Јас од бејби.ко порачувам, и летни и зимски, одлични се за цената. Во тила беа 1800 некаде, овде 500 летни а зимски не паметам, 700 мислам дека. Две се доволни, пак ке си порачам зимски.
Јас ти препорачувам пред да влезеш во 9ти да не ве изненади. Јас дента кога почнав со перење и пеглање (мајка ми ми помагаше за среќа) се породив изненадно инаку бев 36+5. Едноставно на мали му се брзаше изгледа, а немаше никаков знак дека ќе се пораѓам. Плус се потешко станува.
А за новороденче ги користеше или подоцна? Пошто и јас сакам да користам вреќичка, ама за дома сакам летна пошто топол ни е станот во зима, ќе се звруќи во зимска. Ама големи (долги) ми изгледаат многу и пак ќе може да крене нозе и да си ја префрли преку глава, а тоа е најголема причина зошто не сакам со ќебе да го покривам...
И јас се мислев за вреќа. Ама па си викам кога е ептен мало ќе нема сила да го поткрене јорганчето па ќе купам понатаму ако треба. Од блискиве што ми се со деца немаат никој користено...
Пред да влезеш во 9 е убаво се да ти е спремно. Јас неколку дена пред да се породам среќа исправ и испеглав се. Мислев дека ми е рано да ја спремам торбицата , ама се случи да се породам пред време во 34 недела. Така да подобро спремни си порано ќе ти биде полесно и физички а и психички да знаеш дека се ти е под контрола...
Па мислам дека на 2 3 месеци почнав, без ракави. Прво со пелена го покривав ама почна да се шета по кревет. Потоа во летна вреќичка и потоа залади и зимска купив. Инаку вреќичките си имаат броеви и да ти кажам дека се баш долги. Ама вреќа е, не може лесно да ја префрли. Мене ми е посигурна вреќа од кебе.
Можеби немаат, ама и цената нема допирна точка. Овие се 500, од тила 1750. Од 3500 до 1000 има разлика. Плус за лето ти требаат најтенки што може, од тила се подебели. На кого какви му одговараат нека си купи.
Така е секој си знај како му одговара ама во лето реално не ни има потреба од вреќа..на 28-30 степени да туткам дете јок..цело лето го преспа по боди и покриен со тетра која најчесто беше истуркана..
Овие вреќички се горе долу како тетра дебели. Синко спие во ромпер или боди и вреќичка. Во куќа сме и не е толку жешко. Јас обавезно сум покриена, барем на половината. Кога е жешко пуштаме клима од друга соба и спиеме со отворени врати. Не му е жешко, кога е жешко се буди. Не ми се даваат 3500 за вреќички за спиење, тоа е се.
И мене не ми се даваат 3.500 ама па ние сме моментално кај мајка ми и немаме клима овде и затоа и не сум имала потреба од вреќичка..цело лето беше жешко преку ноќ па така спиеше...како и да е скапи се да ама квалитетни се и само една купив можи ќе ја користам можи и не оти ќе завршиме со реновирање па ќе имаме парно и во спална..
А за зима ми требаат подебели од тие на тила, и зимски земав лани од овие што ставив линк и задоволна сум. Перени на 60 и во сушара сушени не мрднаа.
Кој број зеде? Ги гледав и јас, сакав две да земам, но немам претстава за големините. Какви се со дебелината?
Супер ко така јас ја купив онака оти на изглед ме бендиса а и материјалот е пријатен моми бема би да ја искористам ама нека стои 74-ка или 80-ка не сум сигурна баш а ја вакумирав и неможам да видам..иначе дебелината мене ми одговараше оти нема да сме во ладна соба ќе ја загреваме е сега тебе зависи што ти треба...да си ги видиш во живо најубаво оти па и не се евтини како што дискутираме со мила..
Од кога ме примија на болница. Тогаш мајка ми се фати да пере и да пегла. Искрено не гледам поента предходно да е се спремно, кога за 3 дена те пуштаат од болница, за тоа време се ќе ти спремат дома тогаш чисто. Само торбицата твоја нека ти биде спремна и на мажот ако во случај учествува.