Од БиБејби сум задоволна од бањарката и од ќебенцата памучни. Сега баш ми излегоа, нова колекција добиле. Како жолтово ќебе имам само друг дезен, прекрасен памук. И крпите се тенки, а супер упиваат.
Најдобро во живо да ги видиш, иако мислам дека не би требало да биде големо 0-3. Моето комплетче за од болница беше таа величина и беше точно, не беше големо. Овие турските алиштенца се тотална утка со бројките. Не велам за ваикики туку за оние на нет. Ми се случи за новороденче од 50cm, да земам боди на кое пишуваше дека е за 6-9 месеци (во комплетчето што го земав имаше само едно бенкиче на преклоп наместо боди, што не го искористив пошто беше премногу тенко и беше како блузиче а не како боди). Премало беше боденцето, само првиот месец го носеше. Затоа кога нарачувате од нет земајте барем 1 број поголем. Облеката на бебе не треба да виси, но не треба ни да не може ноџињата да си ги оптегне. Ако користите тетра пелени за широк повој сигурно ќе носите 1 број поголем шпихозни. 2-3 комплетчиња или шпихозни величина 50 се доволни за почеток. За 2 недели одма ќе почне 56ки да носи, освен ако не се роди помалку од 50цм па да ги носи малку подолго.
не знам ни јас, секаде каде што побарав беа 100х150 или така нешто. еве ако некој знае каде има за 60х120 креветче нека нѐ просветли. тетри со дезен имаа тила летоска, 2 за 250. останатите ми се од стружанка, клот бели и неколку со дезен (не кујзнае каков, со точки и линии). искрено, тетри ми се толку искористена работа што обавезно препорачувам да се земат од стружанка клот бели што се 10 во пакување, па ќе си земеш дополнително неколку со дезен ако ти е мерак за нешто поинтересно.
Да и мене ми е логично на почеток да биде по долги, барем првите недели. Сепак е бебе, не се движи и не се загрева исто како нас. Здравје да пркне малку па ќе шеткаме и по кратки цело лето. Ќе ѕирнам баш што има во Hello baby, фала на советите.
Тетра шаренки 65 денари во Стружанка и Фланел пеленки многу се убави и тие 80 денари. 80×80е ќебенцето, па јас не змеав шарено неутрално е моево,имаше и други ама јас за најнеутралното се фатив инаку 80×80 е ќебето. Тетра и фланел пеленчиња ми се тие под лигавчињата,имаше уште нијанси и јас не сакав чисто бели.
Тетри со дезен земав на Бит Пазар во еден дуќан, А&М карши полициската станица. 500 ден 10 тетри 80×80 а имаше и помали, 70×70, тие беа 400 или 450 ден 10 комада. Тетрите се на Алкалоид и мене ми се супер.
Мислам стандард се. Моево се роди 50 и таман и беше. Перени, сушени, може и смалени се. Каде ги гледаш? Дај некој линк. Јас во средина на септрмври ја извадив во кратко фустанче без боди доле, без ништо Кога ве читам за долги ракави, шпихозни, се препотив
Ми излегоа од HELLO BABY MK, нова колекција пишаа дека имаат. Гледам со жолтко им се повеќето, а и убави боденца имаат нови На муабетот со бројчиња помали, ми излезе ова, можеби треба да се праша дали ова 0-1 е бр. 50 или помало. Ако и' се допаѓа на некоја од вас, се разбира
Сакам жолта боја, а и слончиња, што убавко е... Никаде немам видено нешто баш со убава апликација слонче, а баш ми е бебешко, барам ама не наоѓам.
Овие ми се баш нежни, бебешки. Не знам дали ги разгледа другите работи. И ова ми е многу слатко палтенцево со слонче и со ѕвездички.
Рано е, ќе извадат потенки ствари за некој месец. Земи си 50, јас не земав и се зезнав, се и беше како торба првите 2 недели.
Точни ке му се и ако се роди 51, ама многу зависи и од модел и дали ке ги сушиш во сушара. Окаиди имаат ептен мали модели, ваикики им се океј броевите. Купи 50ка за од болница, не би ти препорачала да трупаш 50ки.
Зависи и од фирмата и од бебето, а и дали се сушат во сушара. Моето се роди 50, дома дојде со 3 кг. Ги носеше до месец и пол, последен пат кога сум му ги облекла за контролата кога имаше 59 цм и 4,5 кг. Баш отворив слики да гледам, ме интересираше. Слабичок беше, поинаку е ако е подебелко и се оптегне облеката. Ги носеше за излегување од болница, дома и по контроли. Не сушев во сушара.