@mamaJana @Happyinlove @IRBBB Фала друшки реков да не сум жива неспремна,секако планирам здравје откако ќе се роди беба да го направиме финалниот шопинг од аптека
Јас немам купено ни цуцли ни шишиња. Со првото изнакупив еден куп и на крај ништо од тоа не искористив. Бебе едноставно се гадеше од цуцли и не форсирав. Беше на ексклузивно цицање до 6 м, после тоа давав вода од чашка. За цуцла не ни се трудев да ја научам затоа што беше мирничка бебе. Така и сега планирам, освен ако не отвори некоја уста за плачење, па да барам спас Инаку не разбирам зошто уште од болница се форсираат тие цуцли, ама секој со свое мислење.
Вакви се тие од Ремедика, тие не може до нос да се. Во Еурофарм што ги купувате, со ваква вдлабнатина се?
Сфатив за кои зборуваш, прочитав дека за мечето пиша. За другава пишав, за медицинската, претходно заборавив да ја спомнам вдлабнатината.
Ваква немам ни видено ни користено. Не велам дека не е добра. За таа со мече спомнав да знаат идните мајки.
Мојот коментар беше надоврзување, не се убедуваме која е подобра. Баш ме потсети на тоа дека нема како да дојде зеленава до носот. Ја ставив сликата за тие што сакаат да ја купат баш медицинската (не мечиња), претходно заборавив да го спомнам вдлабнатиот дел што го има цуцлата.
Жени можеби е глупаво прашањево. Под шпикозни и под бенкичиња ставате и боди? Ова за летно време прашувам
Па летно време мене ми изгледа дека моето само по боди ќе биде, евентуално и пантолонче/хеланче кога ќе изладам просторија. Можеби за спиење шпихозни ако не ја ставам во вреќа.
Да, не се изјаснив убаво. За спиење ми е повеќе не знам дали треба и да се повиваат. И ако се повива целосно што да ставам под тоа, дали само боди или само по шпихозни Не сакам да го варам
Ни сега кога сме по дома не му ставам боди под шпикозни. За летно време само по боди на кратки или по пелена само.
Кога ќе се роди, здравје Боже мислам дека ќе биде околу 30степени. Овде знае да биде прежешко и спарно и температурите навечер не се спуштаат, ептен малку за некој степен и затоа сме цело време и со клими спиеме, ама пуштена од друга соба. Затоа немам поим како треба за спиење барем дури е новороденче а читам требало да се повиваат
што значи ова tog кај вреќите? јас за спиење уште ја облакам во боди по долги, чорапчиња, шпилхозни и вреќа без ракави. температурата во соба преку ноќ паѓа до 18-19 степени и камен ѝ се рачињата секое сабајле.