И јас ова го пишав поназад. Повеќе не треба. Јас на 3 недели менував алишта, ги надраснуваше додека да трепнам. Мене вреќичка ми е најискористено нешто. Еве 20 м и уште си е во вреќа, немирно спие.
Ај што изнакупив пред да се породам, па уште и не ми е криво Сè што мислев да купам си купив, искористив колку што искористив и не ми е криво ако нешто сум му облекла еднаш-двапати. А дома за дома, тоа башка купување е откако ќе се породиш. Тоа нема крај, освен ако банкротираш
Ни мене не ми е криво ама нема потреба. И сега плакарот му е полн, тек да знаеш колку работи чекаат да ги исперам за пролет. Ми нема помош, трошам додека имам.
Јас поучна од искуството со првото, овој пат стварно купувам умерено. Бебка ја очекуваме крај на април или почеток на мај. Не ми се трупаа многу работи по долги затоа што за месец дена ќе стопли и после ќе ми требаат летни работи. По долги имам само 2 бодиња, за ептен нешто ако залади тој период. Земав 5 бодиња по кратки, 5 пара шпикозни, 2 дводелни комплетчиња, 2 потенки ќебенца, 2 бањарчиња, 10тина тетра пелени, 5 пара чорапчиња, лигавчиња и патичиња од мерак. И толку по долги, сега се ориентирам на кратки, имам земено 2 комплетчиња и ромперче и ќе запрам да видам прво колкаво ќе се роди.
А бе нема потреба, ама и понатаму купуваш и трупаш, преполнуваш плакари. Шшшшш ти самата не го применуваш овој совет што го даваш
Јас нарачав бодиња од Tiny baby од 0-3М наменски 7парчиња се 1200ден и се исплаќаат и шпикозни 3ком исто 0-3М зашто се друго некако големо ми де чинеше. Нарачав од тоа Baby Shopp најмали сет шпикозни 2ком со стапалца и капи, едни шпикозни ко демек за по дома. Ја па легенда сум едни за спиење други за денски Од Ваикики имам за 0-1М две бодиња и шпикозни со копчиња и такви мислам дека е најпаметно да се купува. Овие ги купив за сликање ја и фотосесии си правев Има комплетчиња за новороденче од блискиве. И мислам за најмали е доволно... Во меѓувреме во ДЕ ги отворија продавниците и моите имаат купено милион ствари ама за од есен и за зима летово планирам голко бебенце да имам дома. Ја сум мајско дете и ич не трпам топло а и што имам блиски со пролетни бебиња само по бодиња се летно време. Кај ќе го облекуваш оно пекол плус ние на последен спрат пекол... Ја ви викам некои се за само за сликање а последната фотосесија ја немам кај мене јахах ви викам не ми е добро
https://instagram.com/babyshop.mk?igshid=1i4dt1ue15rbg Ѕирнете го линкчево тие што си имате принцези и пробајте да не купите ништо да видам. Не ме карајте, со убава намера споделувам инфо.
Од Waikiki да такви се боди бенкици и мн се мекички мн убав памук се а ич не беа скапи зимата ги купив
Ubavki se ama neka se registrira ko sto treba da mozam da si platam so kartica vaka ic nejkam siva ekonomija da poddrzavam
Аа не знам искрено, ништо немам порачано, прееска пребарувајќи за синко како предлог ми излезе странава и останав подзината. Сѐ ми е преслатко, преубаво. Што не значи дека го нема на друго место.
Мајки јас засега купив ова за бебе кое се очекува 24 Јуни. За новородено(newborn): боди по куси 4, шпикозни со долги 2, комплет со бенкиче и пантолонки 1 (ова мислев за во болница, ма да ке купам уште нешто). 0-3: боди по куси 5, ромпери 3, шпикозни 5, комплети со блузички и пантолонки 5. И башка имам 4 само пантолонки. Исто земав и 3-6: боди со куси 7 и 3 комплети. Мене ми изгледаат малку, кажете што да земам и од кои бројки највеќе?
Баш се броев сношти и во плакар многу ми изгледаа реков повеќе не купувам и кога ги изброив се загрижив баш дека се различни бројки сите и можеби затоа мислев многу се, ама за почеток не знам кои бројки ќе ги искористи.