Нема врска рачињата со тоа дали и' студи. Кај вратчето ако е топла, значи не и' е ладно. Шпикозни па и чорапи плус нема потреба. Кај нас е 19-20-21 (најчесто 20,5 одржуваме ноќе температура во собата), спие по боди на рамки, боди на долги и во вреќа, без долна пижама и без чорапи. Секое утро е топол. Боди на куси, шпикозни без ногавици и вреќа е доволно, тргни чорапи. Инаку, тоа е ознака за дебелина на вреќа/прекривка/јорган.
Гледам дека и повеќето ти се понудиле, ама еве и јас, како и да е јас одам во Ремедика, слободно обрати ми се ако не ја најдеш ќе ти земам и испратам
Полна сум прашања деновиве, ама привршуваме полека со подготовките. Да ми препорачате релаксатор што лесно ќе си го местам низ дома со бебе за да биде до мене додека работам нешто и да биде со нормална цена секако.
Јас нарачав од Merino choice, треба да ми стигне деновиве, па ќе пишам како сум задоволна од квалитетот. Инаку вака на слика ми се преубави.
Јас овој го имам и само го влечам низ собиве. Најискористено нешто до сега. Прелесен е, не фаќа многу место, удобен јас презадоволна сум
Јас го земав овој мами. Сега е на попуст. Продавачката во Енци Менци ме убеди пошо може да се користи закачен на лулката до 9 кила (6 месеци) а после откачен со мануелно нишкање до година дена (мислам 12-15 кила). Другите сите шо ги гледав се до 9 кила. А овој ем поефтин ем повеќе можеш да го користиш. Материјалот е преубав, мекичок.
Јас купив колку да ги отворам, да ми се истурат во фиока и да ги фрлам Поминувам со пешкир или тетра за ушињата, за папче ми рекоа никако да не чепкам со чепкалка и затоа не ни купив пак
Mмм многу убав и овој мама, со здравје да си се релаксирате. За маневрирање каков е, лесен ли е, ќе можам ли да го кревам и шетам по дома и дали зафаќа многу место?
Јас школката ја чистам со стапчиња. Внатре не треба ама тоа што е надвор со стапче собирам. И позади уше со стапче бришам.
Зраво. Дали може да ми кажете што е потребно од облека да се купи за новороденче и колку парчиња ќе ми бидат доволни? Треба да се роди во јули. Исто така од кои шишиња и цуцли сте најзадоволни? И кој шампон, лосион да го купам за почеток?
Јас овој го купив. И баш од таа причина што лесно е за шетање низ куќа, работи и на батерии и со адаптер. И воопшто не изгледа гломазен, преубав е нежен. Јас кога го зедов беше околу 5200ден, моментално колку е незнам.
Да го гледав и него убав е ептен, сега е 6190 ден. Ќе ги разгледам поубаво и ќе се одлучам за некој секако.