Во подфорумот Бременост има тема за тоа што носат во болница жениве и види што ти одговара во зависност од тоа каде ќе се пораѓаш. Најубавиот дел од бременоста ми беше запишување што треба за бебето и купувањето. Мој совет е да земеш лист и пенкало, подели на три дела: аптека, крупни работи и облека. Отвори ја темава од 50-та страна и почни да читаш, најмалку 10 списоци има и коментари што да се доземе и што да се исфрли од списоците. Како купував, така чкртав од список, баш ми беше забавно. Пробај, најдобро е така.
Зависи кај се породуваш ама ВЛОШКИ т.е пелени за тебе еден куп, маст за брадавици, воодааа многу водааа, лабело оти пука устата, папучи, спаваќа со копчиња за полесно доење, влажни марамици, шампоно т.р се за хигиена, ластиче за коса. За бебе, пелени мисчам даваат секаде, мозилка некаде даваа некаде не, за излегување од болница ќе си одбериш сама и тоа е тоа. Може и некој сендвич после пород оти реално не јадиш воопшто за време на пораѓај.
Моето е само по шпикозна памучна за спиење нит чорапи ни ништо и прозор во дневна на кипање 23ст Не знам дали имаш момче ама ако да скрати ќе му ги зовриеш тестисите може да има проблем понатака со плодност ова од доктор уролог ми е кажано.
Апсолутно така! Мада и женско да е не треба да се спурува толку и плус се ограничуваат движењата на бебето, како гипсирсно е...
За во болница за бебето само памперс треба твој да си носиш друго ништо, а за тебе се за лична хигиена, четка, паста за заби, сапун. Спаваќа таму ќе ти дадат немора твоја да носиш. За бебе за почеток највеќе бодиња ќе ти требаат, имај 2-3 комплетчиња 50ки тие ептен за првите две недели за бебето да не е како партал, после тоа 56ки ќе ти требаат, по 5 работи доста ќе ти се, пример дводелни комплетчиња 5, шпихозни 5 и така ама бодиња имај си повеќе.
Хмм зависи, беба се роди 51цм и 50ка број имав среќа едно комплетче кое еднак и го кладов и толку, втор пат ме моеше, а тое што се раѓаат по 53-54 цм сигурно не ќе ги облечат 50ка. Затоа мислам додека не се роди да не се претерува пошо не знаеш дали ќе родиш ситно бебенце или крупно. 56ка исто се носи месец дена, после тоа тешко дека ќе влезе како што кажав ако е на пример како моево шо беше. @macufkam за од болница имај као две спремни и тоа што ќе е потточно тоа облечи, а за дома мој совет наоружај се со тетра пелени и лигавчиња.
Се согласувам со тебе јас изнакупив 50ки еднаш едвај ги облече некои ниеднаш. 56 ни нецел месец, плус за тазе мама многу полесно е малку поголемко ако е за полесно за облекување да е на почетокот додека се влезе во шема
Кај мене се роди точно 50цм, и јас така имав само една 50ка, па кога го облекував во други како партал беше бебе, да ти е жал да го гледаш, сега кога ги гледам сликите од првите недели како плива во алиштата незгодно ми паѓа дури.
Моево се роди 50, па 50ките и беа таман 1 месец. Значи да не и виси ништо и да е стокмено убаво. Во 56 беше ко во вреќа!
И обичниот памперс е добар. Првото пакување од овој памперс ми беше после тоа продолжив со обичниот. На крај користев и на слипи и тие беа добри.
Најдобар, пробав неколку типови ама овој е најдобар, и најскап. И бејби лов се супер, имај ги на ум. Земи едно пакување, секогаш може да има осип или лоша реакција па да треба да смениш. Плус дали две три недели ке ја користиш оваа бројка.