Мајки, цел ден се мислам и тешив да прашам, дали да купам масло за масажа, ќе ми треба од почеток или не? Имам купено шампонче, млеко за тело и крема за пеленска регија. За почеток што ќе ми треба друго козметика?
Јас почнав да користам откако почнаа грчевите. Тогаш уствари почнав со масажи. Ама мислам дека и хидратантно млеко ќе ти заврши работа.
Мајки, сакам да ве прашам за совет што мислите за ваков тип на креветче,дали се добри со оглед на тоа што од трите страни е затворено(овој модел што го сакам нема мрежичка од страните) споделете искуства
Другарка има слично. Супер е за почеток и лесно се пренесува од соба во соба. Но бебето брзо го надраснува и за брзо ќе ти треба поголемо креветче.
Zdravo a kakvi se tie pernicinja sto se so dupka za glavceto da se oformi Ili podobro e da spijat na ramno bebuskite ? Sto mislite?
Најубаво е на рамно да спие. Со тие перничињата, ќе заврти глава на страна и пред носе ќе му дојде перниче, ќе му отежни дишење.
куп додатоци сакав да му купувам, меѓу кои и такво пЕРниче, сепак ниту педијатрите, ниту ортопедот не препорачаа дека треба да се користи перничка за бебе. Ќе му ја менувате страната на која спие, па така сам ќе си го оформува главчето
Исто и јас така правам. А првата недела се научи во болница цело време на цицка од она кога сака и колку сака а и ја појма немав од доење и цело време со устето ќе цица само лажливката ние е спас и тоа имаме пет на сите страни по една хаха
Здраво мамички Веќе ја почнав 37ма недела и ова ќе ми биде прво бебе Скоро па да ја исчитав темава Со покрупни работи сме снабдени(креветче, количка, транспортер, шпикозни, бодиња на кимони и на кратки, чорапчиња, ракавички, бањарки, лигавчиња, капчиња, дводелни комплетчиња и сите ми се 0-3 величина, валјда значи 56ки дека се), шишиња цуцли, топломер, такви работи сеуште немам купено, си викам има време Е сега ми треба помош Сакам душек да купам од либерта, а исто и постелнина, некако најефтини ми се видоа таму тие со оградници, 1800ден се, а тие со плетенки се околу 3илјади Дали некоја од вас има земено од таму и како сте задоволни или пак може да ми препорачате некоја друга продавници за постелнини во ск
Јас купив 2 душека од Либерта, едниот 10цм, другиот 15, така ми требаа. Супер ми се сега за сега, ма да сме мали, ама супер се.
За душек неможам да ти споделам искуство, но за постелнини и оградици да ти препорачам да не купуваш какви било, јас купив од локална продавница за бебешка опрема ги платив 2000 ден и се искинаа уште во машина за перење, па купував нови. Сега имам 2 комплети од кои сум задоволна, едните ги нарачав од Билјана Биле Новина на фб можеш да ја побараш, екстра квалитетни се, плус безбедни, немаат простор измеѓу и се врзуваат и на долниот дел на креветчето, за цел сет со перниче(1цм), јорганче и чаршавче плус оградиците платив 2300ден. Другиот сет ми е од Ситник, иста цена но овие се подекоративни да речам но не толку безбедни и практични.
Постелнина комплет не ти треба. Таму имаш навлака за јорган, за перница, некогаш и јорган. Земи си чаршав со ластик, 3 4 ти се доста. Во тила имаш само оградица за 4 страни, ти ја препорачувам таа. Додека е мало памучно кебе, за потоа вреќа.