Јас земав пред некој ден од Mothercare од рамстор, 210 ден 5 во пакување на попуст, регуларна цена 290 денари.
Во аптеката во Ремедика земав, по 20 беа во пакување. Меки, само мрежа тенка, а бе мерак. Кога се породив, таму ми даваа такви и многу ми се допаднаа. Само не знам дали само таму има такви или ги има и на друго место. Ако си во можност да одиш, обавезно да земеш од нив. И откако се породив, дома носев такви бидејќи ме нервираа обични. Тие во Енци Менци што ги зедов врска немаа со овие, беа нерастегливи, крути, никакви.
Девојки што мислите за овој сетов шишиња на TommееTippее? Знам индивидуално е дали ќе ги прифати бебе или не, имам време до пораѓај, секако сакам и ќе форсираме доење, но си викам да сме спремни со едно шише барем. Овој сет ептен добра цена ми има некако што знам. Или предлог од која фирма да се набави за новороденче шише, цуцла...
Јас сум многу задоволна, пробав авент, лансинох, мам, само томи топи ги прифати. И за второво планирам истиот сет да го земам.
Јас го имав, само во сина боја. Максимум шишињата ги искористив, а цуцлите лажливки беа џабе, не ги прифати.
Благодарам девојки, ќе го земеме и ние за почеток, ептен исплатливо ми изгледа. Полека да се спремаме.@0ли @mamaJana
Синко авент натурал прифати, а лажалка на мам по 10 мин. Не се лажи по број на шишиња, ако не ги сака, ке ти стојат така. Синко не ја сакаше цуцлата на чико.
И јас планирам Томи Типи да земам, е сега лажливка имаат една нова им е изгледа,или барем ја немаше додека работев, ми изгледа за разлика од другите баш како цуцлата на шишенцето.Ја има некој пробано?Баш облик на града има.Ја има во еурофарм гледам.
Се мислев да земам ама се одлучив за мам од 0+ како пеперутка што е и воопшто не се зезнав. Многу е битно да е мала цуцлата а повеќето се големи и или им паѓа или се дават. И дадов друга, томи типи ама е дупло поголема и и паѓаше и пак се врстив на мам. Поскапи се, околу 300ден ама се the best. Шише нз, јас купив авент ама еднаш сум го искористила затоа што дојам, ама цуцлата е како мајчина града и не тече само млеко. Земи си едно да видиш дали ќе го прифати па после други. Реално ако доип не ти требаат одма и толку, а таа цена е оддамна.
Се надевам ќе дојдам, ама едно шишенце и лажливка викам да си имам не се знае,мораме на се да сме спремни
Да не ве тагнувам поединечно Јас користиев антиколик томи типи тие со цевче внатре и цуцлата томи типи до кај 2ипол месеци и бидејќи повеќе на ад беше стварно немавме голема мака со грчеви. Дали беше до шише којзнае. После продолжив со авент стаклени и пластични бидејќи се полесни за оддржување. Овие на томи типи по неколку користења течеа одозгора дури пиеше многу ме нервираа и плус тешки беа дури ги измиеш сите делчиња ќе ти се стужи
Значи подобро што не сум купила од тие со цевче. А криво ми беше што не ги пробав. И другите се антиколик, не ми протекле никогаш, а за миење немаат многу делови. Над 8 месеци ги користам, баш сега купував поголеми од новите со панди и бувчиња. Ни моето немаше мака со грчеви, не знам дали е до шишињата или такво си беше бебето.
Јас од тебе мислам за томи типи разбрав и стварно и ја не знам дали беше до детето или играа улога шишенцава. Ама не беа некои кузнај какви грчеви се трпеше Само тоа им е маана едвај чекав да ги баталам сега на авент преминав
Кај нас нема такви еластични пелени за повивање барем јас не најдов. Сосем е безбедно затоа што се повиваат само рацете, колковите обавезно се слободни, како прв совет го добив за помирно спиење од педијатар, и нема врска машко женско за повивање, правилото е исто колкови и нозе да се слободни, добро е за додека ги надминат вродените рефлекси со кои се удираат, се плашат и будат