Што сè е потребно за новороденче?

Дискусија во 'Бебе' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.538
    Пол:
    Женски
    Гнездата во Енци Менци се супер, маста му ја извадивме на нашето, една од најискористените работи ми е откако е роден. Ми се допаѓа што подлогата каде што лежи е потврда во однос на сите други што ги гледав.
    Малиов има 4 месеци и уште го користи, го одврзав делот долу и се рашири.
    Креветче имам две монтажни и сум задоволна. Мрда малиот, се тегне, со раце, нозе, глава, газе мава во краевите и нема гајле. Сега баш купив за во викендица уште едно, имаше попуст во Енци Менци, за 3100 го зедов и плус душек.
    За дома имам друго монтажно, одбрав модел со едната страна да му се спушта за да се спои со креветот од спалната.
    Мене ептен мерак ми беше да земам некое што до 6 месеци се користи, но се премислив и не згрешив.
    Според мене, монтажно е најпрактично.
     
    На Vojdana и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  2. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    2.642
    Пол:
    Женски
    Ние купивме дрвено од бебесупермаркет со тркалца за да мозам да го поместувам и да се нишка؛ Не ти е лошо да видиш таму има мн убави работи и секакви креветчиња а се поефтини од енци менци и бебеХоме؛ Јас се одлучив за дрвено бидејќи е поиздрзливо о моземе да го користиме до поголемо дете؛ Гнездо земав од Ело дизајнот им е преубав башка големко е и доле мозес да го откопчаш да биде пошироко؛ Нз колку ќе седи али со оглед на тоа дека ќе сум сама без помош само од мм а тој работи ќе ја учам да лези па ќе видиме؛
     
    На Vojdana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    9.344
    Пол:
    Женски
    Каков топломер би ми препорачале за бебе?
     
  4. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Во Бебе Хоме се нешто поголеми креветчињата, некој си сантим и ако земеш од таму, ќе мора и од кај нив душек, не стандарден. Се мислев јас, среќа не земав, зашто креветчето од енци менци (како и сите дрвени со стандардна големина 120 на 60) таман, кнап што се вика, влегува низ врата со тркалца (го преместувам навака натака, од една во друга соба), а да земев од бебе хоме немаше да го собере низ врата. Така да, мој совет ти е да внимаваш на тоа кога ќе одбираш.
     
    На Vojdana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Јас купив од бебе хоум креветче и е стандард 120на60 и душеците што ги продаваат се стандард величина. Само што купив од симпо душек дека веќе имаме искуство со нив.
    Се си е во ред... никој во продавница не ни спомна димензија поголема од стандардна на тие што ги гледавме.
     
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.501
    Ние го земавме од енци менци најефтиното дрвеното 6900 и супер е намерно го земавме без механизам за спуштање на ограда..таа се спушта али со штрафови понатака за бебе кога ќе биде поголемо да не може само да го отвара и душек исто од таму 3690 мислам беше мене многу ми се свиѓа само уште бебе да спие во него :rofl:
     
    На ..barbie.., Vojdana и Milkiway им се допаѓа ова.
  7. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Јас кога прашував ми кажаа дека на пали креветчињата се 124 на 64 внатрешни димензии. Душекот дали ти е од крај до крај? Инаку имаат душеци и 120 на 60 и 124 на 64, а помалите може да се стават и на поголемо креветче, само ќе има луфта, а тоа не се препорачува.
     
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Да по димензии самиов кребет е 120на60 внатре и со душекот од симпо. Нема луфта
    Секако и ја планирав душек од кај нив бев против симпо ептен дека внук ми го користеше и да не одам на нешто ново.
     
    На ..barbie.. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.200
    Пол:
    Женски
    (y)
    Ејјј немаш мука со Симпо! Ќе видиш дека е прав избор :)
    6та година го користам, не е мрднат!
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    И ние го земавме истото душече, по препорака од сестра ми.
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.443
    Допаѓања:
    8.827
    Пол:
    Женски
    Јас го земав тоа Пали креветчето од бебехоум со надворешни димензии 140х70 и душек исто од кај нив, ама услов за тоа креветче е да имаш простор дома, не е баш соодветно за мал простор. И тие стандардните дрвени што се се 10цм помали во димензиите ама некад во просторот и 10цм менуваат. Го земавме за да може да спие и поголемко кога ќе е. Гледав тркалца да има зошто не ми е наместено скроз доближано до кревет па да можам да си го доближам ноќе за спиење.
    Бирајте креветчиња според потребите и просторот, а според мене најважно е душек убав да има.
     
    На ..barbie.. му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    И мене многу ми се допаднаа и решена бев за такво, ама среќа во последен момент се одлучив за креветче од енци, иако тогаш ништо не ми значеше димензијата. Кога го монтиравме и кнап влезе низ врата, сфатив дека ќе имам проблем, макар еден сантим да е поголемо. Затоа и така ја посоветував @Vojdana , да внимава на димензиите.
     
    На Lovebug01 и Vojdana им се допаѓа ова.
  13. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Моето е од помалите на пали.
    Посекако кај мене немам кај да го возам. Во спална морам да го монтирам зошто вратата ни е мала од спална (facepalm)

    @Vojdana Да имав простор и соба за бебе би купила оние дрвени што се прават после во детски кревет во Бејби Блу ги продаваат на Лорето мислам беа. Ама бејби блу ја затворија во сити мол сега негде била кај поинт ретаил парк бутел
     
    На Vojdana, ..barbie.. и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  14. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.017
    Допаѓања:
    25.676
    Пол:
    Женски
    Епа оградиците за помало као не се добри, ако нели со главчето се турне во нив, а не знае да се тргне,ај сега Нина нека не се залепи до нив и нека не и одговара, ми се чини ќе ги растрга хаха. Нашето дрвено е и со нишкање ама што ако кога ѕверов мирен не седи ни секунд, и ние го зедовме транспортното на акција, супер е за преку викенд ама ете кога почна на коленици да стои и да се клати,на среде ноќ гледам се клацкаше со си креветче.
     
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.367
    Допаѓања:
    18.589
    Обичен живин или со што и да е внатре :)
    Не безконтактен,не дигитален. Не точни се за цел степен.
    Сега беше болен малиот со тт, живиниот најточно покажа, другиве пониска тт. Џабе мерат по капии во фабрики , отидовме кај мм на работа со безконтактен му измери 36.6 доаѓаме дома 37.8
    Малце ќе се помачиш ама 5мин ќр најдеш занимација.
    Додека е помало уште полесно е мерењето,јас мерев после секоја вакцина,од 2м навака.
     
    На Kitten, Larahappy и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  16. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Живин
    Прашував педијатар како е најдобро да мерам температура на бебе ми кажа дека со живин е најточно, 3-5минути под пазуви придржувајќи му го рачето да не мрда
     
  17. Jana87

    Jana87 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2016
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    6.406
    Пол:
    Женски
    Живин е најточен, бесконтактен е најпрактичен. Додека е помало и не мрда и со живин можеш понатаму е мачно...јас имам бесконтактен microlife и супер е баш е практичен и доколку се следат упатствата како да се мери точен е. Доколку купувате бесконтактен земете microlife или geratherm.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    2.236
    @Snowflake97 Постариот син додека беше бебче му меревме со живин ќе му држиш рачето и ќе се измери за 5минутки. После кога почна да мрда и да не сака да седи така купивме Gerarherm. Еве го преку 5години ни тера супер. Некогаш сомнителна бројка ќе ми дал и напоредно со живин сум мерела и секогаш исто, ретко некогаш +/- 1 децимал разлика.Само редовно батерии менување и си тера без проблем.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Како би се турнало во оградиците? За која возраст мислиш?
     
  20. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Каде можам да најдам Торбица/Ранец за на количка?
    Со количката што ја купивме не доаѓаше торбица во пакет па да набавам со време.