Па земав едно комплетче за од болница, тие 0-3 како позајмени да не ни бидат,не сакам како во вреќа да е, а после дома веќе ќе менуваме секако ќе надрасне одма
И јас се мислам за од болница 50ка дали да земам? Сакам да му биде точно. Друго купувам 56ки и 62ки, ама мислам 56 ќе му биде големко за од болница. Каде има убави комплети за машки бебиња и со што би го извадила во Јуни? Рано е знам, ама си фантазирам, па ако ми излезе нешто убаво може и да земам уште сега..ептен ме фаќа мерак.
50ка земав комплетче за од болница од Wenice kids, таман беше. Првиот месец точно беше. Има разлика од фирма до фирма, турските шпикозни што ни беа величини 3-6 месеци (62-68 бр) веќе 2 недели има кај што ги спаковав, мали се, а бебе е полни 3 месеци и долго е 62цм. Тие што ми беа за 1-3 месеци од турските веќе вториот месец беа мали. Моментално носам шпикозни 68ки од C&A и тие се кнап веќе. Тритекс боди моментално 62 носиме, а па 62ките од Silvi Style се мали. Од Lupilu бодињата 56ките уште се точни. На фб има една страна Облека за деца и возрасни, носат за деца претежно од George, можеш да начекаш таму некој комплет за од болница. Многу убави работи носат и квалитетни се. За во јуни би го облекла по боди на кратки, шпикозни тенки по долги ракави (може и без ногавички, со чорапчиња), капче за ако е малку поладно (како што знае да биде последниве години) и покриено со муслинска прекривка или тетра пелена.
@Bella_Stella @jarec6 Ако сакате, земете си и број 50, нема потреба да му виси облеката. Имав неколку боди и шпикозни тој број и тамам му беа до кај 4,5 кг. Дома си дојде со 3 кг и баш океј му беа, комотни, а не висеа. Не ги износи сите бидејќи имав земено по повеќе во пакување. Ќе му ја облекувате и кога ќе го носите бебуш на првите контроли. И 4 кг да се родат, секако малку паѓаат на килажа во болница и дома и нема веднаш, но брзо ќе ги надраснат. Ич не сакам да му виси облека. И брзо да ја надрасне, не сакам да плива во неа.
и јас не сум за да виси облеката, без разлика што брзо ја надраснуваат, треба да се има по неколку 50ки за излегување од болница, за првите контроли, генерално за почеток. шпилхозни и панталончиња со ногавички најбрзо ги надраснуваат (за 2 недели во мојот случај), бодињата ги носевме подолго (до пред некој ден). шпилхозните ваикики што се број 50/56 уште ја собираат, во понеделник ќе биде 1 месец. ги цедам максимално последниве неколку дена дека жал ми е кога треба да тргам на страна омалени облеки. мој совет е да се има по 2-3 парчиња 50ка или 50/56 шпилхозни и бодиња.
Почекај барем до кај Април, да подизвадат нешто, зошто уште повеќето плишанки работи се. И јас следнава недела ќе доземам од најмаливе некое парче, нема да трупам знам ќе ги надрасне ама од неколку нема зијан Јас во Ваикики си наоѓам убави работи, а овие по нет има многу убави ама се се 0-3 не се за од болница ќе висат... Само за девојчиња има многу поубави и поџиџани работи како и секогаш....
Ваикики има, нема некој избор ама најмали се тие како premature ги водат за околу 2.5 кг, не знам димензии не пишува само за мали дека е, ама секако е под 50ка...
Имам 50ки и јас ама некако ми стојат помали, да си одиме дома денес па да ги пробаме. Од ваикики тие помали ли се или стандарт?
Да уште се подебелки работи сегде. Земав по нешто од Тритекс, Ваикики и Зара, што најдов..ама ќе почекам, стварно нема избор сега. А за девојчиња стварно има мноогу повеќе избор, јас и во тој дел си прошетувам обавезно.
Да да, така ќе направам. Не ми изгледа и мене ич убаво кога не е точна облеката. Секако сите работи од почеток се носат по малку, ама нема врска. Како што кажа ќе ги искористиме за прошетки до болница.
Анжи во Скопје имаат колекција за помали родени. Двете ќерки ми се јуни, сестрите во болница избраа да им облечат по долги ракави. Еднослојно е доволно. Првата беше само во тенки шпилхозни, втората во боди на долги и панталончиња. Колку и да велиме дека бебе треба да е облечено колку нас, сепак е новороденче кое уште нема своја терморегулација. Моите цел месец јуни по дома беа облечени на долги. Земи си 50ка за искачање од болница, верувам ќе му бидат точни. Еден совет само, не зимај шпилхозни зашто тие ептен ограничуваат во должина. Јас така се зезнав, од пусти ќеиф земав едни за зимање од болница, но кога се роди долга 53см на маж ми му реков да ми донесе друга облека Убави комплетчиња ѕирни и во Hello baby.
Каде да најдам убаво бебешко памучно ќебенце, убави пешкири (убаво да успиваат вода) и резервна постелнина? Памук пале, стружанка...?
Во Стружанка земав памучно ќебенце убаво е мекано, а пешќири со капуљача земав од Ваикики, е сега како ќе упиваат не знам...вака се убавки мекани 100% се памук,па ќе видиме. Има убав избор Стружанка и на постелнини само гледам на излог.
јас добив за поклон од локо кроко плишана играчка што гушка мало меко ќебенце, ептен ми се погоди за покривање во транспортер и за дома кога дреме во гнездото. други ќебенца што сум гледала сѐ биле преголема димензија, би висело од транспортер на пример, или ќе треба на четири пати да го здиплуваш за покривање. за почеток, поучена од обуката во систина, ја упивав со една тетра пелена, па после ја замотував во втора сува пред да ја облечам. дури сега почнав да користам бебешка бањарка, од оние со капуљача во едниот агол што се, од ваикики ја зедов, задоволна сум како упива. а за постелнини бев скроз во збунка затоа што никаде не најдов со точни димензии како за 120х60 креветче, па си ги однесов на шнајдер да ми ги средат.
Леле сега и мене ме замисливте. Баш си имав одбрано од оние комплети што се за новороденчиња, но сега гледам величина од 0 - 3 месеци е. можно е да и биде големо И јас сум во јуни имам време, но едно комплетчеее ми е на срце и сега се збунив
Шаренко е јарче кебенцето? Колкаво е вака од око? Како нема 120х60? Додуша мене со некој цм поголеми ми требаат оти поголемо ми е креветчето од стандардот, ама пак, шнајдери, средување... Небаре малку пари се, па уште корекции. А тетри од кај земате? Сакам шаренки, не чисто бели, ама да не се 400 ден две тетри.