од бебехоум испод 2000 нѐ фати кога беа блек фрајдеј попустите. подлогата е потенка, нема дебело полнење, така да ако го ставиш на тврда подлога ќе лежи на тврдо.
Зошто мислам дека 2500+ ден. за ромпер е претеризам? Едит: Или стварно им е толку цената сегде, стварно не знам?
Мамички ја моето јунско бебе си направив список на работи што ми требаат. Поискусните мамички нека ме поправат ако имам нешто вишок или ако нешто сум испуштила. Се надевам дека списоков ќе им помогне и на други мами
Јас, јас, јас За вреќичката од томи типи да не се сети кај си ја гледала, ја не успеав да ја најдам на нет кај нас.
кај нега за бебе додади алкохол 70% за папочето и хидроген 3% за откога ќе падне. транспортерот ти е и седиште за во кола првите месеци, ако не и до година (или скоро).
Водоотпорните навлаки за душек многу потат да знаеш. Не успеав да барам каде гледав, викендов ми беше хаос и заборавив да просурфам. Ќе пробам да најдам, извини
Tetra peleni mnogu ti se 30-40? Jas 10 imam i i tir ne gi iskoristiv kojznae kolkku samo prvite mesec dva dodeka bese mnogu zesko
Моето е родено крај на јули. Ја изнесов со шпикозни со кратки ракави. Цело лето си беше по кратки, боди по долги летото не и облеков. Ме чуди кога пишувате дека во лето ги облекувате со 2/3 слоја облека, па и покриени. Како што ви е на вас жешко, на бебињата им е уште повеќе. Тие немаат терморегилација и топлото повеќе штета може да им направи. Сега бебуш треба да се роди крај април. Земав тенки памучни работи за мај и ако евентуално има посвежи денови во јуни. И почнав да купувам летни работи за од јуни натака. Широк повој не ставав и сега не планирам...
50ка е најмал број ама колку и да е мало бебе, ке ги носи 2 3 недели. Јас би ти препорачала да земеш 56ки. За почеток ти требаат 5 пара шпихозни и земи 5 дводелни комплетчиња. Е сега за јуни не треба боди, еден слој тенки долги е доволно. Можеш и боди со долги и панталончиња. За период од 1 месец, за колку ги надраснуваат алиштата ти требаат 10тина парчиња за пресоблекување - каки, мочки, бљуцки, по бањање. Се повеќе од тоа е давање пари за мерак. Се ова во ваикики е најевтино а најквалитетно. А продавници куп - зара окади тила бејби шоп тајни бејби ехеее не ги ни паметам. Кебе памучно обавезно. За почеток не, ама за по 2 месеци вреќа за спиење. Крпи за после бањање 2. Тетри 5 мали и 2 3 големи. Козметика ти треба гел за бањање, лосион, крема со цинк за пеленска регија и павловиќева. Ако имаш повеќе пари веледа е моја препорака. То треба и аспиратор за нос, за папоче гази, алкохол, банеоцин. Не е секаде цената, зар голи шетаат тие што немаат 2500 за едно алиштенце? Во ваикики се по 300 500, во зара начекав за 300 на попуст.
Јас би купила само по 5 бодиња од 50ка, 56 и останато 62 можеш 7 од комплетите од George купував јас. Тетри максимум 10. Када купи си во Енци Менци има со термостат и со одвод, многу е практична и голема. Пелени не купувај многу, едно пакување за почеток, може да ти појави осип кај бебе па да фрлаш цели пакети.
https://www.encimenci.com.mk/kadichka-100-sm-so-odvod-mechi-a-bela-maltex-213860 Ја имам оваа, одговара со двата сталаци што ги имаат на понуда од енци менци и можеш да си купиш дополнително адаптер. Одлична е, јас веќе 2 и пол години ја капам ќерка ми во неа.
Баш е убава мами. Фала на препораката, ќе одам и во живо да ја видам ама вака на сликава преубава ми е
Супер списоче мами, ќе се најде за сите. Музичка играчка за успивање од старт не ти треба. На почеток само 'бели звуци' го смируваат. Аспиратор може нема да ти треба од одма, а ако планираш да користиш за секојдневна тоалета на носе, тогаш ќе ти треба и изотоничен солен раствор за носе. Во однос на пробиотикот не брзај, секако нема да му даваш од прв ден. Јас мислам дека провенот се многу добри, а поевтини од биогајата. Исто ќе ти треба алкохол и 3%хидроген за тоалета на папче и антибиотик (спреј виоплекс или прашоче банеоцин). Пелени мислам дека ти се премногу 3 паковања. Исто и тетри, ама ајде тие за сѐ се користат. Ракавички и капчиња купувај ако планираш да му ставаш, ама јас се сомневам дека би ги искористиле (ноктиња ќе кратиме, а времето ќе е претопло за капче). Марама/кенгур, седиште за в кола уште од сега не ти треба. Се мислам за перницата за доење. Мислиш дека е неопходна?