Истиов го земав, те читав дека си задоволна... можно ли е 3 пати едно по друго различна температура да чита? Еднаш пример 37.5, веднаш потоа 36.7, па 37.1
Се согласувам. Она што за мене е пријатна температура, не е и за бебево. Со хормониве телеснава температура мене ми е за никаде, ми варира доста. И со мм различно излегува дека ни е, за мене ќе е жешка, за него е пријатна и обратно. Понекогаш сум смрзната, а понекогаш вријам. Најсигурно ни беше со термометар за вода да мериме. Не значи дека по секоја цена мора да се има, можеби може да се брцне лакто или рака, но нам многу ни се најде. Температура на што? Кога мерам вода за ад, оди надолу. На чело зависи каде мериш, а двапати едно по друго најверојатно не може баш на исто место да се постави. Но 37,5 па 36,7 е поголема разлика и не ми се случило такво нешто, туку нешто како 37,5 па 37,3 (пример).
На чело. Два пати мерено едно по друго, скоро 1 степен разлика ми покажа во мерењата. Еднаш сум мерела само досега.
Не е мала разликата, не ми се случило досега. Ако нешто ти е сомнително и ти изгледа како да има повишена температура, измери со живин под пазуви.
Ми се има случено ако мрда многу, па да мерам полево или подесно. Кога мерам на средина секогаш точно покажува.
Топломер за вода е добра инвестиција. Имаме од Авент Веќе 9та година скоро како го користиме. Секој различно си одлучува што му треба што не. За нас некои работи се покажаа како непотребни. Ама и многу пак ни се најдоа во секојдневието. За третото имавме купено такво за спиење (гнездо или како и да се вика) Си спие спокојно во него преку ден. Се мислевме за марама или кенгур за носење. Испадна кенгур. Од 3та недела го носам бебе низ дома. Кога е немирен и сака да го држам во раце, го ставам во него и си работам низ дома. За тт имаме дигитален и топломер за ректално мерење. За бебе мерам ректално, најточно ми покажува. За поголемите дечки дигитален. @LivingGlam масло за масажа за стомаче имам од Веледа. Бебе ужива во масажите. Греалка над комодата за повивање е исто потребно. Можам таму убаво да го расоблечам и да не му е ладно сега на овие тт. Ужива да биде гол, си претрка со ноџињата. Стерилизатор и многу шишиња не би купувала од причина што може и да не ви требаат. Ако доите секако. Една супер работа што ја открив за бебе сега е за топење вода за ад млеко е ова грееш вода, ставаш во шишето и со ова добиваш вода спремна за правење млеко. Значи за оние бебиња кои се на ад млеко ова е супер. Не чекаш да се олади млеко додека бебе вришти. Порционер за ад исто супер нешто. Си ги полниш со толку лажичиња колку млеко треба да направиш. Камера или бејбифон може треба може не. За мене се најде. И кога живеевме во станот и сега во куќа од причина што неможел стално да бидеш до бебе додека спие.. Па вака го следиш стално. Сега за сега тоа ми падна на памет што треба се за новороденче.
Јас еднаш мерев со дигитален покажуваше над 38, веднаш потоа со живин ми покажа 37. Степен и пол разлика, многу е. Не знаеш како да се ориентираш
Мене значи многу точно ми мери дигиталниот, баш вчера морав на бебе да мерам. 38 покажа на дигиталниот, 38 на другиот. За сигурно му мерам ректално да знам колку согирно е тт. Зашто секој степен е битен кај бебе.
Јас пак да прашам за топломеров пошо од памет се ваѓам... Исто ли треба да покажува како живин? Прееска мерев на чело на бебе, се над 37 ми покажува дека има, а чело ладно(37.3, 37.0, 37.6...)Мерам одма потоа со живин под пазуви, и тоа 2 пати со ред ми покажува 36.6..Можно ли е да не ми покажува точно?
Со живин немам пробано, прочитај во упатството што пишува, знам со обичните дигитални покажува еден степен повисоко. Кај нас немало проблем досега си покажува точно. До 37.5 е нормална температура кај бебе.
Не сум пробала на мене со живин, ама може и мрда бебе и затоа така различно ми покажува. Беше потопло дома, излуфтирав па си покажа нормална температура, 36.7
Немаше Бивацин прашоче, па ми дадоа Банеоцин, во аптека ми рекоа исто било, користите и вакво? Земав и Јекодерм по препорака на една другарка, на почеток и со тоа знаела да намачка, што мислите, имате користено?
Да, и двете. Прашакот ми помогна за папакот, а Јекодерм го мачкам на лицето пред да се шетаме, супер му го заштитува.
Значи можам и на лице и на тело, супер. Заборавив погоре да прашам, со што ги поминувате работите што ги користите за бебето, или глодалки што ги пика во уста? Постои некое такво сретство, или да си ги мијам најдобро?