@Bella* Извини што пак те замарам со подлогава за бањање, откако сме на подфорумов, јас за ова те барам. Добро и за хемороидите Ти имаш ваква подлога, како ја сушиш? Во машина ја переш и на центрифуга со повеќе вртежи ја сушиш? Колку време се суши и дали ти се умирисува? Уште ова мислам остана од прашањата што не сум ти ги поставила. Сори на замарање
Не ме замараш таман работа Ја перам на пола саат на 800 до 1000 вртежи и на жица е сува за 15 мин Не се умирисала никогаш
Да го пофалам кремчево. Моментално е на попуст и нарачав уште 2 за залиха. Никакво црвенило не му се направило досега. Супер ефикасно, а составот е природен и без парфеми. Едит @jarec6 сега гледам за вреќичката. Преголема е за новородено. Јас малку ја зашив за да го скратам отворот на вратот. Вчера ја ставив прв пат и уште е голема. Имам една од Лидл (кали), подобра е. Таа е тесна и долга, ама му ја закопчувам до пола од горе за ноџињата да му се слободни.
Фала за одговорот @Emotional123 Еве ти одговор од прва рака од некој што ја има баш таа подлога и искуство со неа.
Веќе ја земав, сега гледам дека си пишала. Ај толку пари изнададовме нека оди за едно вреќиче Ме пукна мојов земи па земи Како сте вие?Си растете?
За подлогата за транспортер/количка: ја видов во живо и не ја купив - предебела е и непотребна. И количката и транспортерот планирам да ги постелам само со една тетра пелена или памучна пелена за да легни бебето во нив. Перниче за главата купив, а знам дека нема да го искористам. Мало е перничето, ќе забегува лево десно. Испаѓа купив само бидејќи продавачите беа нападни. Таква пелена за повивање не купив, не сакам да го врзувам (swaddle) бебето при спиење, имам некој отпор. Подлога за бањање исто не купив, ќе ставам тетра ако има потреба. За бањањето ќе го почекам да се роди. Предлог еве, би ти рекла да ја купиш таа шушкавната/водоотпорната подлога за преслекување, повеќе се користи.
Да скратам, претерав со купувањето алишта. Што од незнаење и неискуство, а што од мерак - преубави работи имаше и на лице место побудалуваш малку. Генерално, купив од сите типови и големини по 5 парчиња.
Генерално сите ти сме иста прича не лупа нешто и купуваме купуваме...Јас само гледам нешто и нарачувам. Сега со селењево неможат да ме најдат куририте. Мм ми вика абе и на новава адреса си имаш поштар пријател, предходниот мн се радуваше кога ќе ми донесе пратка бидејки јас одма ја отварам и му ја покажувам и се ми вика ај ај дете што убаво си нарачало хахсхс
Верувај дека и да не купип пелена за повивање накеај во тетра ќе го врзуваш. Исто размислување имав ко тебе многу ми беше одвратно така врзано бебе ко за во лудница, на крај искочи дека му помагам зашо премногу мрдат со рацете и се плашат па неможеше да заспие, со тетрата мир му дадов душиче
Lelee kaj nas maz mi e vakov, samo nesto naracuva. Porano za nego sega za beba...broj si ima razmeneto so postarot ovoj mu zvoni brat koa si doma da ti donesam paketov....cirkus
Лажалка на мам ти препорачувам, таа 0 2 месеци. Синко не сакаше, ама ми се наоѓаше повремено. Шише авент стаклено, исто 0 2 месеци.
Кај можам да ги најдам? Во аптека, дм, кај ги има стриктно оти ич не ми се шета, едно излегување да ми е наменско.
И двете во дм. Мам има и во еурпфарм, ама за авент не сум сигурна. Авент натурал, ако сакаш слики да барам?
Ако има различни, ако не ти е тешко можи сличе да ставиш. Само најважно ми е на шишето тоа цуцлата да не капи.
Лажалка оваа, медицинска ја викаат, на Авент е. Шише Томи Типи 0+ антиколик (без цевче внатре). Ова. Има и пластични и стаклени.
Повели, Не тече и не капе цуцлата. Ке ги местиш убаво деловите што се дупче на пластика и дупче на цуцла. Види кое е на попуст, има две големини.
Јас за шише сум со план да земам на Медела калма. Некни си земав и оној сетот на чико, тој иде со две шишиња пластични едно помало едно поголемо и цуцла лажалка за новороденче. Ако не ми ја сака таа цуцла ќе си земам на мам, тука многу ги фалат. А низ парк кај мене гледам доста бебиња со авент цуцлите.