Јас земав од андреј компани, ранец е што може да се закачи на количка а не се скапи до кај 1500 ден максимум
И јас барам исто. Гледав има во енци менци ама над 2000 ден се. На страната на фб на TucTuc and friends има ама не сум прашала која е цената. Има и една друга страна на фб и на инстаграм М&М Shop Mk има убави ранчиња ама не знам кај имаат продавница да ги видам во живо какви се. Ќе ставам слика тука како изгледаат. Во Локо Кроко, Крш да видиш сигурно има, и по другиве продавници.
Јас купив од овие ММ и се супер. Само онлине се, немаат продавница, јас нарачав два - за мене и другарка и топ се. По 1.350 беа пред 2 месеци, ваљда уште се толку
@Milkiway Еве го мојот ранец конкретно. Има рачки горе да се носи како ташна, има опција да се носи како ранец, а на втората слика тие црните што ги држам се за закачување на количка - се ставаат и вадат по потреба. Термос материјал е тој дел напред што е за шишенца. Во големиот отвор нема дел со термос материјал, но има доста џебови. Димензиите се: 30x20x45
Фала ти. Изгледа доста квалитетно. Мислам дека добро ќе служи, ќе видиме Веќе е спакуван и спремен за во болница
Стандардни бои се, ако сакаш нешто пошаренко или со дизајн немаше такви мислам крем црни сиви плави тие беа само повеќе типови имаше, можеш кај нив на фб да видиш да не одиш џабе
Јас планирав во една торба се, но ко што гледам со толку пакетчиња улошки нема да ме собере па веројатно ќе поделам во 2
И јас планирам се во една да ставам ако ме собере. А колку пакетчиња влошки ќе носиш, јас колку што читав по темите 3 биле доволни па дури и останувале?
Не знаев каде да го сместам прашањево, извинете за off topic. Личност во фамилија е во рана бременост, ме интересира дали може да и’ се купува нешто за бебето или уште е рано? Јас сум нетрпелива и сакам од ќеиф да и’ дадам барем некое мало подароче: боди, капче или чорапчиња во неутрална боја. Некоја книга поврзана со бебе и бременост, радосница...? Не сме баш блиски, па затоа и не знам како ќе реагира на ова. Не сакам да се најдеме и двете во незгодна ситуација. Мене лично би ми било драго за вакво изненадување, ама ме интересира и ваше мислење и видување.
Мое лично размислување: Почекај да помине 12та недела 3 мес пред са подариш нешто. Бидејќи е сепак рано. Имаш супер книги за бременост и мене лично баш ќе ми беше мило некој да се сетеше да ми подареше книга. А понатаму, здравје за повојница можеш да си подариш облека Бар ја вака би постапила
Па пошто ќе се пораѓам во приватна, не земам за бебето ништо освен неколку тетра пелени. Таму ги облекуваат, нивни пелени користат, нивно млеко итн. За мене ставив 1 пакување вир влошки (иако мислам дека таму ќе ми дадат), влажни, градник за доење, влошки за гради и несесер со ствари за лична хигиена. Се тоа собира во ранецот. За излегување облека за бебето и за мене ќе донесе мм дента кога ќе нѐ пуштат дома
Книга е добар подарок. Радосници повеќето даваат, мене три ми дадоа откако се породив, а си имав порачано да ми направат и на тие што ми ги дадоа и ден денес не знам што да им правам. Ако не ја познаваш, не знаеш дали на пример не сака да купува ништо до одреден месец од бременоста. Можеби сака само таа да си купува, можеби е суеверна и сл. За не толку блиски не би брзала со подарување.
Зависи колкава торбица имаш,јас ставив се во една. Алиштата за бебе и за тебе за излегување ќе ти ги донесат накнадно, нема потреба да ги носиш од почеток. Исто така накнадно може да ви донесат се' што ќе ви затреба
Еднобојни преубави има, види на енци менци страната. Се познава и поквалитетен материјал на сликите. Ама затоа па и цените им се соленки, по 3 и пол илјадарки