Додека спие сечеш? Лесно ми беше додека цица да му ги исечам, тој легнат до мене и си срка, а јас прсте по прсте полека. @Pacient srna Пробај додека цица. После, како што пиша Јана, многу потешко е. Јас се снаоѓам за сечење после јадење, кога во хранилка е снеможен од јадење и одмара на најниско ниво наместена. Тогаш за 1 мин сите му ги сечам.
Ne be ovaa ako ja cepnes u cicanje odma rita. Jas ja dojam rasoblecena poso samo pozicija topka odgovara i od cickata vrz nea pregreva, e sega da ne e so goli noze i frlam pelenka i odma pocinja da kloca j so race i so noze
Како ти е полесно. Јас пробав со ножичка првиот пат ама дали беше лоша, дали е до мене не успеав. И од одма почнав со ноктарица. @Pacient srna Сигурно веќе некаде на форумот си прочитала дека ладни рачиња не значи дека и е ладно. Најдобро на вратчето проверувај. Нормално е да се поладни зашто лежи цело време, не се движи. И капче немој да ставаш зашто ја регулираат температурата преку главата.
На раце некогаш дозволува ако е расположен ама тој лази, јас одам по него и едно прсте на една минута Ама и тие моменти се ретки. А на нозе нема теоретска шанса додека е буден, многу скокот има и мисли дека си играме, па ја трга ногата цело време.
Аууу нозе нема шанси да му сечам сама, ама и со рацеве е ептен тешко. За нозете само ако мм му дава млеко да пие, а јас сечам, но најчесто тоа трае доста време бидејќи клоца со ноџето и не седи мирен ако сечам. @Pacient srna Да додадам, и ладни ноџиња исто ако се ладни, не значи дека и' е ладно, како и со рачињата е со ладното. Преку нив се ладат ако им е топло и не треба да се затоплуваат со ракавици и со чорапи ако се студени. @Naatashka123 Сечам само со ножички, на Чико.
@0ли може ли сликче од ножичињата? Видов едни на Чико во ДМ, ама ко за хартија сечење беа, многу дебел беше металниот дел, се замислив како ќе исечам мало нокте кај бебе со тоа?!
Многу лесно се упропастува. Се губи интимата, како што ти пиша членката погоре, што е смрт за секој брак, а и детето што порано научи да се осамостојува, тоа полесно првично за него. Второ, ако до касно спие во ист кревет, после ќе се научи да се трупнува во нивен кревет во секој момент и тука скроз се зезнува се. Другарка ми има две деца, бебе и 2 годишно и си спие со нив, а маж и спие на кауч во дневна. Почна да се жали на него, отсутен бил, немале секс итн, што е нормално. Не е единствена. Едит: Ако постои ваква тема, префрлете ги коментарите, непријатно ми е што сум оф топик.
Комплетно се сложувам дека се руши интимата. Сеуште не сум породена и верувам дека е убаво чувството бебето/детето да спие до вас, ама постојат граници. Познавам многу такви примери и искрено не знам како прават второ дете. Во вакви случаи мажот многу често може да се осети отфрлен, поготово ако е дислоциран во дневна. После се чудиме зошто се растураат бракови... Мора да се балансира.
Ајде разбирливо е првите неколку месеци дур се дои често и пак е тензично, еве во мојот случај со првото дете бидејќи до 6 месеци го доев, спиев во друга соба, бидејќи маж ми се буди лесно и воопшто не се гледавме. Ама да си затераш спиење подоцна, е стварно безвезе, после излагал, шетал, женски бркал... И јас би искрено.
Така си е.. Мора да се прилагодиме соодветно на ситуацијата. Греота е да се доведеш во состојба мажот да стане љубоморен на сопственото дете. Не знам стварно како ќе биде, прво дете ми е. Ама моментално имам толку многу љубов спрема маж ми што мислам дека нема шанси да си дозволам да го запоставам. Да не зборам пред време, ама ќе дадам се од себе да балансирам. Едната и другата љубов се неспоредливи.. и те како треба да се негуваат и двете.
@Bicka77 @NovusOrdoSeclorum 7 години е веќе крајност, мислам дека и разговор со стручно лице нема да е на одмет. Интима може да се изгуби ако кревет е единствено место каде што партнерите имаат секс. Откако станав мајка се се смени. Љубов повеќе ама се е понапорно. Имам темпераментно дете, со цврст карактер, нејадач, со спиење има драми понекогаш од тип ке заспие и ке се разбуди па до 1 буден е, како вчера, лудило. Пред еден месец почна до мене да спие, а 20 месеци пред тоа во креветче. Плус средуваме стан и се селиме. Покрај сето тоа имам време за секс. Ако партнерот заради детето се оддалечи, тоа е само изговор и има друг проблем, можеби не сака секс, нема привлечност, не се чувствува секси итн. Јас кога сакам секс и интима со маж ми, не е проблем и на земја да постелам кебе, додека спие синко да не крцне нешто. Значи за да има секс треба иницијатива од двете страни, се друго се изговори. За бенефитите и потребата детето да спие само го имам истиот став. Откако ке поминат тие одредени фази, детето треба да спие само. Јас дури не оправдувам ни да спие бебето до мајката додека е цицалче, за да на мајката и е полесно, пред се заради безбедност. Јас на 2 часа станував ама до мене не го ставав да спие. Се на се, се согласувам дека дете по одредена возраст мора да спие само, ама за сексот не се согласувам. Штом си станал родител значи треба да си спремен на промени, макар што некои не се пријатни, како секс на земја.
Медицинска цуцла, за новороденче од Авент каде има? Не се осеќам најдобро, па да не шетам, деновиве дали сте ги виделе некаде? И шише се мислам меѓу Авент натурал и едно со цевче внатре. Или е подобро друго некое шишенце? И ножички, чешлиња, пумпици од каде е најдобро?
Авент натурал е супер јас имам и сум задоволна. За старт стаклено земи. Грицкалка томи типи, аспиратор исомар, чешел и четка чико.
Медицинска цуцла на Авент јас земав од Еурофарм што е во Веро Тафталиџе (имаше доста на рафтот), мислам дека во повеќето Еурофарм ги имаш. Шише уште немам земено, а и немам искуство, ама случајно видов дека Авент натурал е на попуст во ДМ околу 500 денари. Имам читано низ форумов дека на Томи Типи антиколик без цевче внатре ги фалат доста. Ножички и чешлиња исто на форумов што читав на Чико ги препорачуваат доста. Толку знам, толку можам да помогнам
Во секоја аптека. Јас од еурфарм купив. Тоа ти е пумпица за носе за вадење секрет, ама не е пумпа, туку ти со уста влечеш колку силно треба. И физиолошки раствор спреј ти треба, тоа е за носе да шприцнеш ако има потреба пред да влечеш.
Не знам дали Авент натурал е тоа едно големо стаклено што го гледав, околу 800 ден мислам беше последен пат кога проверив. Ова што си го видела на попуст стаклено е?
Има и мало стаклено авент, и таа цена е. Мада и големото го купив околу 600, ако не ви е итно чекајте попуст.