Јас сум малку трапава, сама често знам да се подлизнам, а со дете плус во раце ми е страв. @0ли постелена ни е подлогата, баш така и ќе направам да не е директно на ламинат кога ќе ја седнувам во кадичката
Јас два пати го бањав во када (коритото во кадата) и директно со тушот. Мајко мила Само станува, се исправа, го влече тушот, ги бута шампоните, паѓа во вода, па се вртеше на стомак со глава во вода... Мислам јас побањата бев. Вториот пат го повлече тушот и многу силно лупна во кадата и дали се исплаши абе кога почна да се дере, да плаче, а тогаш и кај свеки бевме на гости и таа да го исплакни кога почна во лице да го прска, овој не може до воздух да дојде. Ми се урлаше. Тогаш и никогаш повеќе додека не порасне
Извини, ама ме изнасмеа, се пресмеав. Ја замислив ситуацијата и кој хаос било Можеби требало да влезеш во када со него. Ама па тогаш можеби ќе ти се пикаше да цица
Дали овие подлогите за пресоблекување што се продаваат посебно (без комода) се само за на креветче? Или може да ги монтирам на мој фиокарник?
Стабилно е, јас таква подлога ставав над комода и долго време така го пресоблекував. Малечки се, на почеток и не мрдаат многу. После на кревет ја ставав и седната го пресоблекував за да не ме боли грбот исправена.
https://lococroco.com/albero-подлога-за-пресоблекување-8 Јас овие подлоги ги гледав, исто сакам над фиокар да ја ставам, само и мене ме буни дали се прицврстуваат некако или само така седат. Би ми било страв ако не се прицврстуваат мислам.....
Јас имам ваква. Имаат како ногарки се ставаст од страна и не мрда. Јас го ставив над фиокар и ногарките само од едната страна бидејќи ми е подолг фиокарот. Топ е подлогата, дали се измочкала, искакала само бришеш, а да не зборам спас за кичма
Супер штом има нешто за да се прицврсти, и нашиот фиокар е подолг, исто би ја ставила на едниот крај. Фала за информацијата
Ima i vo encimenci slicni i toa se so drvena daska odozdola ne e samo sunger. Ako sakas mozes da go strafis/lepis ili sto i da e ama sekako se poteski i nema mnogu kako da mrda. Duri tie vikaa se stavala nad ogradata od krevetceto ama toa nekako malce nebezbedno mi e ko idea
Мојата подлога е од Енци Менци и ја ставав на едниот дел од комодата. Не ја прицврстив со ништо, ептен е стабилна и нелизгачка, една од најискористените работи ми беше. @CareTee Се плашиш бидејќи немаш претстава дека нема гајле, но ќе видиш кога ќе го пресоблекуваш бебето дека нема гајле. Иако не знам овие од Локо Кроко какви се, претпоставувам сите се горе-долу слични.
Да ги гледав на нет и тие од Енци Менци, иста цена се, ама ако се поцврсти од таму ќе земеме, најубаво да се видат во живо. @0ли верувам многу работи сега ми изгледаат страшни ама се додека не дојде беба и не се соочиме со вистински ситуации се ме плаши.
Така е, сосема разбирам, нормално е тоа. Додека сам не искусиш, за многу работи џабе друг кажува Инаку, не знам дали се разликуваат подлогите, да не ширам дезинформации ако кажам која е подобра. Од Енци Менци зедов бидејќи повеќе работи купував, тогаш почна да се шири вирусиштево и гледав да не се акам бремена по многу продавници. За таа подлога можам да кажам дека е супер, за оваа од Локо Кроко можеби ќе пише некој што има таква. Не би требало да се разликуваат нешто, освен во цена.
јас имам од локо кроко, најголем избор на дезени и најдобра цена имаа од сѐ што видов кога барав. и задоволна сум. само на неа ја пресоблакам, поставена ми е на комода без да ја прицврстам затоа што е стабилна, а иначе доаѓа со штрафови и останати делчиња за прицврстување на елемент или креветче.
Дали ставаш некаква подлпга доле под коритцето? Зошто и јас не планирам да земам сталак, само коритце земавме. Друго прашање, дали ќе ми требаат силиконски брадавици да си земам пред време, или да чекам да видиме понатака?