Па и јас толку 3 мислам да земам ако фалат ќе ми донесат, и некои 15тина пелени мислев незнам дали е доволно
Ако не сте блиски не купувај ништо. Има толку суеверни луѓе, може да бидеш лошо сфатена. Многу бремени жени не купуваат ништо пред да се породат, така да јас би си седела на страна. Зависи дали сте природно или царски. Јас носев 2 ама потрошив 5 или 6. Памперси исто, царски 5 6 дена се, по мин 6 пелени на ден.
Се надевам на природно ако не се искомплицира нешто, па ако фалат мислам може да ни донесат дополнително мислам а за пелени тогаш да земам 20тина за 3 дена доволно би биле? Или да купам од најмалине пакување незнаѓ колку се? Јас земав памперс премиум 54 што се ама многу е цело да го носам
Јас не би купила ништо, штом не ти е многу блиска. Ако веќе толку сакаш да купиш, почекај барем кога ќе е 4ти, 5ти месец можеш некоја книга за бременост, дневник за трудници, или нешто ситно за бебе-боди, капче. Јас сум се радувала толку многу за други и сум купувала пошо стварно е убав гест, зборам на блиски, е сега кога сум јас трудна никој ништо не ми подари. Па си викам што сум се трескала од земја и возбуда, будала сум била. Некои ги нема ни да се јават да прашаат како сум. Сфаќам дека не вреди да се замарам со други кога секој си го тера својот пат прво. Се распишав оф топик ама морав да се испукам.
Малите пакувања се изгор скапи. 250 300 е мало пакување памперс премиум. Извади си 20 памперси, ако ти треба ке ти донесат. Ти посакувам природен пораѓај.
И јас многу се израдував кога дознав, ми беше мило како за свое. Сметам дека е убав гест тоа што сакам да сум вклучена во ова патешествие и да и’ дадам нешто, ама па од друга страна не сакам да претерувам. Убаво една членка кажа погоре, можда е суеверна (а 90% мислам дека е) - да не си ставам во здрава нога трн. И не сакам ни многу да ја прашувам што-како, да не испадне дека и’ се наметнувам или се мешам. А и ни сама не кажува многу, само преку други дознавам информации. Во право си за тоа дека секој си гледа за себе. Ние ќе се испозараме за други и на крај нема да ни се возврати.
Мојот е ваков, порачан од Лотус-М преку фб , во Струмица се наоѓаат, 1000ден плус достава 130ден. Мислам дека може да се јавиш и да порачаш 071314384 не мора преку фб
Феминки ние одбравме креветче. Можеби е рано сеуште, 33-та недела сум ама осеќам веќе тежина во нозете и колковите и не можам да се влечам по продавници многу. Бевме неделата во Енци Менци и го одбрав ова креветче со помош на вработената таму- Кошта 9990 денари, значи средна цена во однос на останатите таму. Душек земавме околу 2000 денари и ми ја дадоа оваа постелнина гратис. Таа кошта 2690 ден. Се мислевме и за транспортно креветче. Вработената рече најубаво да ги имаме двете, ама ќе земеме понатаму и такво обавезно. Значи за 200 евра ми се фати све комплет. Нарачав и кадичка 640 денари обична. Све останато НЕ планирам од Енци Менци да купувам, а за креветче пошто ми е најважно некако од таму имав најголема доверба...
Зошто не? Ние многу работи купивме од таму Количка со транспортер, кадичка со постоље,подлога за пресоблекување, седиште за во кола и еден куп тракатанци. Сега и трицикл од таму сакаме да купиме
E таму сум ги гледала, истите ранци се на Kikaboo и во Андреј компани. @Vojdana ич не е рано, јас во 26та недела купив и количка и креветче Супер избор си направила.
Здраво мајки, едно прашање, кумовите се понудија да ни купат релаксатори, па ме интересира од кои сте задоволни и нормално да се со пристапна цена?! Ви благодарам однапред на сите
Мене ич не ми се погоди. Цело ко расклатено е, ич не е стабилно. Користено е вкупно 3 пати, а мрда ко да го јавале слонови.
Наубавото креветче Еве го до мене,мали е 3 год и уште си спие во него. Со среќа да си го користите ! Јас си земав и преносно , си го ставив во дневна и таму си спиеше преку ден. А и ми се најде за одмори/патувања ептен. Можеш да си земеш и такво. И двете душечиња ни се од енци менци, супер се погодени со зимска и летна страна.