На излегување од болница купив две цуциња. Таму цуцаше мислиш мед тече од неа се додека не стигнавме дома. Едната не ми е отпакувана. Ако сакаш без проблем би ти ја пратила некако Да се едитирам само за шише. И тоа ни беше иста песна како со со цуцлата. Таму ми рекоа да комбинирам млеко, калмата ја форсираат. Видов бебе пие ли пие и нормално купив ајде нели дома плачки да нема. Дојдовме дома заспа, јас демек направив млеко. Стана она мене градите ќе ми пукнеа од млеко и се решив да не и го дадам шишето со млекце. И така она не повлече ни еднаш а јас си фрлив пари за да ми фаќа место по фиоки
Е па затоа што дома не си ставала гликоза на цуцлата како што прават во Ремедика Затоа таму ги шмукаат како којзнае колку да се вкусни.
Мајки, фала ви премногу на сите! Ќе пробам да ја најдам низ бт, ако не успеам, ќе ве барам за помош. Фала ви уште еднаш на сите.
Не секако, си правам планови што како ќе биде,баш сум ниска а коритото директно во каде ќе неможам така да го бањам од раната. Па се мислам за сталагов дали се исплати. Или па коритото на шоља да го ставам.
Јас овој го имам Најниската точка е 82цм, највисоката 89цм. Не мислам дека е многу висок, по мене таман е.
Мене од сите цуцлички, само таа на Филипс ми ја сака,дека нема пластика. А шишиња имам Томи типи, и некои од Џамбо евтинки,сите ги фаќа. Ама најубаво ми е Томи-то,дека треба да цица не тече само
Женска јас сум од Битола, најголем избор на Агент имаш во Еурофарм и во ДМ, само во ДМ се малце поскапи. Со лес!
Ве молам без забуни. Зелената цуцла што ја постирала @0ли е од Филипс Авент и е од истата линија на цуцли тие што се ко мечиња што ги постирала @IRBBB Разликата е таа од @0ли ја викаат болничка бидејќи е за прематурчиња и за помали бебиња...Таа ко мече е мислам 3+...Таа болничката ја има во еурофарм ама потешко се наоѓа ама ја има и во аптеката во ремедика зошто мислам во ремедика им ја даваат на бебињата...Не е во кутија,во обично како кесе е...А @IRBBB и од мене ја имаш како препорака неа, моето ја обожава, сепак зависи од бебе до бебе ама ние првите две недели лежевме на неонатологија и докторите таму ми рекоа си ја зела најубавата цуцла...Сепак секој одлучува за себе
Одлучив, ќе ја барам таа медицинската, болничката или каква и да е. Тие со мечињата ги видов онлајн во аптека во Кавадарци, има 0-3 и 3+. Фала ти.
Филипс е. Медицинска во еурофарм исто така ја има. Ако неможеш да ја најдеш пиши ке ти ја испратиме Срам ми е да пишам оваа е за до 3 месеци а син ми 2 години ја цуца. Срамота Бебе нејќе а не цица. А синко цицач беше
Дали треба да паничам бидејќи имам само една цуцла и едно шише,двете од Tommie,намерно зедов така бидејќи абер немам што ќе се дешава и што ќе ни треба,па после да докупувам да не трупам шишиња од почеток беспотребно и нз ни дали ќе ми прифати...
Ич да не паничиш. Јас имав само едно стаклено авент шишенце купено малечко уште 7ми месец бремемена. Онака од кејф Ни цуце,ништо . Лажичка немав купено за да давам капки за грчеви. Некако се купував работи од аптека тек дома кога си дојдовме и кога почнав да станувам свесна што се ми е потребно. И ти ке излезеш и маж ке пратиш некогаш. Не си трупај пред време работи
@Happyinlove фала ти мами Му се погодила на детето, баш слатко изгледа Индивидуално е, некој нема ни 2 секунди да ја подржи, на некој нема да можеш да му ја извадиш од усте. @Stressed Out и јас така планирам друшке. Една цуцла лажачка и едно шише. Се надевам дека на доење ќе сме. Па ако има потреба, накнадно ќе докупувам, неќам да трупам беспотребни ствари.
Имаш, не си без ич. Некои доктори и лактациски консултанти велат дека за доено бебе не ти ни треба ништо.