Ич да не слушаш други, следи си го твојот инстинкт, мајка секогаш знае најдобро за своето дете. Јас да слушав ќе требање на 30 плус надвор да и облакам капа, хулахопки и чорапи ама инат бев и терав по мое
Чекај зашто си наведната ? Подлогата на повисоко треба да ти биде ставена, да си има свое место, ти само застануваш пред неа, ставаш бебе пред тебе и пресоблакаш. Седната јас се укочувам не па да се наведнам.
Мајки на зимски бебиња, дали да купувам бодиња по кратки или по долги ракави за под шпихозни? Сакам да порачам од tiny baby shop ама не знам дали да земам по долги или по кратки ракави?
Јас сега за шетање му облакам боди на кратки и дуксерка одозгора 2м има. Немаш штета од 2 3 во тритекс купив многу убави
Какви сакаш такви можеш да си земеш, јас почесто му облекувам со кратки ракави, и одозгора плус дали блузиче или шпихозни.
Јас за бебуш (9 дена денес) облакам боди по кратки и одозгора шпихозна. За после бањање облакам по долги боди и шпихозна, исто и за излегување (на педијатар сега кога ќе го носам). Иначе и двете по долги, ми се свруќуваше, на почеток така кога го облакав (дека и во болница така беа облечени цело време) и онака беше поспано едвај се будиме за цицање, уште плус натунтано со облека..
Иначе на тину бабу се преубави и боди и шпихозни, нарачав еднаш, плус си донарачав втор пат, меки, памучни, удобни..
За под шпихозни боди по кратки или на прерамки. Општо го облакам нагоре едно по долги, едно по кратки. Ако е бодито по долги, одозгора памучно елече или некоја маица по кратки ( брат му во мај е роден па имам малецки маици ). Ако е бодито по кратки одозгора по долги. Некогаш ако ни е потопло само по боди по долги е. Гледај да е на преклоп или да има нитни кај раменцата за полесно облекување
Боди се закопчува доле под пелената, а бенкица е тенко горно како поткошулче со долги ракави на преклоп. Попрактично е боди.
Моето е родено октомври, и за дома и за надвор користев пп кратки,за под блуза. А боди по долги, само боди без шпихозни или блуза, користам по дома зимно време за спиење или за преку ден кога е посвежо.
Јас го облекувам боди по долги, 2 тетра пелени, ѕивриња,уште едни долни памучни пантоломчиња, а нагоре блузе со закопчување. Вака за дома на 22 степени.
Широк повој ставам за формирање на колковите. Да му се оформат убаво јадрата. Препорака од ортопед ми е ова, до 3 месеци. По контрола ако треба повеќе и повеќе ќе носи.
Здраво девојки влагам во 32 недела ,немам ништо купено за бебето ќе сака ли некој да ми објасни што најпрвин ќе ми треба од облека и општо ,а исто и за мене лично пред пораѓај што треба да си понесам за во болница ☺️
Јас на 21 степен ми е или по фолги без доле ништо само со ќебе покриен за спиење а за преку ден тенки памучни панталони без чорапи доле дури некогаш и му смета по долги па по кратки седи
Јас ќе докупам на кратки боди оти имам неколку на долги од големава,во станот е пекол не се дише и немам намера по дома на долги да облекувам под шпихозни,а за надвор може.
Има куп списоци на темава, разлистај. Скратено, за први три недели од облека за бебе ке ти требаат најмалку 6 пара шпихозни и уште толку бодиња со кратки. Наместо шпихозни можеш и дводелни комплети. Ако се без ногавици и чорапи. Капа за надвор ке ти треба. 5 тетра пелени ке се доста. 2 бањарки. Ама зависи колку често ке пушташ машина. Може да бљуцне а само што си го облекла. Не трупај пошто ги надраснуваат за месец дена горе доле. Ти треба козметика за бањање корито, креветче, транспортер, кебе или скафандер, за дома кебе или вреќа за спиење. Ти треба и д3 витамин, можеби и капки за грчеви. Топломер. Што друго те интересира?