Да не не ви се добро стегнати штрафовите при монтирањето? Кај нас дури и со едната страна извадена одлично "се држи"
Купив Авент стаклено шишенце за почеток, намалено беше во ДМ и ајде реков за почеток нека биде такво, па ќе видиме понатаму како ќе биде може ќе го земам и тоа на Томи Типи со цевчето антиколик. Тоа го планирав ама ајде реков едно стаклено нека има. Е сега, ако треба да купам рачна пумпа, дали има само пумпа да се продава без шишенце? Досега мислам се што видов беше пумпа со шише комплет.
количка мораш да ја погледнеш во живо , слика и на лице место е скроз различно .. јас сите што ги гледав на слика и ми се допагаа кога отидов во живо видов дека се шив промашај лит матрејал , расклатени и тешки за возење
Дали е неопходно стерилизатор? Се одлучив да не купувам сега за сега, да видам прво да се роди бебе како ќе биде со доење. Купив едно шишенце стаклено на Авент да имам за почеток, за секој случај. Како стерилизирате вие што немате стерилизатор? Во вода ги вриете или во микробранова? Друго што сакам да прашам е за гаќи за мене. Не знам како ќе биде породувањето, но треба ли да си набавам труднички гаќи за после пораѓај? Засега ми се ок обични, 8ми месец сум, но нема да бидат соодветни за после ппраѓај зашто некои се многу плитки.
Потполно се согласувам. Вака на слика абе крцкаат од убавина, ти се чини поубави нема да најдеш за тие пари,дури и ќе си речеш што има да фрлам џабе за поскапа колочка ко за ич пари ќе си купам ваква, ама не е тоа тоа. Прво материјалот гледај да е добар, да не се искине,издрпа,излити. Потоа какви се гумите дали се пластика или се гумени со можност за пумпање,па дали е пракрична и лесно склоплива,дали е тешка и сл. Значи едно е на интернет друго е во живо, па доколку имаш време одвои за да си одбереш на лице место, верувај нема да зажалиш после каква и да одбереш.
Не е неопходен, ако не ти се планирани пари за тоа, почекај. Електричен е 3000, а за во микро јас не би купила. Корисен е, не дека не, ама не е нужен. Јас доев и ми се наоѓаше за цуцли, шишиња, пумпа. Ако бебето е на ад, стерилизатор ке ти го олесни секојдневието.
Јас стерилизирав во готвач на пареа. И шишиња и лажички и цуцли... Што знам според мене не е неопходен. Ке го свариш во тенџере шишето или во машина за садови на повисока температура ке го миеш. Но доколку е на ад нема да можеш да постигнеш со едно шише тогаш ке купиш повејќе шишенца и ке ги менуваш со вриење или миење во машина. А за гаќи и сега користам без раб. Ке купиш само бројче поголемо. За царски ти кажувам а за природен порајѓај мислам нема потреба од поразлични од тие што си ги имаш.
@Lovebug01 земав долен веш со висок струк дека ќе бидам царски. Од стружанка. Имам три од претходно купено и сега уште два си земав да имам повеќе. 110ден се парче.
Здраво. Каде можам да најдам бесконтактен топломер microlife? Во ниедна аптека на Еурофарм го нема и не знаат дали воопшто ќе го добијат. Исто така, ме интересира каде можам да најдам бесконтактен топломер geratherm и дали сте задоволни од истиот? За тој на microlife од блиски луѓе имам добиено препорака, а за на geratherm една членка имаше пишано дека е добар, па да замолам дополнителни искуства да споделите. Благодарам.
Сите други што ми ги понудија по аптеките се кинески и кога прашував дали се ок, продавачките креваат раменици и ми викаат немаат гаранција. Ако користиш и си задоволна од некоја друга фирма бесконтактен топломер, би ти била благодарна да ми препорачаш.
Ме замисливте за топломериве. Тоа немам набавено дали ми треба за од прв ден? И нели има со цуцла топломер што мери тие нели се подобри од бесконтактни?
Добро е дома да имаш од прв ден за недај боже, знае нас прворотките да не фати паника во тие моменти па да не трчаш во сред ноќ.
И што е најдобро? Јас на бесконтактниве не им верувам многу а гледам сите ги купуваат. Дали има некој од некоја цуцла со топломер задоволни? Некако цуцлите ми се поверодостојни може грешам
Мене бесконтактниот ми се најде од прв ден, мерев вода за ад, водата за капење, малиов го мерев од страв да не се прегрее бидејќи немав осет со облеката. И кога спие, може да го мериш без да се разбуди или да осети. Ако видев сомнителна температура, секако ќе го мерев и со живин, но за среќа досега немало потреба. Овој од Микролајф го тестирав на мене. Ми покажа 36,4 и во исто време живиниот покажа 36,6.