Не е продавница, во самиот магацин,ама си купуваат директно луѓе се од таму. Ова е како се оди по улицата кај што е Европа фабриката,па на семафорите десно и има бензиска,БК мебел...малку спикано е,ама јас директно си одам.
Мислам дека оваа нема за толку мало да ти брка работа штом е до 6 месеци. Баш и @LivingGlam пишуваше дека таа големина не е соодветна за тукушто родено бебе. Отворот за главата е голем, а и за рацете отворите не се за малечки рачиња на новороденче. Мислам дека не би ти бркала работа за почеток, таму некаде после лето би можело. Ќе ти препорачам да одиш до Анжи, таму купив памучна бела вреќичка бр. 56 и беше како за помало бебе тамам. Кај Буњаковец таа продавница, ако ги имаат уште вреќите.
Мене не ми се јасни овие бројките на облеката. Колку што разбрав 52 е најмало, ако сум грешка поправете ме. После како идат, пример 62, 68 на колкаво бебе би му се фаќале? Знам дека зависи и од тоа дали е покрупно или ситно, ама па ич не знам како да се ориентирам и колкави да купувам. До сега земав еден сет 52ка и два 56ка. И уште ме мачи дали да купувам на кратки или подобро е на долги, сепак ќе се роди крај на Август. Ништо не знам.
50ка е најмало. 56-62 се 0 до 3 месеци. За ситни бебиња се користи 50 и 52 на почеток. Моево е просек некој, почнав со 62ки кога беше 2++. После 62 е 68 па 74 итн ама рано ти е за тие. Имај некоја 50/52 ама купувај си 56ки претежно. Септември е топол, можеш боди на кратки. Октомври исто ќе има денови за боди на кратки и шпихизни одозгора. Ќе има и денови за боди на долги. Значи најубаво и такви и такви да имаш само не претерувај со количина.
Бебето треба да лежи на тврдо и рамно па јас би кажала не на перницата и не на подлогата за количка/транспортер. Башка ако ја ставиш во транспортер, автоматски бебето не ти е безбедно така во кола. Подлогите за бањање се многу слатки, уште ми е криво што не земав. Веројатно ќе ти биде од помош во првите денови додека е премало. Не дека мора вака, имаш и опција со адаптер во корито, мрежа врз корито.. Се зависи од тоа како ќе се организирате по дома за бањето. Јас не искористив ништо од наведеното. За првата слика се пишуваше неколку страни наназад дека е многу битно ноџињата да се слободни. Ова што го имаш ти постирано ми делува како тесно во нозете, барај пошироко.
Од сите работи, само подлогата за бањање е океј. Ја фалеа дека е супер, мене ми е криво што не ја зедов кога беше помал.
50 е најмало, па 56 62 итн. За почеток 56ки се таман, ептен ако е ситно 50ки. За месец дена, месец и пол ке ја надрасне бројката. Не купувај многу од најмалите, за брзо ке се смалат, а ако е крупно нема ни да ги носи. Се на се гледај да имаш 6 7 комплети. Јас му облекував долги, во јули роден, ама клима на 26 пуштена беше. Еден слој долги. Ништо од ова не ти треба. Не го повивав синко, слободни му беа рачињата и се нагоре ги држеше. Греота е така замотан да го држиш бебуш. Во транспортер не се става додаток, освен тој што оди со него. Ортопед кажа така. Подлога за бањање не ти треба, тетри стави или алишта. Ова тешко се суши и ке се умириса. . Перница не, по 2 години, евентуално 1 и пол. Бебе спие на прав и тврд душек. Подигнат ако има рефлукс, ама се става нешто под душекот.
Јас имам такви перничиња фацички од животни и не се суши баш толку брзо сигурно му треба неколку дена затоа што е дебелко и цело време треба да му ги разместуваш топчињата стиропор за да се исуши и мириса после на стоена вода...
Карлична поставеност на бебе е една индикација за дисплазија на колкови. Не значи дека ќе се случи, ама е индикација. Во САД ехо на колкови задолжително се прави на раѓање за овие бебиња. Ти во ремедика ќе се пораѓаш. Таму прават ехо на колкови н раѓање. Без грижи однапред. не ти требаат многу доктори. Ти треба еден ортопед!
Скроз исти мек е горниот дел и целото перниче е мекичко. Не сум дома ќе ти ги пратев на слика. Иам и срце форма вакво во кола. Не се сушат баш лесно бидејки се полнички бајаги и внатрешниот дел додека да се исуши се умирисува