Барам ама не можам да најдам :/. Те молам ако имаш можност пушти ми принт скрин или селер или било што за да ја најдам полесно. Ако имаш уште вакви предлози од Али што ти користеле а се поисплатливи препорачај
Zdravo mamicki naskoro ke imame nov clen vo semejstvoto pa treba da pocnam so podgotovki za bebusko. Me interesira sto se e potrebno za mene i bebeto za vo bolnica i za doma sto mi preporacuvate da kupam koi raboti se neophodni
Најпрво честитки! Со лесно да си ја износиш бременоста и со убаво да си го дочекаш бебуш Темава е прилично опширна.. Јас би ти препорачала да си излисташ наназад (јас почнав негде од 50-та) и да си прочиташ кој што како пишувал.. има доста корисни совети, листи и сл. што ќе те насочат. После се ако имаш некое прашање за нешто конкретно, ти стоиме на располагање
Јас сум 28недела, и веќе од вчера завчера почнав со купување за бебко. Термин ни е 24 декември, имаме време но од мерак почнав да купувам. Земав 3 пара шпикозни,6пара чорапчиња,2 комплети со све внатре(капче ракавичло лигавче панталончиња и блузичка. Едниот ми е 50ка за од болница се мислам да не биде мало..а дригите све се по 56ка. И боди бенкица 3 земав 56ка со копченца. Бенкица земав со чорапчиња и марамче идеа во сет заедно. Полека полека ке купуваме по малце. Зашто и онака се осеќам тешко и уморно и само гледам да легнам, во 9ти тешко дека ке движам баш
До сега не ми текнало, пишав во тема бременост, еве и тука, случајно да не не прочита некој Обавезно пресоблекувална да си купите да си ја спасите кичмата.
Потпишувам ! Еднаш на брзина ај на кревет да го преслечам со мои 28г не можев да се исправам се укочив и 3 дена со гелови мм ме мачкаше Бетер од баба...
Кај нас дека не спие во креветче седнувам на кревет и на креветчето го пресоблакам еднаш наведната го пресоблакав и се фатив во кичмата како тебе
Здраво мајки, ако е можно пак да ја активираме темава, некој да сподели искуство со што го изнесе бебчето од болница? Термин ми е 10 декември. Тоа што спремив е, боди по долги, шпихозни плишани дебели, боди по кратки и бенкица тенка (ставив и боди по кратки и бенкица, затоа што ми изгледаат многу работи и не знам како сѐ ќе успеат да му облечат, а бенкицата е од оние ептен тенки нежни на преклоп само што се). Дополнително ќе носам и скафандер и ќебе. За од болница до кола и кола до дома планирав во корпата од количка (позаштитена ми е од транспортерот/затворена). Колку комолицирано ќе ми биде за прво излегување да го префрлам од корпа во транспортер за возењето само? За крај, од облека сѐ што пишав имам спремно x2, just in case да не се помочка додека го пресоблекуваат, па да има резерва (да не претерувам!?). Tnx однапред
Најдобро земи боди по долги. Бенкиче носев и јас, ама не и го облекоа. И корпата од количката не ти треба, од болница до кола и од кола до дома е буквално 2 минути, јас дури ни скафандер не би зела. Стави си бебе во транспортер покриено со ќебе, ништо нема да му биде. Немаш потреба ни за резервна облека, сестрите толку брзо ги преслекуваат бебињата, нема да има време да се помочка
Носи боди со долги и шпикозни, капче памучно и ќебе. Скафандер за во транспортер не е, а и дупло облека не ти е потребна. Сите ги изнесуваме од болница со транспортер, во кола го зацврстуваш убаво со каиши според упатство и си тргнувате за дома. Верувај дека сигурно нема да ти е пријатно тазе породена да се препотуваш додека го префрлиш од корпа во транспортер, во кола и нема многу место за маневрирање. Не си комплицирај со вади-ставај.
Првото ми беше зимно бебче во Фебруари родено. Го изнесов боди по долги, доле тенки чорапчиња, одозгора шпикозни внатрешно памучни надворешно како плишани ( али не беа мн дебели, како сега што гледам дека има), на главче памучно капче. И одозгора покриено со ќебенце.
Јас па џабе имам пресоблекувална ич не ја користам, си го ставам на кревет и си седнувам и така го пресоблекувам. Така наведната неколку пати го соблеков и после не можев да се исправам.
Гардеробата може за бебето и соптугот да ти ја донесе дента кога ќе си одите. Јас се породив во државна и така напраив за да не ја пикам во мојата торба. Исто се сложувам дека доволно ти е транспортер зашто едвај ќе влезеш во кола (ако се породиш природно и имаш епизиотомија) и не ти требаат многу префрлувања. Покриј си бебе со ќебенце, капче и одма во кола, не ти треба скафандер, мн кратко ќе биде изложено на ладно. И да не ти треба резервна облека затоа што нема да ти ги измоча алиштенцата, може само пеленката
Мене најмногу страв ми беше ладно да не му биде, од страна триста совети ова носи тоа носи и скафандер земав, али ајде тој ќе го користиме за прошетка јануари здравје капче, ракавици, па и хулахопки и чорапи тоа се ќе има па што ќе му облечат оставам на нив, тие и така не фаќаат многу место фалаа
Како што си ти облечена така и тоа плус ќебе ќе му ставиш Транспортерот е како да носи дебела јакна и тоа рачунај