Сет не треба за ниедно годишно време. Земи си одделно се што ти треба и си сакаш. Во сет има ракавици, некое бело на преклоп, капа, не ти требаат.
И јас сега имам јуни термин и ова комплетче го спремив и + боди нормално, и тенко ќебенце. Не зедов од тие сетови, сите ми велеа имало мн непотребни работи
Како ти е мерак така. Нема правила и не слушај други. Секој за свое дете си одлучува. Јас земав сет од 10 парчиња и тоа ќе го носам. Така ми е мерак. Нема се да носам дента ама работите ќе ги користам понатака, не е дека има непотребни работи внатре. Ќе ставам тенко боди, панталончиња, ракавици и капче. Во сетот има и елече, без ракави, со апликација, може ќе го ставам, не знам какво ќе биде времето дента, ако треба нека му го облечат. Во комлетот има и ќебенце тенко, мене мерак ми беше најмногу за него Сакав едно како боди/ шпихозни, не знам како се води, со кратки ракави и кратки ногавици ама некако ми е страв од сонцето, па се предомислив.
И јас мислам тоа во што си сакаш.Само како идеја ако ти се допадне, јас си земав многу добар сет од Зегин, органски памук со 7 парчиња.Не е кој знае што на изглед, ама барем е органски памук и имаш се што ти треба, а и не е прескап, мислам дека беше околу 1500 и нешто.
Имам земено две ќебенца од памучните, потенките за бебе.Што мислите дали треба да земам и некое малку подебело ќебенце за почеток или за малку поладни ноќи?И од каде би можела да купам некое подебелко ќебенце?
Јас земав дебело ќебенце, во смислам да имам, да не ми притреба. Бебе само со памучно го покривам. Дебелото испрано стои во шкавче за зима хаха. Според мене за сега не ти треба дебело. Сега деновиве се ладни ноќите, па пак не сака да биде многу покриен,не па за лето во жешкото.
Ке го покриеш со двете ако има потреба. Јас имам едно подебело, памучно ама дупло и го користев во есен.
Не зимам и јас тогаш.Претерав со купувањеама дека без искуство и се си мислам да не ми фали нештоФала ти. Фала, така ќе направам.А и пак земав вреќичка тенка, па за подебело ќебенце ќе почекам за понатаму.
Не е баш за бебето прашањево, повеќе е за мене, ама оваа тема ми делува најсоодветна. Каква торбица носевте за во болница? Сега ги гледам оние торбите за бебешки работи и случајно начекав ваков цел комплет. Дали таа најголемата торба би била соодветна за во болница, или е малечка? (а шо би требало да се носи освен влечки, влошки, крпа, спавача, долен веш, козметика, марамици, пунач за тел и за бебе памперси и крема?)
Па баш и не мораш да купуваш торбица за у болница. Побитно ти е за отпосле, кога ќе излезеш со бебе да шеташ, или негде кога ќе го однесеш да имаш у што да ставиш памперси, облека, играчки, шише, кашичка.. За таква намена мене попрактични ми се видоа ранците, не го осеќам на грб а со торба би ме болелело едното рамо. За во болница некоја најобична торба што ја имаш дома ќе ти заврши работа.
Па и немам баш низ дома... Затоа мислев ваква ем за болница, ем ќе ми се најде за после целиот комплет.
Количка немаш купено? Најчесто со количка оди и торба. Овие мене на око не ми се убави. За во болница можеш ранец, торба за опрема за вежабње (таква носев јас), било што. Јас носев и 3 крпи кои не ги искористив дека царски. Инаку тоа е.
Подобро ранец, па купи си некоја убава торба. Многу мајки гледам со ранец што се закачува на количка. Разврти низ темата ке налеташ на таков.
Јас планирам да носам мало куферче (carry on) и можеби еден ранец за маж ми. Најубаво се во него и на туркање, да не се молкнеме со торбици.
ја има некоја листата на се што е потребно за новороденче? Мислев се сум купила-вчера прво капење немав со што да го намачкам, знам со јекодерм првото го мачкав. Секогаш има нешто што недостига