Ги гледав тука и овие, треба само да излезам да купам. Секако во сакам само првиот месец да биде така. Благодарам на сите
Можеби, мојава до 4 месец не се мрдаше, како ја легмував така ја наоѓав,уствари 5 почна да се врти на страна сама.
На страна и синко подоцна почна да се врти. Или пример кога го оставав во дневна, каде е закосен креветот, не мрдаше. Ама во креветче го оставав право, на средина, а го наоѓав со главата допрен до решетки т. е. до оградица, сосема извртен долу кај нозете итн.
Јас вакво кремаво од Би имав, само не му ја ставав главата внатре Секако е мало, и да сакаш не може да го користиш кога ќе потпорасне.
Мислам дека за релаксатор и не треба некое искуство. Се зависи од бебето дали ќе сака да седи во него. Ние имавме со вибрации, мелодии, нишање, па беба сакаше само да лежи, од нишкање плАчеше,за такаа да знаев ќе си земев поевтин. За следно здравје ќе купам од тие што кога мрда бебето, само си се нишка.
Персил сензитив е најубав. Од бебе па до сега,2год го користам за малата. И за бебе пак него ќе си го купувам
Кога ќе се роди бебе верувај за на почеток не ти треба имаш време.. Пробај земи некој позејми да видис дали ќе сака бебе, нишај го ти.. Јас позејмив ножен јас сама да го лулам и сакаше не се лутеше, па после 40 дена му порачав од локо кроко, еве слика и задоволни сме барем лежи се лула има мала брзина плус музика и можам еден ручек да направам раат.. Ако несака да седи џабе ќе фрлаш толку пари а ќе ти остани
33 недела сум и сакам барем нешто најосновно да купам за почеток. Ми треба искрено мислење за следните типови на креветчиња, кое е најпрактично, најисплатливо и најправилно да се купи со оглед на тоа што тотално различни модели се.
Ги имам сите, првото ни е за кога патоваме некаде на викенд, второто за дома, третото го имав кога беше новороденче. Најудобро секако ти е второто, првото е транспортно како што кажав го користам само кога одиме некаде, според мене не е за нон стоп, третото ако имаш место за почеток ти е топ, не можиш повеќе одн2-3 месеци да го користиш ама за денски дремки и да го носиш секаде е практично, уствари ако има колца, пошо гледам на сликава нема.
Овие како последното мислам помали се и не можеш да ги користиш за поголемко бебе, па би било подобро да земеш креветче со стандард големина. Јас земав дрвено зошто ми беше поубаво, ама мајка ми купи за кај нејзе кога сме транспортно и можам да кажам попрактично е, душек можеш апсолутно каков сакаш да си ставиш па од аспект на удобност нема да имаш мака. Подобро е транспортно според мене затоа што моево бебе многу се заглавува во решетките на дрвеното и се мава понекогаш кога ќе се џитне на дрвото и плаче (ова кога ќе пркне малце) . Плус не ми се нишка креветчето и утка голема ми е. А транспортново ем има проток на воздух , ем е меко и нема кај да се заглави бебе. Е не е толку убаво според мене, ама поекономично и попрактично дефинитивно е.
Тоа дека е меко на оградите и може да послужи како игрална се сложувам ама мене некако ептен ми се клати на второ ниво, бебе цело го дрма. За решетките, спас е ограда, јас имам плетенка ама сега ќе земам ограда пошо бебе се удира ама фала Богу не плачит.
Имам оградица јас, ама нели некои не ја препорачуваат од безбедносни причини.. Секое креветче си има мани и недостатоци, затоа и ги има толку на пазарот. Транспортново е супер и за игрална, ако си го купиш на акција како нас топ е хаха. Можеби тие поскапите се поцврсти и издржливи, не знам. Секако има повеќе намени. А дрвеново креветче мене ми е утка искрено, ама тоа е. Кога ќе биде поголемо поубаво ќе си спие во него.
Последното е најнеисплатливо. Лулка се користи до 5 месеци, преку сила 6. Разлика меѓу дрвено и транспортно е во цврстината. Скоро сите имаат две нивоа, душек каков купиш, тоа е друг избор. Јас имав лулка, сега синко спие во мое креветче кое е префарбано. Имам и транспортно, ама без нивоа, ниско е и не е толку цврсто. 6000 го купив, со душече на преклопување и постелнина, не е многу цврсто. Јас го купив како игрална.
Ние се одлучивме за дрвено, на две нивоа, земавме и душече и постелнина со оградици, ама за почеток мислам дека нема да има потреба да се стават оградиците. Внук ми спие на дрвено сеуште, а има 4 години.
Фала многу Феминки. Денес ќе одиме Сити Мол па да видам таму што има. Мене и гнездата ми се свиѓаат многу доколку сакам во дневна соба да лежи на гарнитурата или сл...
Во Бебе хоум продавницата што им е во аеродром е многу поголема и имаат повеќе креветчиња изложени додека во сити мол имаа само 1 изложени. Посетете си ја и таа во аеродром
Јас без гнездо поминав. Се мислев ама ми се виде непотребно за толку кратко време. Брзо се израснува. Каде и да лежи бебуш ке си ставиш тетра и ке лежи. Ти ако сакаш купи си, ама имај на ум дека повеќе за на слика е убаво, не е нешто неопходно.