1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што сè е потребно за новороденче?

Дискусија во 'Бебе' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. Sandrus17

    Sandrus17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2020
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
  2. Ula

    Ula Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    1.185
    Дечки абе тие шведски пелени ќе ми требаат ли ме удави такозваната ми свекрва, шведски па шведски...И дали на сомниа се убави тие водонепропусливите навлаки за душек имате инфо? Некако мн ми се евтини :?:
    Ние денес купивме тоа што свекрвата планирала од нив да биде толку ми дојде кнап енергијата што не ми се гледаше ништо. И како ја форсираат толку Стружанка ништо не ми беше толку квалитетно тоа памукот погруб, плишот мн чуден како испоскубан, постелнините шушкаат и со конци сите па и едни неуслужливи продавачки од жабја перспектива гледавме се. Ајде свекрвата беше поупорна и ме прашува ти се свиѓа ли да прашам да ни го покажат да го отворат оваа продавачката преобрнува очи и јас ајде викам не не ако е зелено или светло плаво не не сакам такво. Ако имате тегет, темна сива па дури и црна, па и црвена нека е. Дури се нашалив како татко му што си носи се црвено. И таа што демек не услужуваше кога ми се тутна ќе го ставаш бебето у темни бои што мајка ќе беше леле кога ми се споија жиците ја па на нејзе и викам а со комбинацииве на бои епилептичен напад ќе добиеме сите. Свекрвата ме гледа и јас и викам не ми се допаѓа ништо тука бидејки не ни видов нешто како што треба...леле денес отров бев
     
    На Избришан профил 156253, ivance.., azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Шведските пелени се за широк повој. Многу ставаат широк повој од сам старт, без да има индикации дека има некаква потреба, така им останало од старите. Ама фала богу, си има контролен ортопедски преглед за 6 неделно бебе, па тогаш се гледа дали е се ок. А ако по некоја случајност бебето има проблем, шведска пелена и широк повој нема да бидат решението...
    Ти најубаво си ги знаеш тие околу тебе колку ќе ти се качат на глава за широк повој. Во краен случај купи една пелена за да се уќути свеки ама те молам не ја користи без потреба, инаку ако ме прашаш мене, не ти треба воопшто.
     
  4. Ula

    Ula Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    1.185
    Ми се јави купила две викам добро ама ќе видиме дали ќе ги користиме како ќе кажат на доктор така. Почна малку како ама ама и и реков сега такво време е доктор се слуша ја сите ако ве слушам за да не ве увредам, а сите различно кажувате, кај ќе ми биде крајот. И она па као ја имам три одгледано и ја и вратив на тоа па и мајка ми исто три, а еве имате различни ставови и ништо и самата рече ај докторите како ќе кажат. Ама ја знам на мм ќе му збори хаха
     
    На Избришан профил 156253, azelea, nevermet18 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.455
    Допаѓања:
    8.837
    Пол:
    Женски
    Нема штета од широк повој. И не е останато од бабите туку нашето Балканско поднебје е подложно на дисплазии на колкови што покасно во животот можат да настанат и затоа се препорачува превентивно да се носи. Во Ремедика кај што се породив и направија на малата ехо на колчиња уште на раѓање, иако беше се во ред ми препорачаа широк повој, безразлика дали со шведски пелени или со гаќи за широк повој. На контролата на 2 месеци пак беше се во ред и ортопедот ми напомена да продолжиме ставање до следна контрола.
     
    На LazaLaza и IRBBB им се допаѓа ова.
  6. Ula

    Ula Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    1.185
    Всушност најдобро ќе биде да си послушам како ќе ми кажат во болница и така да направам
     
  7. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    9.014
    Пол:
    Женски
    I jas kupiv 2 svedski za da ne mi stojat na glava. Za se drugo vikam aha dobro i ke si teram po moe. Mada za sirokiot povoj gledav video na stranata na remedika pedijatarot kazuvase deka najcesto e preporacano za karlicni bebinja,a moeto e takvo i tuka se resiv
     
    На Ula, monik55 и IRBBB им се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    За широкиот повој се поделени мислењата на педијатрите.
    Ама како што кажа @Lovebug01 Балканот е ендемско подрачје за дисплазија на колкови. И не е само дисплазијата. Широкиот повој помага да се спречат контрактури.
    Штета од широк повој нема, може да има само корист. Барем од раѓање до прв преглед на ортопед, а потоа како ќе каже ортопедот.

    Ова е мое мислење, кој како што мисли дека е најдобро за неговото дете, така да си прави.
     
    На lovely91, kostovaivana, Lovebug01 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    17.881
    Најдобрите ортопеди се со став дека ако безпотребно се става повој може да има штета. Затоа што бебето треба да прета со ноџињата и да ги вежба колкчињата природно, а со повојот тоа му се ускратува.
    Ако недај боже има проблем, повојот нема да помогне...
     
    На kukla21, Quincy, Bella_Stella и 5 други им се допаѓа ова.
  10. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.538
    Пол:
    Женски
    Не е баш дека нема штета од повој и дека само корист може да има. :)
    И тој повојот толку загрева, што ич не е пожелно особено за машки деца и толку топлење на тестисите, да не навлегувам, се знае на што се мисли.
    Во Ремедика на извештајот стоеше да носи широк повој, а ехо уредно. Се јавив кај ортопед, вика тргај го повојот и на преглед го однесов, ми објасна баш убаво за ова. И за мрдањето со нозете ми спомна дека е важно само да си мрда, а не како препарирано да седи со повој.
     
    На Stressed Out, kukla21, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    Реков, секој нека прави како што мисли најдобро за своето дете. :)
     
    На Избришан профил 156253, ivance.. и Ula им се допаѓа ова.
  12. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.538
    Пол:
    Женски
    Секако, никој не кажа да не правиш како што мислиш. Искуства, препораки и мислења се споделуваат, а твој избор е дали ќе ставаш или не. Но фино е да се има информација за последиците, дали од нешто има придобивки, па кој како сака нека одлучува и нека тера. Како и за сè друго, така и за ова. :)
     
    На kukla21, Bella_Stella, Thallia и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    17.881
    Секој одлучува за свое дете, но треба да се внимава на информациите што се споделуваат.
    Не може да кажете дека нема штета, кога има и е научно поткрепено и докажано.
     
    На kukla21, Ula и 0ли им се допаѓа ова.
  14. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    Те молам ако можеш пушти ми кои се штетите, ете јас планирав да ставам широк повој, па ме интересира.
    Ако не тука, да не ја полниме темата со оф топици, во лп.
    Фала. :f:
     
    На Ula и 0ли им се допаѓа ова.
  15. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    17.881
    Screenshot_20210327_153215.jpg
    Најди ја на YouTube, се убаво си објаснува докторката.
     
    На Избришан профил 156253 и IRBBB им се допаѓа ова.
  16. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.315
    Допаѓања:
    33.657
    Пол:
    Женски
    Ама рековме, мислењата се поделени, дека спомна научни докази, мислев такво нешто да не имаш да ми пратиш. Ама океј, фала ти.
     
  17. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    17.881
    Па со самото тоа што најдобрите ортопеди и врвни стручњаци во таа област го имаат тоа мислење, секако тоа е базирано на бројни научни студии. Кажува и докторката во видеото дека повојот се отфрлил со следење на развојот на генерации и направени бројни студии.
    Не е тоа на неа и текнало да има таков став.
    Исто е и со дубаците и паткањето. Се употребувале, па се увидело дека повеќе прават штета.
    Сепак секој си знае за свое дете. Јас на моите немам намера да им го ускратувам природниот развој и да ги затегам со крпи и глупости останати од едно минато време.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ula

    Ula Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    1.185
    Мене едно не ми е јасно мајка ми се ми вика да не галамам мн мн ама како во странство од овие работи што ние по Балкан ги тераме ништо не прават, не ги бањаат во сто степени просторија, не им ги чепкаат курињата, не ги дојат до прво одд, не спијат со нив исто до прво одд, до 40 дена ај логично да не се мешаат со народи ама па и на слика или видео недај Боже бебето да го видиш, ги носат во марами или во кенгури од мали и уште ред други работи и најважно не ги пренаоблекуваат...
    Јас имам неколку другарки значи вкупно 7 што сега имаат бебиња која во Шведска, која во Германија и сите ми кажуваат што тука се прави а таму докторите категорично викаат не. Па имаат здрави прави бебиња кај нас милион правила и прописи и сите имаат различни
     
    Последна измена: 27 март 2021
    На Избришан профил 156253, Stressed Out, Quincy и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.705
    Допаѓања:
    5.675
    Пол:
    Женски
    Кој тоа дое до прво одд :?:
    ама второво повеќе привлече внимание и обично сите што сме така силни , уште од прва вечер дома на спална со бебе се спие па до далје :emo: штом бебе па и дете спие со мајка сигурно не е од онака ,не избрзувај со некои заклучоци , не те напаѓам :angel: само почекај , поинаку ќе гледаш на некои работи после пораѓај.
     
    На ivance.., azelea и IRBBB им се допаѓа ова.
  20. Ula

    Ula Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    1.185
    Епа од што имам околу мене луѓе што така прават и се преплашувам да ти кажам искрено. Конкретно братучетка и кумашинка спијат децата со нив по 7 години имаат, едното до лани цицаше тоа е 6 год дете, а другово до 4 год. Исто имав неколку детски соби за правење неможеа децата да си ги одвикнат од спиење со нив, а беа по 5-6 па дури и 7 години. Која е причината да спие со тебе на 7 години или еве на 5 па и колку да е? Ајде да спие некогаш кога е болно или слично ама цело време!? Па и уште се понаша тантруми и панични напади ако го стават у негов кревет. Исто имав неколку клиентки со некакви си ставови децата у градинка идат по 5-6години имаат,а цицаат. Спиењето и доењето на овие деца е повеќе од мајките и потреба на мајките. За конкретниве случаи зборам :)
    Инаку и мајка ми истото ми го вика не збори пред време иако ние не сме спиеле со моите или сме доени макс до година. Јас еве не чуствувам ниеден психички недостаток од тоа што цел живот сум спиела сама, добро ми беше тешко да се привикнам да не го ритам мм :D:D Баш мислам дека имав преубаво детство и би сакала да бидам родител како моите топ испаднавме сите три хаха
    П.С.Да не се разбереме погрешно со било која госпожа тука ова е мој став и мислење. Ниту знам како ќе биде нит ништо, која како сака да дои, да спие како мисли дека е најдобро, така нека си прави...
     
    На Избришан профил 156253, Bella_Stella и Pacient srna им се допаѓа ова.