Јас со првото немав сталак, ама само што пркна малце под туш го бањав,кога потпорасна корито во када. Едино што ќе земам сега е подлогата за пресоблекување тоа мислам дека на почеток брка работа.
Ние го бањавме со мрежа таа што се оптегнува до кај 3м после стајвме сунѓер од џамбо ама кадата има како испакнат дел доле не е рамна и со суншер не можеме па го купив сталакот од џамбо и супер е. Мене ми беше многу небезбеден ама не мрда.
Од андреј компани ја земав само убабо измери должина на кадичка и мрежа не се оптегнува оваа што ја имам.
Оли и јас го користам сеуште, а знаеш сега баш во каква фаза се станување, вртење, влечење, прскање. Гајле нема.
Се изнапрашував низ форумов за сталаков Згрешив што сум тука толку време, а сталакот не си го зедов, ќе си пукнам. Морам да си го земам следниот пат кога ќе одам за Скопје, греота е неискористен да ми остане, само првите три месеци го користев. А за кичмата си го зедов На земја ја ставаме сега кадичката и едвај го поткревам, ме кине грбот. Штом може подолго да се користи, приоротет ќе има за него место во кола да се најде.
Јас немам со сталак. Ја ставам кадичката на клуб маса и ок е. Сеуште не прска ќерка ми и не е страшно. Кога ќе седи ќе ја ставам на ламинат кадичката
Zavisi od dimenziite i prostorot i samata kadicka. Mojata ima gumirani delovi i ne se lizga,a i pomala e 66cm. Jas mislam deka ke moze vaka ama ne mi e probano
Кога ќе ја бањаш на земја, на ламинатот ставај си нешто водоотпорно. Јас ја ставам подлогата за играње, па прво си играме на земја и како што се затоплува во собата, така му соблекувам облека. И на крај е гол, обожава гол да си поседи Маж носи корито, на земја на подлогата го бањаме и после само ја бришеме водата. Многу ми е полесно откако седи, го плискаме со вода, па со купка, го плакнеме, на крај само главчето му го мијам и спремен е за сушење и галење.
И јас така го бањав пишав горе После во коритото ама пак стоечки. Наполни вода истури вода, особено летно време приберисе од надвор пушти тушот набрзинка.