Читај упатства и препораки од производител, на чашки за поголеми деца сум гледала дека може, на шишињата нук што најдолго ги користевме пишуваше да не се перат во машина за да не се оштети пластиката од јаките средства за машинско перење садови. Цуцли дефинитивно не, ем не се мрсни од храна, се стерилизираат за 10мин со вриење или стерилизатор
Pa ke si baram dishwasher safe togas Mene nekako sekogas mi e poisprano vo masina nego na raka baska polesno. Imam od najmalite masini i ic ne mi e problem samo so niv da ja pustam da izvrti na program od pola saat i plus stelirizarot za sekoj slucaj. Sekako so mrsni sadvoi u kombinacija ne bi ja pustala
Како изгледа повивање само на раце, а колкови слободни? Имаш некое видео како пример? Со раширени нозе треба да спијат, па затоа @kukla21 цело време повторува дека не треба да се повиваат поради колковите.
Да не копирам линкови зашто има премногу, а и различни техники на повивање, пиши baby swaddle на Youtube и ќе ги видиш, апсолутно слободни колкови практикуваат, само на нашиве простори се повивало како фишек (за да биле прави коските), повивањево што ќе го видиш на видеата е нешто што во многу земји е пракса до 3месеци па и повеќе и никогаш не повивале колкови. На бебињата им дава чувство на сигурност освен што им ги ублажува рефлексните движења
Да моите се еластични имам до 6 и за над 6м ама не ми се од тука. Колковите се слободни рацете се повиваат. Сега не толку ама кога ќе беше во скок стај го во тоа во количка и кома за секунда ама ноќе не го оставав ми беше шубе само денскк
Може ли да ми препорачате природна козметика за новороденче? Гледав Weleda, Little Siberica, Lavera и Urtekram. И што е неопходно да се земе? Крема за пеленска регија, гелче за миење, масло за масажа... што друго? Нејќам да претерувам со шлапање. Мислев и органско арганово масло да нарачам, па тоа да го користам и за телце и за лице... Искуства и препораки?
Јас го бањам со веледа не го мачкам ништо на тело после бањање многу му е мека кожата. Правам масажи со масло бекутан и мачкам хип за тело по потреба многу ретко. На лице не ставај ништо почекај ако се појави нешто тогаш ќе купуваш тоа што ти треба. На пример јас земав веледа за лице испадна не одговара се исфрли и сега биодерма мачкам па го смирува. За пелени ставам веледа за пеленска и најкритикуваната павловичева оригинал бидејќи имав проблем кога мачкав само веледа со јако црвенило па павловичева го опрај.
Мајки направив еден список, ќе го напишам и тука. Ве молам корегирајте ме, што да сменам, додадам, одземам. Крупни работи за бебе -количка -транспортер -торба -креветче -душек -кадичка -сталак за кадичка -фиокар/комода -подлога за преслекување -релаксатор -гнездо со тврда подлога -бејби монитор Облека за бебе -две постелнини -бањарче/крпа -15 тетра пелени -5 шведски пелени (освен за широк повој имаат некоја друга улога?) -10 бенкичиња по кратки ракави (56-62) -10 бенкичиња по долги ракави (56-62) -5 шпилхозни (56-62) -5 комплетчиња (0-3м) -10 пара чорапчиња -5 капчиња -5 лигавчиња -еластични пелени за повивање -непропуслива подлога за креветче -ќебенце Ситни работи за бебе -ножичка -четка -чешле -цуцла лажачка -шише -стапчиња за уши -тупфери -стерилни гази -изотоничен раствор за носе -аспирстор -термометар -топломер -хидроген 3% / алкохол 70% -прашок банеоцин / спреј виоплекс -капсули Д3+К1 -купка за капење -лосион за тело -крем за пеленска регија -пелени кец 1 паковање -влажни марамици -кутивче за цуцла лажачка Работи за мама -градници за доење -мрежести гаќи -вур влошки -пумпица за измолзување -силиконски брадавици -ланолин -влошки за гради -крема против стрии Некако многу работи ми се гледаат, сакам по малку да почнам да купувам, барем поголемите работи.
Лично гнездото не би купила веднаш. Никогаш не ми затребало дома седел во количка и релаксатор дури е мало и секако во неговото креветче. Почекај може ќе добиеш и на поклон. Наместо бањарки имам 3 пешкири за бебе одма бришеш и облакаш. 3 се супер да не мораш ббар секој ден машина за перење да пушташ. И мрежа/сунѓер за во кадичка секако од прв ден не ти треба дури не падне папокот ама земи си ја заедно со кадичката.
Гнездото ми е во план за преку ден кога ќе спие бебе во дневната, бидејќи не планирам да го мкнам креветчето низ соби. Или е подобро и преку ден в спална да си спие? Во право си за пешкирите, сигурно се попрактични, ич не помислив. И за сунѓерот не се сетив. Можда и од ова што ми е напишано нема сѐ од почеток да ми е земено, ама горе - долу ориентација што сѐ е потребно. Фала ти.
Нема на што ако ми текне уште нешто ќе ти пишам одма. Инаку бебево од прв ден во креветче ми спие никогаш ов дневна или на спална. Реално стануваат на саат саат ипол за цицање и стави го во креветче можеш раат да јадеш и да се истушираш. Најбезбедно е. И еве го 3м заспива во креветче, валда тоа имало ефект не знам.. Види како ти е позгодно тебе така
Лошо се изразив, не ме сфати. Креветчето планирам да ми биде сместено во спалната соба. Дали е подобро преку ден кога ќе спие да го оставам во креветчето во спалната соба (за да не го влечам креветчето низ соби) или да си земам гнездо за да можам во дневната соба да го легнувам?
Ај сеа мене некој да ми каже што е бенкичка,што шпилхозни(овие се тие целосните?), бодиња знам,ама ова бенкички не го научив...
Користам Веледа од раѓање, презадоволна сум од козметиката. Сè што сум зела, му се погодило. Масло не знам дали е во ред да се мачка толку мало, затвора пори и не би му мачкала. Баш дискутиравме дека куферчињата за почеток се супер, може да побараш од оние со три работи. Дури толку мало не мора ни со купка да се бања, доволно е само со вода, а и нема потреба од шлакање кремови ако си е во ред кожата. За другите колекции немам искуство. На моево кремот за пеленска му е одличен, еднаш мачкам ако се зацрвени и до следно менување пелена му поминува. Помрсен крем за газе почнав подоцна да користам, кога почна почесто да кака од цврста храна, хранливиот крем сосема добро си ја брка работата. Ти како што мислиш дека ќе правиш, така. Зависи како ќе ви дојде, нема правила и зависи како ќе се организирате. Мене гнездото многу ми се најде. Првите денови бевме толку изгубени, што во дневна бевме преселени иако креветче чекаше наместено. Во дневната во гнездо спиеше, до него јас, на другиот крај од гарнитурата мм. Отепани бевме за спиење и само гледавме кога ќе заспие малиот, во истиот момент да затвориме очи и да дремнеме и ние. Мене лично ептен ми се најде гнездото за да не го м'кнам креветчето, немавме желба да сме во спална. Кога малку од малку се прилагодивме, се префрлиме сите таму. Сè зависи од тоа вие како ќе се организирате.
Бенкици се како блузички на преклоп. Шпоикозни се целосни, има со ногавици, без ногавици, летни со куси ракави и ногавици.
И друго нешто ајде вие што се породени, на пример мене термин ми е 28 март, пример боди со долги и некои долепанталончиња/тренерчиња што и да е , а одозгора облекувате ли блузички над бодињата?Ич не знам за облекава
Па да, долу боди и горе или шпикозни или блузичка со пантолони. Мене најлесно ми беше боди на преклоп и шпикозни со копчиња. Откопчуваш долу ако треба да смениш пелена, а и за целосно облекување и соблекување е полесно кога е ептен мало. Мене страв ми беше на почетокот, гледај преку глава да не се облекува облеката ако немаш искуство додека добиеш самодоверба.
По мене следново: Супер е општо листава. Мислам дека ти е доволно за почеток. Јас би додала и такви подлоги за пресоблекување како пелени што се постилаат непропустливи од еднатс страна за врз пресоблекувалната. Друго не ми текнува, супер си покрила се Спремна мама
Фала @Izzy_0504 Да ве прашам уште нешто. Терминот ми е во мај и се двоумам за облеката дали да ја земам повеќе по долги, по кратки ракавчиња или мешано?
Аа и јас не го носам во дневна не ми го собира низ врата седи во спална и го ѕиркам дека спие сум го оствала т.е. и сега он во спална спие или си игра сам во креветче ја во дневна ама станов ми е 2 соби се се слуша. Зависи како ти е кај тебе ама на душече во креветче најубаво сето спиење да го тера.