благе везе немаат тие на чико со мрежастите што ги даваат во приватните болници. баш се како пластика, џабе ги купив, еден пар само искористив. па поготово не се добри за царски претпоставувам, бидејќи се со низок/среден струк. најслични се тие од бебехоум, мада тие што ми ги даваа во систина беа поудобни околу бутовите, овие на бебехоум малку ме стегаа/сечеа. баш се вакви, и по бојата на ластикот ги познавам, мене м и л ми даваа. уште не ми е јасно како вакви гаќи не се достапни буквално во сите аптеки и тоа по цени што секој би можел да си ги дозволи.
Какви се тие мрежасти влошки??? Вир?? И уствари ќе може ли некој да мо објасни што е разликата меѓу обична класична влошка и Вир? Ве читам сите после пораѓај носите вир влошки ама стварно не ми е јасна разликата??
од мрежасти влошки имаш вир и имаш на бони, исти се. бони полесно се наоѓаат по аптеки, вир или немаат или имаат само по 2-3 пакувања. знам кога пазарев за мене пред пораѓај може влегов во над 10 аптеки за да се снабдам со 15 комада вир влошки. во систина даваат бони. вир се за нијанса подобри, имаат сина облога од едната страна за да не пропуштат, додека бони немаат, можеш да ги ставиш од која било страна. мрежасти влошки дозволуваат раната да дише.
Жени а за облека од болница за бебето што ќе правите? Дали се исплати од овие сетовите за новороденче што се да си купам или одделно да си спојам сама јас? Плус во сетовите ми е што има ќебенце тенко, има сетови од 1.200 до 2.400 кај што гледам. Дали се што има во сетовите ќе ми треба и за од болница?
Во сетовите има све и свашта, оние поголемите со 10 парчиња... Имаш и некои мали сетови, и ефтини, до 500 ден кои имаат боди и блузка и панталони. Инаку ќебињата иако тенки држат доста топло, памучни дека. Мој совет или сама склопи нешто или сет некој поефтин оти дефинитивно не ти треба се од сетот што е 2400
Има разлика, мрежести впиваат многу повеќе од обични, кожата дише затоа што се 100 % памук. Плус можеби ке треба 2 да ставиш, обични не можеш така. Тие сетови се прескапи, а имаш работи кои се непотребни, како ракавички, крпче, лигавче. Се ке ти треба ама за понатаму. Се имаш одделно и фенси, мене ми изгледаат демоде тие сетови.
Бањарки, ќебенца и постелини нарачав од икеа и се топ и одлични им се дезените. Сите алишта се од Зара и не земав ниедно комплетче од тие шѕо ги продаваат зошто се непотребни според мене. Децата ги извадивме од болница во Ноември само со бодиња по кратки ракави, такви целосни- шпихозни и скафандерчиња со капуљача
На бебе конфорт зедов и јас. Ене ги уште стојат. Маааалку помеки од Чико, ама тој стил. Овие мрежастиве што со ги постирала ги даваат и во систина. Пријатни, мекички. За влошки. Еднаш зедов вир к никад више. Бони се каде, каде помеки и поприродно памучни. Има едни (мислам Нила беа) во еурофарм ги има и тие се супер.
Добри се на Mothercare, јас ги користев. Од каде ги купи, од Рамстор? @kostovaivana мрежести улошки се само вата обложена во мрежа за да не се распаѓа. Овие за менструација се полни со гел за да упиваат повеќе а да не се растекуваат.
А за крај на март, април бебе доволно ли е боди на долги или кратки, шпикозни, капичка, и кебенце? Или и ѕивриња да земам плус? Нараквички за рацете да ми спремам ли? Немам појма по слој како се облекуваат, еве се водам според мене, без ѕиври пошто ќе.е покриено нели плус одма у кола топло и дома. И совет дали ми се доста 5 6 пара шпикозни и некое комплетче 50ка, другото се што купувам е 56, 62. Со оглед дена сите ми предвидуваат дека ќе биде родено малце порано, затоа 50ки се обезбедувам.
Не бе какви ѕиври, јас боди одоздола,горе комплетче памучно, капче и ќебенце,толку. Секако во транспортер ќе биде,покриено со ќебенце, доста е мислам. Едит: и јас да прашам за ракавички памучни дали стававте?
Isto sme so terminite i jas planiram bodi ili benkica na kratki, spihozni na dolgi plisanki i kebence i kapce. Realno 3 cekora se od izlez do kola
Епа моето не е со покриени рачиња, ради ноктите ми е знам дека се гребат... Ќе ставам едни у торбицата ко божем многу големи па ќе ги мислиме сеа
Ја вака како што опишуваш во јануари ја изнесов, секако со затоплена кола. Мислам дека таман си е како што си пишала. Доволни ти се шпихозните што си ги земала, плус и бодиња обезбеди си ако не си до сега. Моето се роди 48 цм, само 50ки фурав 3 недели дома. 5-6 имав и ја и таман беа.
зависи како ќе се роди, може ќе има ноктиња за сечење у старт. Од друга страна пак многу спијат и голема е веројатноста да спие кога ќе го изнасате. Али и тоа што викаш, не зафаќаат простор секако, стави едни па ќе видиш
Јас ги користев, стегаат многу на бут, а слаба сум, наводно универзален број биле, а тие од Ремедика не ги осеќав, помеки се.
Јас за излегување од болница зедов комплет од 10 или 12 работи во кутија што се, иако мислам дека има многу непотребни работи во него, од него мислам дека само ќе ги искористам дводелното комплетче, бодито, лигавчето и тоа што е како ќебенце, другите работи ми делуваат скроз непотребни, да ми беше овај памет ко купував би зела боди и шпикозни.