Не се ставаат глодалките во стерилизатор. Еднаш ставив од оние со вода што се внатре, трага немаше од глодалката веќе Обавезно читајте во упатство дали е дозволено во стерилизатор. @thelittle17 Бенеоцин користев, истото е. Има сјај од Фрош за бебиња, може да си миеш со него.
Како што напоменав рано е, уште не сум ни земала, ама добра забелешка и совет. Така мене едно лажиче ми се стопи во стерилизаторот
Да, да, прочитав дека му е рано, но никогаш не е рано за совет Оттогаш за сè читам дали се става во стерилизатор.
Немој јекодерм мајка, се става ли таков грд мирис на нежна бебешка кожа? А и што фајде? Топло ти ја препорачувам козметиката на веледа, имаат се, гел, лосион, крем, масло, крема за црвено газе. Мирисот неутрален, бебе си има свој мирис. Има сјај на фрош, имаше и спреј некаков, антибактериски ли беше, не знам, го немам користено. Ама сјајот е супер.
Баш така, мене најдобра инвестиција ми е стерилизаторот. На почетокот ги превривав, фаќаа бигор и навечер многу малтретирање ми беше.
Така е да додадам во стерелизатор ставам само дестилирана вода купувам инаку еднаш стајв обичана одма бигор фаќа
Не постигнува толкава температура машината за садови, барем мојата. Не мораш стерилизатор ако ти е трошок, ќе си превриваш вода и ќе ги попаруваш работите на бебето. Само реално многу е полесно со стерилизатор, си редиш се, го пушташ и готово е за 3 мин. Гледај да си го доиш, па се ќе ти биде полесно, јас само на старт ад давав и мачно ми беше тоа миење, стерилизирање (во стерилизатор) ама сепак ме мрзеше на 3 саати истото да го правам.
Ако имате апарат за готвење на пареа тој ја врши истата функција за стелизирање, едино само што не ги суши.
Јас кога сфаѕив дека ќе сме на ад го земав тој на чико 2500 и супер се погоди дп тогаш кога дохранував со ад ги миев со жешка вода не ги стерелизирав после секое пиење. Сега стерелизирам ептен го имам. Имам 4 шишиња за цел ден па стерелизирам и имам спремно за ноќта и така цели време не ми одзема повеќе од 1 мин да го средам.
За шишиња миење користам од Фрош . Баш треба да земам уште неколку флаши. Исто и од тие сунѓерчиња за шишиња миење. Ги менувам често. Моето е на доење и ад млеко. Значи по потреба давам и ад. На почетокот кога ми надојде млекото имав такви проблеми. Го испратив мм по некои работи. Ми донесе вакви за ладење и затоплување од Лансион. Ме спасуваше насабајле кога ќе ми надојдеше млекото, неморав да се затоплувам со врели крпи или да речам под туш набрзинка. Вака супер се отпуштаа каналите и си течеше млеко. После доење го ставав во фрижидер, за да ја намалам тт.
Ако има бигор, пушти го со јаболков оцет. Како нов ке е. Не е за почеток, а потоа за 3000 ке си олесниш многу. Ни стерилизатор не суши. Си има капки. Само до 24 часа без отварање на капакот се стерилни. Сепак мора да ги извадиш за да се исушат.