Имав живин топломер и синко со рака ми го бутна, се скрши и од тогаш страв ми е таков да користам. Сега имам дигитален ама не се точни, а тој не седи мирен на раат да му измериш, се бориме кога мериме
Јас обичен живин си купив по препорака од тука од членките, плус и во аптека кога прашав ми рекоа дека е најточен живиниот само треба да му го држиш ти додека мериш.
Не се живини обичните топломери со некоја течност се полни , слободно зимајте нема жива внатре .. За старт се добри , ама како расте многу полесно ќе ви е со безконтактен , има многу добри фирми и точни се .. Поголеми коа ќе се и отпор и се ќе ви пружат , нема мирни да седат , за ноќе безконтакт. е погодок , мериш без да те сете , не будиш не гњавиш ..
Никој ли не користите цуцла за мерење температура? Гледав ама не знаев за од кога ми треба мислев понатака не знам зошто... Ве молам препорака за некоја цуцла за мерење температура.
Не сум сигурна ама на гоогле сигурнo ќе најдиш точно инфо кога ги повлекоа од продажба живините , ама сигурно беше пред повеќе од 5г .. Зафркната е живата те сваќам баш затоа и не се произведуваат повеќе .. Мислам дека од сите можни начини , цуцлите баш може да те зафркнат и неточно да покажат , ама нека каже некој ако има колку се точни , а ако неќе цуцле како ќе мериш Земи си безконтактен и ќе ти сe најде многу , баш ко што кажа Оли за се .. Види разгледај искуства кои се добри , јас имам ама од герм е мојот на Браун ( ептен задоволна ) ама незн дали го има тука , со обичниот ретко и премерувам а го имам , и дигитален обичен имам тоа па жива глупост ми е ептен неточен на Гератерм а го зeмав пред да се породам со првото и одма го кренав , го земаме безконтакт. за на чело и увце e , ама секогаш во увце и мерам ретко на чело ..
Знам, јас и тој, пред 2 години се чудев како го има... Ај може ќе си купам и јас бесконтактен да си ги скратам маките
Ќе гледам баш би земала и цуцла и бесконтактен за да имам 2 опции за спореба. Со живин и мене како @K7M10J ми е ептен страв од тие работи. Ама на сам почеток може. За цуцлето на внук ми сме му ставале ќе му ја пикнеш ќе се зацица и немало утка до сега. Само не можеме да се сетиме која цуцла сме ја користеле...
Моево не сака цуцла, ја плука, многу тешко фаќа и корне плаче ако му ставам во уста, па претпоставувам дека нема да можам да му измерам така. Не дека не побарав да купам, сакав да пробам. Немаше таму каде што прашав и баталив. Најлесно ми е вака, иако понекогаш премногу мрда и нема шанси ни со бесконтактниов да му измерам
Не ја сака таа за мерење или воопшто цуцла не користите? Не те разбрав... Колку месеци сте? Извини вака ама од љубопитство се распрашувам се сакам да знам
Ама знајш дека секое бебе е своја приказна нели , не се ослонувај до детал како тие биле и ти се исто дека ќе си , Вие ќе си имате др ред др навики , ќе видиш здравје .. А цуцлите знаат да зезнат и те како ° Може да не сака уопште да фате , ќе а плука ке вреска ° Формата на цуцлата може да не му одг а ти упорно пикаш ( ко јас 2м и пикав она плукни ја пикај она вреска ) а она несакала таква форма ° Ако даваш секојдневно цуцле на старт може и пр со доење ти направе .. °Ако несака цуцле а има темп оно плаче ти пикаш уште поеќе ќе е топло и нема точно ти покаже И мн мн др примери има , затоа ти викам не очекувај мн од тие цуцли , а и не се нешто нај актуелни , и да земиш и да а сака да а цуца , ќе порасне ќе мора со обичен топломер ● За внуци и ја мислев ќе е се исто ко со моите внучиња што ги гледав , ама споредба ќерка ми внуците , блага врска немат , оваа мојата ко од џунгла излезена е
Воопшто не сака цуцла во уста, никогаш не сакал, само цице сака да цуца, па не би можело да му се измери на тој начин. За десетина дена ќе прави 5 месеци. Едит. Сум пробала со секаква цуцла, се изнакупував море каучук као најмека, ваква силиконска, онаква, од разни фирми и џабе, не сака.
Да да јасно ми е не може да е секое исто во секој случај. Ама ако не пробаш ќе мислиш дека не може а може ќе си прифати. Ајде времето ќе каже битно добро што прочитав ја тоа скроз го заборајв дека ќе ми треба
Цуцлата топломер е ок ако бебко прифаќа цуцла ако не џабе ќе го купиш.Рачунај 1 минута треба да е во уста цуцето.
Јас купив од Алиекспрес, точна е. Сега скоро беше болен, еднаш ќе ја прифатеше,другиот пат не. Сега е 11м,кога беше помал претходно кога сум мерела секогаш ја прифаќал, така да за почеток ќе ти се најде. Нарачај си ја од али дупло поефтина е од тука
Има и живин топломер, а има и со галиум и се безбедни, малку се поскапи од живините. Кој може да си дозволи безконтактен купувајте и не се мислете, ептен врши работа за бебе (особено кога ќе почне да мрда едвај и со овој му мерам), за вода за бањање, за млеко, температура во соба и сл. Особено за неискусни мајки топло го препорачувам.
Мајки јас се што купив не користам, да не зборам за алиштенцата како ги имам утнато тоа бројчињата само две три точни друго се големко беше... и две блузичиња таман како за прва недела од вајкики што убави ама од толку ќејф ги купив а без надворешни копченца не ги ни облековме а немаше ни кој да ни ги облече (во главчето ) а исто и еве смешка со кико пумпица за измолзување и шишенца од томи типи (не знам ни како се викаа ) од инает ги користев поради за џабе лупање пари -Сепак купете си што си сакате искуството е само ваше ❤❤❤