Задоволна си од постелнинитемод кај нив? И има ли потреба од неколку комплети? Јас добив на подарок 1 комплет (чаршав, јорганче тенко, оградици и нз уште нешто) и планирам да си стојат оградиците или без нив, ќе видам, да купам повеќе чаршави и покривањето по потреба - со тенко ќебенце, пеленка, вреќичка..
За бебе најпрактична е вреќичка. Откако почна да ср врти синко купив вреќичка и најубво. Преку зима знам дека не му се голи рацете. Постелнини сет јас немам, само оградици и бел чаршав со ластик за душек.
Убаво е се од Тила. Јас имам летни ќебенца памучни од таму и панделки за на коса за бебе, за поклон имам земено јакничка за на дожд и баш им се бендиса.
Ти пишала Софија веќе Иначе јас сум презадоволна многу убави работи има а и квалитетни се...и од кебенцата сум презадоволна, вреќа купив ама не ја искористив иако е потенка жешко е сеуште таа за на есен ќе кажам каква е
Дали е неопходно аспиратор за носе уште веднаш? И ако да, дали е доволно тоа со пумпица за почеток или да земам од тие со цревце со уста што усисавам? Читам дека по потреба се капнува физиолошки раствор и со кивање може само да ги исфрли. За папочето што точно ми треба?
Кај малава првиот месец не и беше потребно, вторниот на доктор и го чистеа, пошо ми рекоја сама со физиолошки ( цело шише го туриваат во носе и паѓа се) не е препорачливо. Со аспираторче покасно почнавме и тоа со пумпица мислам дека ништо не вчечи. За попоче јас ништо не употребував, гледав само да и остане суво и само си падна.
Купив пред да се породам, но не сум го употребила ниту еднаш. Долго време му крчеше носето, но ми рекоа дека ќе се среди и навистина му помина тоа. Не сум му влечела со ништо засега. За папочето во Ремедика ми кажаа само со алкохол на чепкалка за уши додека падне, а после плус прашок Банеацин неколку дена.
Аспиратор не ти е одма потребен јас имам од чико за влечење со уста еве скоро 4 месеци не сум го употребила сеуште или ги вади со кивање или со чепкалка за уши натопена со физиолошки му ги вадам.. За папочето користев банеоцин прашак и алкохол од ко падна а претходно само го тапкав со крпата да е суво ако го наводеневме дури го капев..
И јас имам купебо аспиратор а еве скоро 11 месеци има бебе,не сум го употребила Не купувај За папоче користев алкохол 70%, хидроген, банеоцин и стерилни гази за чистење
@Izzy_0504 Да се коригирам, сега ми текна кога ја прочитав Софија. Додека не падна папочето, памук завиткан во стерилна газичка и на тоа ставав алкохол за да го поминам папочето, а не со чепкалка. Откако падна, тогаш со стапче за уши натопено со алкохол и Бенеацин на крај.
Јас користев аспиратор добри 6 месеци. Веднаш ми беше потребен. А и сега го користам ако има нешто. За папоче алкохол, стерилни гази и банеоцин ставав.
Јас го имам истиот. Супер е. До 7 месеци максимално го искористивме. И повеќе ќе го користевме, ама почна да се исправа и не сакаше повеќе да седи врзана, па го спакувавме.
Здраво. Кога почнавте со перење и пеглање на облеката, постелнината, тетра пелените? Откако влеговте во 9 ти месец или претходно ви беше спремно?
Една недела пред 9ти؛ Да се исперат па пеглаат што не е брзо затоа што се минијатури а и ќе ти биде тешко седењето подолго време؛ Мене барем тртникот почнуваше да ме заболува па пауза и во 2- 3дена завршив؛
Јас од нетрпение во 36-та недела се исправ и испеглав и торбицата за на болница ми беше спремна а се породив 41 недела Јас од тила купив мислам и онлајн можиш да порачаш..