Ако сака да и се исфрли бебето од топло Јас кога го вадев во скафандер не му облекував хулахопки,само по тренерки или шпихозни доле,горе плус боди и бебе секогаш беше топло како пред камин да стоело. Во екстремно ладните денови ,околу нова година кога шетавме знаев да го покријам,ама и од другиот тип скафандер да беше ќе ставев ќебе. Како и да е,без ќебе никаде да не тргнувате. Еден убав пролетен ден не понесовме ќебе мислев дека е топло,како го снема сонцето залади, па соблекувавме јас и мм елечињата да го покриеме бебе,живи измрзнавме. Колата далеку паркирана,а шубе ми беше да купам ново ќебе и да го покријам без да го исперам, ма да и тоа беше задна опција. Од тогаш,пред да излеземе прво ќебето го спремам
Да такво и имаше малава, јас лично не успеав рацете да и ги пикнам хаха ептен ми беше страв, па и го закочував со рацете споени дека не топли, не топли, не е доволно само тоа, за во количка нарачај си како вреќа внатре со волна .
А ради што да се исфрли? Бидејќи подоле кажуваш различно искуство. Јас имав дуксерче такво мекано, ја знам дебелината, го користев пролетта под тенко шушкаво јакниче. Имав од шушкавите зимски скафандери (не беше од крутите импрегнирани) и исто, само по тренерчиња одоздола, без хулахопки и додатни слоеви. Со иста дебелина како јас што бев облечена. Не се сеќавам дали сме ја покривале ама сум била раат за шетање, да не измрзне, посебно ако дува. Но имавме и зимска навлака на количка. Сепак зависи и за колкацко бебе збориме. Секако со новороденче и не се шета долго. Моите преку зимата беа 6-9 месеци.
Мој совет, за новороденче не гледајте да е толку многу дотерано, а да не е практично. Јас и купив теди капутче.. со кој памет не знам,немаше шанса да и го облечам, така си остана, можеби куклите ќе ги облекува в година.
Од топло да се исфрли. Јас ќебе ставав само на минус температура. Бебе беше околу 3 месеци кога шетавме и секогаш го проверував дали му е ладно. Нормално на ветар не се шета бебе, а ако малку подувнува,најбитно е да има капче на главчето. Сепак мислам дека не е иста дебелината на дуксерот и скафандерот ,ова како јамболија беше
Знам дека не штити од ветер ова скафандерче, ама сигурно нема да го шетам којзнае колку долго надвор на 1 месец во декември/јануари. Баш скафандер класичен здравје следната година Планирам да земам ќебе-плик од оние што може и како ќебе и како плик да се користат. Изгледаат дебелки. За бројкава, да ја менувам нарачкава значи,а? 68 величина да земам?
И јас какви epic fails имав со алиштата за новороденче Ништо на преклоп,строго преку глава за облакање,маички од зара си пуф ракави,фармерки стреч... Пред некој ден асортирав надраснсти,и само викав -Ај за куклите @Bubce38 подлогата што ти ја предложила Моник е предобра.Има повеќе видови,одбери сама,но е многу корисна работа Ако не,с-ка во банка отвори ти,има специјални со детско штедење,па ке ја полниш за поводи.На 18 ке му дојде супер,дали за образование,патување,возачка..
И јас имав земено едно преубаво јакниче дури еднаш го облеков за до педијатар и назад!! Криво ми е што го земав толку мало стои така неискористено, ама ете пусти мерак.
Ве читам се жалите со облекава дека се мало сте купиле јас пак обратно само две комплетчиња имав 50 и 5-6 купив 52 друго се е поголемо од старт и се ни е максимално износено...повеќе работи ми беа за од 3-6 месеци и ич не ми е криво оти многу брзо му се смалија па сега баш и кога излегуваме имам повеќе комплетчиња за дотерување првите месец - два секако бевме дома немав потреба од многу... Единствено премногу што имам изнакупено се боди од секоја бројка имам по 10-15 па некои не ги ни облековме..
сега сум излезена и кога го видов ова ми текна на тебе, па сликав. Мислам дека вакво би ти било попрактично за облекување, воопшто не е круто, а изгледа потопло од деугото.
Заборавив и ти дека не си во МК Да купувам во грција кога одам...леле ептен е убаво. На вас во странство за продавниците ви љубоморам. Ем убаво ем квалитетно и приступачно за тамошен стандард..
И јас си викам абе само да сум странство, каков избор има...Тука ништо нема! И мислам поефтини а поквалитетни работи. Да не праам муабет со платите тамошни што се можат да си купат без око да им трепне. Плус друго е преку интернет кога гледам и ќе пуштам некого да види, друго е јас кога ќе одам сама да си видам. Ќејфот е друг Не сакам да им стварам обврски на луѓево инаку се ќе испонарачав За ова скафандерчево конкретно, во Картерс носат исто секоја година и мислам дека е околу 2500 денари, додека ова од ХМ е 20 евра и затоа не ми е мака и да е помало. Се одлучив да си остане 62ка, пошо веќе е нарачано, а ќе земам уште едно дебелко јакниче обложено со крзно од внатре величина 68 ако брзо го надрасне скафандерчето. Плус некои работи знам сестра ми за внуците што ги има од ХМ за од 9-12 месеци беа како поголемки, им ги носеше после годината, па се надевам дека и ова ќе си е така поголемко и нема да остане 2 пати облечено
Што се замараш ќе ти остане за 2рото. Еве ја од внук ми 2 необлечени скафандери имам. Необлечени пошто не го шетаа ладна зима се погоди со настинки и вируси. А иначе да Картерс отвори на алиекспрес истите работи третина цена. Таму не би купила
Вакoв мoдел имав jас за мoетo бебе. Ептен тoплеше, не jа пoкривав над негo. Плус супер беше малце кoга падна снег да се пoрадуваме сo неа