И јас не се снајдов со Калмата, прво пробав со неа, а ми покажаа во Ремедика како треба. Веднаш на Томи се префрлив, среќа имав дома купено комплет и ден денес користам Томи.
Моево без проблем цицаше од калма, јас немав шише дома, па на идење од болница купив (тие ги препорачуваат во Ремедика за да не се одвикне од цице). После за пиење вода се префрлив на Авент натурал, па обично авент и сега купив Томи типи ама Авент поубави ми се. Цуцла лажалка за првите 2-3 месеци му ја давав таа зелената Оли што имаше постирано слика, па на Авент, после тоа имавме неуспешни обиди со Чико, па Бибс и сега е пак со Авент. Му ја давам само за заспивање, во фаза на одвикнување сме.
И јас сконтав како треба ама не сакаше. Еве сега гледам ни чашки и шишиња некапечки не сака. Јас пробав и многу влечење треба. Пие од чико или обична чаша, и со обична цефка сака. Зависи од детето. Синко не се одби, дури шише одбиваше а бараше цице.
Ние земавме шише медела калма дека моево несакаше да цица па ај демек да не го изгуби осетот и ајде калма, пробавме еднаш ќе се удавеше го баталив толку беше а 1200 го платив, се каам најискрено, да небеше пробано би ти го поклонила да пробаш дали воопшто ќе сака да цуца од него зашо баш треба да влече за да пие од неа А за цуцли користиме на авент нокните многу се лесни пак ќе кажам се е до тебе мојот несака да цица и ден денес имам мака со јадење па овие цуцли беа најлесни па среќа помагаат за заспивање
Не знам, се сеќавам нешто се жалеа од тие шишиња, а овие што ги користам што се без цевче супер се. Веќе 11 месеци ги користам, а 9 месеци и цицаше и пиеше ад, не се одби поради шишето. Инаку, цуцла освен на почетокот зеленава, ниту една друга не прифати, не знам какви сè не пробав, па и ден денес не цуца. За пиење се убив од чаши и шишиња купување, ми остана уште Авент со цевка да пробам, иако вчера и денес конечно пропи вода Неа Критис од мало шишенце. Убаво си срка, голта, не сум го видела така да пие досега. Фала @monik55 за идејата
За какво мало шише е муабетот? Обично со цуце? Бев со намера со цевка следно да купувам ама прво ова да го пробам, просветлете ме
Цуцла лажалка таа зелената погоре што ја постира Оли. Од болница ја навикнаа со таа, ама не е на Авент туку некоја друга фирма само во аптеката во Ремедика ја има. Има вакви слични и на Авент. Таа и обични цуцли од Авент убаво ми ги прифати, после земав на Бибс не ги сака нешто многу, општо не сака многу цуцли. Шише земав стаклено исто на Авент и 3 пати ако има пиено кога беше новороденче. Сега нејќе никакво шише, а имам и на Чико шишенце што си одеше со пумпата, тоа па нејќе да го види. Јас не знам како ќе пие вода, чај, сок ова мое девојче. Се гади од шишиња.
Јас таму ја купив, на друго место не ни барав. Пишуваа дека се на Авент иако се спакувани во ќесичка на којашто мислам дека не пишува ништо и по една одат во пакување.
Знам пред да се породам тука пишуваа дека ја нема на др место. И јас не барав, од Ремедика ја купив. Не се сеќавам што пишуваше на кесето што беше спакувана ама се си мислам дека беше некоја 'непозната' фирма со 2 имиња, затоа мислам дека не беше Авент. Ама не сум сигурна. Како и да е, овие што се како мечиња се многу слични на таа што ја имам. Не е важно каква ќе му дадеш, може да фати што ќе му дадеш, а може и да не сака воопшто никаква. Земи си ко така вакви медицински.
Не се истите, иако формата на делот што се цуца изгледа исто. Овие биле потврди, така пишуваа. Побарај, ако најдеш, ок. Ако не, кога ќе одам во Скопје, ќе ти земам од Ремедика ако ти треба да пробаш и по карго ќе ти пратам.