Фала мајки за инфото, секако планираме и двете подлоги да одиме да ги видиме па ќе одлучиме. И мене не ми се шета по продавници ама доста работи ни требаат па ќе се обидам со некој список на едно одење секаде да завршиме работа, ако успееме.
За силиконските мој совет е да почекаш. Ќе видиш во болница или после кога ќе си дојдете дома. До тогаш можеш да направиш рисрч какви да земеш и кај има за полесно да биде кога ќе му ги нарачаш на маж ти
Не знам кои се подобри медела или нук, или има и некои други кажувајте. И тоа со бројчињата има некаква врска или? Појма немам за вакви силиконски работи. Јас сум со цел список, уште 5-6 работи ми фалат, и тоа вакви ситници, и да почнам да перам и пеглам.
Зедов Медела предвреме и ми останаа скроз нови, не ги искористив, малиот од старт си фати убаво. Кога прашував за бројчињата, има С, М, Л и тоа значело за која возраст се, во смисла големината на дупчињата, а не според големина на градата. За новороденче С бидејќи и нема многу сила за влечење, а како расте, се земаат М и Л ако уште се користат силиконските.
Бројчињата имаат врска. Јас земав медела Ѕ по насока на сестра од неонатална што ми ги виде градите. На нив мислам пишуваше 16мм. Имам мали гради одсекогаш а со тоа и брадивиците ми се мали, ем бебе мало, устиња мали. Инаку дали медела или нук не би знаела да ти кажам кои се подобри. Мене медела ми завршија работа, бебе цицаше без проблем и кога решив да ги тргнам исто продолжи да си цица ама тоа мислам до бебето е повеќе
не знаев за С/М/Л бројчињава, во болница кога ми дадоа да користам ги прашав за величина, ми рекоа 16мм на медела и такви зедов. @thelittle17 дефинитивно не земај однапред, може и да не ти требаат, а не се баш евтини.
По аптеките така ми кажуваа кога се распрашував за да купам. Мислам дека С се 16 mm. Едит. Најверојатно е нешто како цуцли што има 0+, 3+, 6+.
Да, постилам мушама, заради капки да не мокрам на маса. А за силиконски брадавици, пред пораѓај не купив, не планирав да дојам со нив. Дете во болница само со нив фати, и на заминување си купив од нив (од болницата) исти како што користев. М се величина и се на Нук. Без нив не цица моето бебе, сеуште цица со силиконски. Безуспешно ми беше оставањето нивно. Не ми направиле проблем, продолжувам со нив. Мој совет не купувај уште сега, ако треба таму ќе ти кажат па ќе знаеш и какви да земиш.
Мамички ве читам за силиконските брадавици и да искористам да прашам. Како се одредува дали се потребни или не? Јас немам вовлечени брадавици, ама не се и нешто претерано испакнати.
Мене ми се испакнати фати убаво и уште пред пораѓај сакав да купам ама не купив ( секако ништо страшно може и отпосле) некако си знаев дека ќе ми требаат. И стварно во болница при прво влечење ме болеше и одма побарав да ми дадат. Дома веќе не ги ставив се дури не ме разрани на едната града и не можев болка да трпам и доев од таа со силиконска. Во болница беа против да ми дадат но јас си инсистирав. Значи секое искуство е различно. Да се пораѓаш во приватна не купувај, но да се пораѓам во државна и да планирам да дојам би купила ( веројатно во државниве не даваат) Е сега ова е мое искуство се е индивидуално однапред не знаеш ама секако најпаметно е да не купиш и во секој моменѕ некој да ти донесе ако ти требаат ти претходно одбери
Добро те советувала @Milkiway ако се пораѓаш во државно да си купиш за секој случај за во болница. Во приватните даваат немаш потреба да купуваш за таму, а за дома ќе видиш како ќе оди доењето. Јас немав проблем со болни и разранети брадавици, ама имав рамни, малку испакнати, но недоволно за да фати бебе. Во болница така ми кажаа и ми дадоа силиконска. Немав купено претходно, додека бев во болница му кажав на мм да ми купи за дома. Користев првите 2 и пол недели, со тоа што цело време пробував да ги тргнам. Колку-толку ми се извлекоа брадавиците. Што порано престанеш да ги користиш, тоа подобро, зошто ако бебе се научи со нив ќе му биде полесно и може да не сака да фати града.
Девојки каде има убава бебешка облека бр 50 - 56? Најчесто по продавнициве гледам 0-3 (56-62) и такви имам купено. Сакам да измешам од двете големини, да имам опции и за покрупно и поситно бебе. Со првото направив грешка купив скоро се од 0 до 3, а се роди мало па од се докупував помало бројче.
Во ваикики има 50ка, пишува 0м, а имаш и 0-3 и тие се 56ка. И окаиди и картерс имаат, и моделите им се мали, ама скапи се, посебно па тие броеви што се носат еден месец.
50ка имаш пакување од 3 бодиња на долги ракави во Атлантик комерц во Скопјанка. Моето се роди 48цм, си ги износе таман. Не се сеќавам дали имаше на кратки ракави, а и за цената не ми текнува. 50ки најдов во Ваикики шпихозни
Ваикики 0м што пишува е 50ка, а 0-1месец е 52 до 56 јас такво земав, зошто и мене овие 0-3 големи ми се некако за првите денови,50ка викам па ептен мало да не е,затоа 0-1земав нешто...
Ќерка ми се роди 50 цм и имав едни шпикозни од ваикики 0-1 месец, ги носеше 2 недели, 2-3 пати ги облековме. И тоа без широк повој. Совет мој, земете си 56ки барем ќе ги носи подолго.