Здраво мамички ајде ако може малку помош, прво бебенце ми е. Ако има некоја мамичка што се породила во Штип да ми каже што е потребно за во болница, јас имам спремено торбица ама да не сум пропуштила нешто или да не треба да извадам нешто. За бањање на бебето што ми е потребно? И имам земено на BabyNova пластично шише и Canpol цуцла, па како се мијат пред користење? Дали за во болница би ми била потребна цуцлата? Ви благодарам однапред.
Креветчето ми е во спална, не можам таму да ја оставам пола саат додека правам ручек, а и секогаш кога ја оставам плаче пошо мисли дека ќе ја терам да спие…
И јас за истава причина сакам да купам транспортно креветче/игрална ама уште не сум купила ни побарала само онлајн имам разгледувано…ако купиш пиши ми
За шишето и цуцлата сигурно имаш упатсрво што иде со нив за тоа како да ги стерилизираш. Имаш плус бебешки сјаеви. Јас го знам и користам фрош бејби, го има во сите поголеми маркети, дм, зегин. Има и еден во Стокомак, не знам како се вика. За Штип сега брзо видов има посебна тема во бременост, види таму околу спремање за во болница.
Разбирам, исто беше и кај мене. Јас купив креветче со стандардни димензии. Игрална само за играње е а креветчето можеш и на пт да го носиш.
Еве @MilaSs12 даде убав аргумент, дека креветче може и за на одмор да се најде или пример јас некогаш преспивам кај моите…мислам дека креветче повеќе работа би ми завршило
Zdravo Od koja selikonska bradavica za doenje nabavivte koj se najdobri dokolu nekoja majka veke koristi neka kazi iskustvo Pozdrav
И јас сакав да прашам за ова. Јас веќе земав на авент, ама мајка ми ми вика големи биле а со првото ти користев и задоволна бев многу... Само не сум сигурна дали с или м имав... Кога ги зимав с ми беа некако ептен мали а и аптекарката ми ги предложи м-от.. И сега незнам.... Нека пише некоја мама искуство
Големи изгледаат, но добри се. Моето бебе ги прифати без проблем, а доброто беше што лесно ги тргнавме. Не знам дали имаше бројче на моите, мислам дека беа стандард големина.
Јас го користам на Медела с величина. Одма без проблем уште во болница ги прифати. Сега сме у фаза на одвикнување. Задоволна сум јас од овие.
И ја бев задоволна од авент, син ми не се ни довикна, 24мес цицаше исклучиво со брадавица, но ич не се сеќавам дали почнав со оваа или после ја сменив за поголема....
Medela дефинитивно. Во болница ми донесоа на baby nova катастрофа, многу се меки и не се лепат убаво. На медела е потврд силиконот и не се одлепуват.
Што мислите за подлога за пресоблекување, дали е неопходно да се купи? Исто ме интересира дали ставате оградици на креветчето сега кога е толку топло времето, се мислам да не го спречуваат провевот на воздух и уште потопло да му е на бебето?
Добро е што позајмив подлога за пресоблекување,а не купив. Кога ја ставив на фиокарчето ептен се лизгаше и немаше шанси да ја ставам(на моето фиокарче се лизгаше има на некои не се лизга), 2 месеци сме ограда немам ставено нема потреба жешко е, а и плус тоа бебче не мрда толку за да се удри од некаде на креветчето. Едит: на кревет ми е најлесно да си ја пресоблекувам, така да јас мислам нема потреба од подлога.
Мене премногу ми се најде таа подлога наместена ми е на повисоко, да не се кривам надолу цело време и онака имам проблеми со кичма ама ми стои во спална и ако сум во дневна си го преслекувам на гарнитура со подлога за еднократна употреба…кога беше мало можев и да го оставам на подлогата пример ако сум ја заборавила маста за пеленска регија во дневна па можев да тркнам да земам, сега веќе порасна малку, од 4 месеци навака мора да сум цело време тука и веќе се врти па така уште малку и не ќе можам да ја користам значи ако имаш проблем со кичма земи си, не е неопходно, ама мене многу ми се најде, ама уште поубаво ако имаш да си позајмиш @Bulibu мојата подлога не ни мрда, залепена е на 4 места со двостран лепак, ако знаеш за теписи што се користи, планирав да ја заштрафувам ама не сакаш да си ја уништам комодата вака ја залепив и нигде не мрда
@Lilijan7 подлогата за преслекување и сталакот за корито се најдобрата инвестиција што ја направивме за бебешка опрема. Спасена ми е кичмата. Подлогата си стои на фиокар во кој си се бебешките алишта, имам и една дупка под подлогата кај шо ми стојат пелени, креми, лосион, павловичева, туфери, витамини, ножички, чешле... Сите реквизити што ми се потребни за да не ги преместувам од една во друга соба или од еден на друг кревет. Неколку дена бевме кај моите, и ми се чини секое сменување пелена беше цел ритуал. Да станат сите од кревет, да се постели подлога за еднократна употреба, па да се преслечи бебе. Па бидејќи војна се води со моето бебе кога иде на ред облекувањето, 'рбетот ко велосипедска патека ми се направи. После капење па дури наместам пелена, па да намачкам лосион, да исчешлам, да извежбаме, па да го облечам... Од мене едно големо да за подлогата.
Мила, дали би било практично да ја наместам над креветче? На два ума сум дали да земам, зошто немам простор за фиокар (додадовме фиоки во плакарот), и идејата ми е да ја редам над креветче, само не знам колку би била стабилна така .