Некад може да се утне и поише. Мене ден пред пораѓај ми го мереа макс. 2.900, бебе се роди 3.500. Тоа баш и не е некој грам Се утиња пред крај.
Се разбира дека се утиња, и мене ми ги згрешија мерките на последниот преглед. Ми рекоа скоро 3700 дека е, а се роди 3280. Кога реков некој грам, не мислев на 10-20 грама Ама па не ти утнале 1 kg.
Мамички ај едно глупаво прашање pls don't judge me Ова се шпилхозни, тоа знам. Е сега ме интересира дали постојат вакви ама горе да се со кратки ракави или евентуално и горе и доле со кратки? Значи не боди него вакви целосни ама по кратки?? Никаде не сум видела. И ако постојат каде да се најдат?
Има мајка, јас вчера во Ваикики во Сити мол купив. Имаше и горе и доле по кратки и само горе по кратки, доле долги. Исто и на mybaby на инста видов дека имаат. Ваљда и на други места се наоѓаат, ама јас освен Ваикики немам шетано по продавници уште .
Летни шпикозни, а ќе прочиташ и ромпери ги викаат. Во Ваикики види, баш убави имаат. Ама како ќе затоплува, ќе почнат и по Фејсбук да вадат онлајн продавниците. Минатата година и од Дон Андон имав порачано, не ми текнува од каде е бутикот, врска немам каде прочитав за него.
Ако е како кај мене , квалитетна утка беше Цела бременост нема да е големо бебe до 3200 , и на крај 4100 се роди , и тоа на различно еха и 3 доктори истото ништо не искористив од најмалите бр една недела само да му облекував , сега е месец и две недели 62ки носе незн од кога , ама тоа најмалите бр уште одма кренав , па тие шпикозни со стапалца ич не искористив . Онлине од babyshop имав нарачано 0-3 сеа пред една недела кнап
аа трето Се затвори таа продавница Дури сум тука , да кажам нешто општп што ми е корисно и потребно стварно од мое искуство до сега °Тетри користам макс , за да постелам на кревет , за у транспортер , за бљуцкање , абе за се , по две три мавам на ден за прање . °Боденца исто , де од пропуштено де повратено , само мењам и убаво е повеќе да се има . Јас на долги два пати му облеков , дете склет го фати скрос , роден е баш у најладното коа беше сеа фебруар и во боди на куси го изнесов и шпикозни во ќебенце . На Долги не ни зимајте сега па ич °Ракавици јок , уште втора ден дома беше на маникир педикир °Капи исто ниедна. °Папче му падна уште во болница , дома чистев површно само некоа ден со алкохол , никаков спреј , прашоци не ми требаше , не зимајте пред време , тоа е најлесно на одење од аптека 2мин што треба се зима. °Постелнини т.е чаршавчиња , 2 -3 убаво е да се има . °Од облека мн позгодни ми се едноделните и побрзо за облекување ако е уплакано . °Цуцла , шише по една да се има , у случај да не ги сака да се зима други . °Пумпа за одмолзување доколку се дое е убаво да се има уште одма . Чаеви за доилки , влошки за гради ..
И друго фали: летни шпикозни, шпикозни без ногавици, шпикозни со долги ногавици и куси (без) ракави, боди со долги (без) ракави Ај да не ја збуниме жената
На една цимерка пред самиот пораѓај ѝ кажа дека е 3кг бебето, а оно се роди 4кг, со 1кг повише. Може да се згреше значи
Сè има. Не знам дали може да се згреши ако ехото е старо, ако докторот не намести убаво на екран, којзнае. Да се надеваме дека нема на жениве од форумов да им утнат до толку и да не си ги искористат 50-те што ги купиле.
Во Гевгелија се наоѓа продавницата дон Андон, но некако ми е скапа во споредба со другите продавници во околината, и тоа што им е поефтино е од ланска колекција.
На двете ќерки, 50ките им беа големи на почеток. Мали ги родив, малата 44см и 2400гр,а поголема 46см и 2600гр. Пливаа во нив на почеток, мислам малото е 1 месец и сега така почнаа поубаво да ѝ стојат алиштата, ма да и сега ѝ се големки, а пред тоа како во вреќа беше. Само да не се како мојте глувчиња
За точно мерење зависи и од положбата на бебето без разлика колку док. е добар или пак апаратот. Може пр. док. да измери ама да види дека не е убаво наместено и да прогнозира колку + грама би имало. За ова треба искуство.
Ако малиов дома кога дојдовме беше 3050 и беше мало страв да ти е да го фатиш, можам да замислам колку биле малечки твоите девојчиња. Бр. 50 му беа комотни доста време бидејќи и слабо качуваше на почетокот, мислам дека со тебе пишував за ова, па убаво си ги износи до кај 4,5 kg. Ама ќе пораснат, еве го дечкото мој има 10 и пол месеци и над 9 kg, кнап му се 9-12
Мојата се роди 3480 53 цм. 52ка и беа таман. 50ка имав само едно од ваикики и 2 пати само го облече. Мн малецки не купував, а според мене овие бенкици се скроз непотребни. Боди бенкица треба, мене ми се погодени од Лупилу. И шпикозни. Само шпикозни и носам. Мојата има неполни 2 месеци и се носиме 3-6 месеци, да оздрави тато и треба да идеме на шопинг, да ја подновиме