@Mariangel во темата за перниџи за трудници/доење имаш подетално искуство на повеќе членки. Лично мене ми помогна; за спиење помалце, за доење многу, уште во болница ми ја донесе мм и така се доевме, плус кога малце порасна го ставав бебе да лежи на стомак преку неа, а сега ми служи како заштита кога ми спие на спална да не се преврти. @NewMommy практични се подлогите но доколку е вишок трошок можеш на некое шкафче или работна маса да ставиш дупло ќебе и одозгора прекривка што не пропушта од страна ќе ти стојат пелени, креми, влажни... Ќе импровизираш, а истата функција да ти ја врши.
Mila jas ja najdov na 50% popust i si ja kupiv mnogu eftino i sega si spijam na nea Mnogu mi e udobna, i da ne mi sluzhi za doenje mi pomaga vo spienjeto barem..
Ете баш ми е мило ако уште од сега ти помага, инаку сега за прво дете трошокот е малце поголем, ама па доста од тие работи се и за второ, трето дете, како кревет, количка, транспортер, кадичка за бањање....
Јекодерм и Hipp млеко за тело, Хип сеуште чат пат го мачкам и со Хип шампон го бањам бидејки убави критики даде @Biodevojka за Хип, а јекодермот само тогаш на почеток, после прочитав дека и не е нешто добар по состав... ама па и не го користев веќе кога прочитав
Mamicki ako moze da pise nekoja sto treba i kolku kolicinski za pocetok da imame za bebo? od peleni, obleka itn. za letno (juli) bebe
Моето е јулско бебе. Облека: најмногу користевме бодиња, топло беше и по цел ден само во боди (ама зборам многу топло) и земи едно 5-6-7 од најмалите затоа што се случува пелената да протече, да поврати, па ќе ти требаат. Другото беше лесна памучна гардероба, кратки панталончиња, шорцеви... Хеланки тенки ќе ти се најдат, лесни тренерчиња. За спиење спиеше во боди и вреќичка. Пелени за почеток зами мало пакетче бр 1 па ќе видиш ако му се мали ќе земеш 2 или ќе продолжиш со 1. Само не прави големи залихи од најмалите броеви затоа што брзо ги расте.
Јас кај и да е ќе правам список што да се купи за почеток. Моето бебе ќе биде летно. Некоја поискусна мама да ми помогне, до сега немам ништо купено освен неколку бодиња на кратки, не сум многу упатена тука читам милион мислења кој што купил и главава ми е во хаос Од друга страна незнам дали потенки работи по кратки или по долги сепак лето ќе е нели но бебињата немаат циркулација на почетокот па си викам да не му биде ладно во кратки, а иако е лето обично по дома ни е свежо и тоа без клима пуштена. Незнам ни какво креветче, количка, шишиња цуцли има толку многу видови посебно на шишиња и цуцли некам да купам нешто што после нема да сака да го користи и така џабе да ми стои, а и воопшто не се разбирам те силиконска цуцла те незнам каква вакво шише такво шише Од др страна па не е само тоа во прашање има уште многу работи ситници. Сакам се да ми е спремно и да имам залихи не само за првите месец два туку и за после тоа да не трчам по продавници со мало бебе. Незнам ни некоја продавничка освен Анжи и Локо кроко (до душа незнам ни каде се наоѓа ), знам и во стружанка има некои работи. А за пелени да не збориме планирам памперс но има толку многу видови и бројчиња. А допрва треба и торба за во болница да се купува и што да се понесе за таму, иако уште незнам кај ќе се пораѓам најверојатно гак Знам дека глупо звучам ама тазе мама ќе бидам верувам дека сите на почеток се многу збунети.
Secret Уживаj душичке чим бебчето ке е летно бебе не се грижи толку преку ден лесна облека може и по боди на куси ракави надоле чорапчина ,навечер секако ке го облекуваш со еден слоj нема да го наоружаш Не бери гаjле кога ке го имаш во раце по тебе ке осекаш дали му е ладно, ке го фатиш во внатрешноста на бодито од внатре ако е топло на кожичка значи е таман ,ладно ке го облечиш, да гледаш по раце не мора да значи ладни раце и нозе да му е ладно има некои така им се постоjано како на моето дете секогаш нозете ладни од бебе таква еве три години е пак и се такви , количка обавезно ,памперси да купуваш многу не ,на почеток до 5-6 кг се сама ке гледаш како расти така и работите,млеко за тело павловичева ,за папчето потребното,чим е летно дете мерак ,тие што се веке во зима е друго,моето е летно го помина цело време во лесни фустанчина и навечер папучки на нозе,се ке биди супер ,цуцле ке видиш спрема градите како ке ти бидат после родбата ако се мали пупки мала цуцла а поголема тогаш повисока цуцла има разни,широк повоj не ни ти препорачала да ставаш не само што ке го рашири детето во колкови,ко ке потпорасни ке се нервира ,jас ги користев си jа покривав дека лето и лесна прекривка идеше преку ден навечер е секогаш друго облечени аутан имав земено за да не ми jа каснуваат комарците општо навика на мене ставав и на неа ,корито можеш поголемо секако ке си го држиш детенцето и капиш и седната да си битно ке уживаш,коритото понатаму ке ти се наjди , лето е се знае кога е потопло полесна облека зависи до време. Фустанче некое со петличина jaс од хим имав купено со петлици мн лесно и облекував и шеширче и имав купено за надвор не jа носев во жешко само низ дома климата пуштена темп да топли на лето е ладно од камен е првиот спрат и баш таму и седевме,беше супер надвор пожешко но за бебе под сенка кога е мн топло е таман ,во креветче заспиваше и пуштав ут за да спие бебешка музика раат,не и ставав капа додатно да се поти, од болница само и ставив капче онака после гледав се поти косичката и беше водена и фрлив и капи и ракавички се под спална не слушав никого лето беше капа нараквички да не сеизгребала безвеза кога првиот месец и вториот сами се кршат ноктината пре меки се, секоjа маjка наjдобро си знае за своето дете ,така и ти за твоето кога ке доjди чуството.
Немаш потреба од залихи воопшто.Не гледам причина зошто и со бебе да не шеташ подоцна особено што кажуваш дека налето ке се роди здравје. Купи си основни и НАЈ потребни раб.Се се докупува. -креветче и постелнини барем две.Бирај квалитет и памук,шарата не е битна.Да може да се пере и на висока Т .Бебе е ке де помочка,ке поврати...и тенко кебенце ноќите знаат да бидат ладни за бебе и преку лето.Јас тие оградици за кревет не ги сакам.Не дозволуваат воздухот да стриу во креветчето.Демек мало бебе знаело да се врти па ке се чукнело -памперс купи само за во болница бројка 1.Од како ке видиш колкаво ке е и дали на кожата ке му пријат ке докупиш или ке смениш со друга марка.Бебињата за месец дена може да скокнат од единица на број два -кадичка за бањање од прв ден ке ти треба.Со ногарки за да не се наведнуваш дур го бањаш -шише доволно е едно за не дај боже да треба да го дохрануваш.Стаклено за да можеш да го вриеш.Пластиката пушта отррови.Повеќе шишиња џабе ке ти се бебето не пие ни сок ни чаеви. -бодиња не земај од нај најмалите.Ке се зезнеш.За 3-4 недели ке ги пополни ке мора нови да купуваш.Имај и по долги тенки и нешто на кратки(незнаеш какво лето ке имаме),чорапчиња,памучно капче,бањарче,памучни шпихозни на копчиња меѓу нозе(има и со долги и кратки).Вчера прочитав тука шорц за новороденче.Сериозно сте?Фустани,шорцеви на 3 кила мевце и 40 степени жешко? -количка по желба(јас НИКАКВА не исористив )џабе дадов пари. -транспортер обавезно заради безбедностс на бебо Други ситници потребни:топломер,прибор за нокти,прибор за дезинфекција на папокот,цуцла силиконска,за тебе крема за брадавици,чај за доилки(имај си за секој случај). Првите месеци бебето не спие на перница,не разбира од играчки.Релаксатор ние купивме и го продадов не седеше ни пет мин.Кенгур можеш да земеш понатака.Лигавчиња исто првите три месеци не ти требаат.Тек од како ке почне оралната фаза Тоа е она што моментално ми текна .Јас пелени не купував не користев.Дали вие ке треба повој да носите здравје ке каже докторот. Јас во сити мол се купував.Анжи бев во тетово мн натрунтано беше и не купив ништо. Други прашања имаш?
убаво ти пишале феминките од горе само ќе ги надополнам купи си подлога за креветчето и за пресоблакање не се скапи 120-150 ден се, јас немав првите денови и додека да му смениме пелена на синко тој се измочал на кебенцето, на прекривката под него на се.....мене подлогите многу ми се најдоа првите месеци
Леле се прoнaјдoв вo целиoт текст сaмo разликатс е штo јaс здравје зa две требa дa се спремам,здравје да биде се oк нa oвoј преглед ке купувaм пo нешто
Јас имам уште 1 недела и пол до терминот, за почеток купив: 1. Бодиња на преклоп со кратки и долги ракави 2. Бодиња без преклоп, малку поголеми пошто малечките ќе ги одрасти за две недели 3. Неколку шпихозни со долги ракави и неколку со кратки (во различни големини) 4. Ѕиврички со стапалца 5. Чорапчиња + капчиња (2-3, за надвор ако е посвежо) 6. Ќебенца две, едно многу нежничко како со топчиња и едно подебелко малку за во студени ноќи, плус имам неколку пелени од оние во комплетите за новороденчиња што ги ставаат 7. Тетра пелени (не планирам среде лето широк повој да му ставам ама ќе се најдат за друго, практични се) 8. Бањарчиња две 9. Непропустливи подлоги за пресоблекување 10. Непропустлива навлака за душечето на креветчето 11. Засега имам една постелнина со оградици за креветчето, една без оградици и неколку долни чаршавчиња, а ќе земам уште една или две со оградици за да ги менувам Помагала: 1. Количка + транспортер 2. Креветче 3. Кадичка + сталажа 4. Пластично бокалче за плакнење со гумиран дел за да не му се удира главчето кога ќе го миеме 5. Термометар за вода 6. Шише стаклено (Томи Типи), малечко 7. Две цуцли лажалки (Чико) од каучук (сите ми рекоа дека се помеки и поголеми се шансите да ги сака) 8. Пумпица за носето Плус: 1. Персил прашок за бебешка облека 2. Чико омекнувач 3. Еуцерин сапунче 4. Маст Јекодерм (за почеток) 4. Крема Бепантен 5. Сет за дезинфекција на папоче 6. Памперс пелени 1 7. Бекутан влажни марамици 8. Павловичева маст (Др. Павлович) Ми остана уште да купам: 1. Прибор за нокти 2. Четка за коса 3. Козметика од Мустела 4. Релаксатор 5. Вртелешка за на креветче 6. Јонизатор ..... И сигурно уште неколку работи ќе ми требаат ама не можам да се сетам сега За мене купив: 1. Градник за доење 2. Крема за брадавици на Медела 3. Удобни и големи гаќички за првите денови 4. Влошки 5. Пижами со копчиња за полесно доење 6. Средство за дезинфекција на раце 7. Влажни марамици 8. Сапун, четка, паста за во болница Засега тоа е се, ако нешто плус ми затреба нахнадно ќе се купи, но мислам дека најважните работи се опфатени..
Здраво мамички. Мене ме интересира што се ми е потребно за бебето. “6та недела сум, па мислам дека треба да подготвам се што ми треба за него. За сечење на нокти, топломер, од тие хигиенски работи, пудри што треба се да имам? Дали може некој од вас детално да ми пише што се м и треба. Многу сум возбудена и преплашена, ова ми е прва бременост. Од облека,чорапчиња се имам,креветче, количка, пелени, само тоа не знам од тие пудри и масти не се разбирам што да земам и што ќе ми треба. Имајте убав ден сите
Мила, ако добро разбрав.. Ако си 6-та недела од бременоста рано е да мислиш што ќе ти биде потребно за кога ќе се роди бебето. Уживај сега во бременоста, нема поубаво чувство. Поздрав
@Milla989, за децата користам шампон Бекутан и сапунче Бекутан. Со купки не ги бањам. Со сапунче ми е поубаво да ги бањам. Помалиот го мачкам со крема Продерм. После секое бањање и после секое менување на пелени. Треба да си имаш шампонче, купка, сапунче, крема (на мене Продерм ми помага и за црвенило). Немам посебна крема за црвенило. За црвенило можеш да купиш пудра, хиперманган или некоја крема наменета само за црвенила. Ќе ти требаат и влажни марамици, топломер (јас имам дигитален), ноктарица, За почеток доволно е тоа. Капки за коски и за грчеви откако ќе ти се роди бебето. Имаш време за купување. Ти препорачувам да не купуваш однапред. Јас си купив се што треба недела пред да се породам.
Mislam rano ti e za podgotovki, a i kozmetikata za 8m moze rok da i projde ako ja kupis uste sega mislam nema potreba uste sega kako sto ti kaza i feminkata pogore, uzivaj vo bremenosta i so lesno