еве слика од 3м да видиш дека не се познава дека му е големо, стапалата на бебето му се од прилика под раката на мм Сепак зависи и колкаво ќе се роди и како ќе напредува, моево се роди 3780 а на 3м тежеше како за 6 Спојлер: Слика
Синко 62 носеше на 2 месеци. Скафандерот нека е поголем, и синко имаше таков мек и си го износи. Не се познава кога е големо.
Убавки се меканиве но да знаеш не штитат од зимски студ и ветер. Рачунај како да облечеш подебел дуксер. Ќе мора стално и да е покриено.
Да, имам јас таква јакна и не штити од ветер. Ама во транспортер, од кола до дома, врши работа, покриено како што кажа. Шушкавите скафандери се покрути.