Што мислите за маслото за масажа на стомаче од Веледа? Дали некој го користи и како е задоволен? Пишува дека спречува создавање на гасови во стомакот. Јас ги купив кремата за пеленска регија и шампончето од Веледа, а се мислам дали да го докупам плус и маслото за масажа или доволни ми се само шампончето и кремата.
Здраво на сите. Кажете ми по колку тетра пелени отприлика купувате? Јас земав неколку кои би ми служеле за постилање и покривање но не знам дали ке треба и врз памперс да ставам плус за машко бебе.
Јас имам 20. Ги користам за покривање, дури го пресоблекувам некогаш постилам. Сега на жешково ги користам за дури го дојам и ми е во раце, под глава му ја ставам, да не се поти. За врз памперс сигурно мислиш на широк повој. Јас не ставам. Ќе ти кажат во болница дали да ставаш.
Јас го масирам со лосионот, кога го мачкам после капење, немам посебно масло за масажа. Колку повеќе толку подобро. Никогаш доволно тетри. Од почетокот јас имав 15,ама за брзо уште 20тина докупивме и воглавно машината за бебе ја пуштам со тетри. И јас имам машко бебе, на почетокот ставав широк повој, ама престанав ради жештините, нема шанси сред лето плус да му доставам тетри.
Колку повеќе толку подобро. Јас имам 20 и си мислам да си докупам уште 10. За све се наоѓаат. Јас ја мијам после какање и со тетра ја бришам и обожава после тоа да ми се помоча дневно по 3-4 тетри ми моча. Плус се наоѓаат за у количка, за покривање, за постилање, за у раце додека е сега на жешково. Тетри никад доста
Да те дополнам. Ако има бебе што повраќа како моето +5 тетри обавезно идат за перење. Во секое време мора да има една тетра во дневна, една во спална. После капење ушињата и наброите од кожичката со тетра му ги пребришувам.
Од маското дефинитивно нема да му мине болка во меше. Ќе му олесни од масажа, тоа да. Сигурно е убаво масленцето ама малку претеруваат со декларациите. Тоа ќе се постигне со било кое масло, па и лосион. Јас го имам на Бејби Сиберика, редовно го масирам и му олеснува.
На тоа и мислев. На декларацијата е баш убаво напишано, ама како што вика @LivingGlam може малку и претеруваат. Затоа мислев некој од лично искуство ако може да сподели дали е задоволен. Инаку е околу 800 ден. во Зегин. Фала ви девојки во секој случај на споделеното мислење.
Јас го имам и овоа и на хип. Моето немаше грчеви али после капење на старт го масирав и баш се кротеше, и дрн денес ужива и лосион и масло коа хо мачкаме. Убави состојки има делуваат смирувачко на телото. Е сега за јаки грчеви нема да делува само масло , овоа онака да го опуштиш малку.
Здраво на сите. Ако има некоја скоро породена на ГАК да сподели искуство. Дали е потрено да се носи облека од дома за бебето? Знам треба влажни, памперс и павловичева плус работите за мене. Ме интересира дали ги облекуваат од таму или се носи од дома облека?
Павловичева не ми земаа. Облека за бебе не треба,таму ги облакаат. Јас бев пет дена и бебето цело време ми беше пресоблечено и чисто.
Дочекав и јас во оваа тема да пишам. Сакав да прашам што се ми е потребно од облека за бебчо (термин имаме во септември), имам една листа како водич ми ја дадоа да се послужам при купување ама некако се малку ми е. Пример пишува 3 бодиња за новороденче и 5 бодиња бр.56. Нели е тоа малку? Зарем бебе не го пресоблекуваш три пати во денот или планираат секој ден да пуштам машина. Колку бодиња(и какви), колку шпикозни, што од панталони, блузи, капчиња и слично. Најмногу ме мачи бројката, некаде ми кажуваат 50, некаде 56. Исто сакав да прашам за во креветче, освен душекот нели нормално и ќебенце со кое ќе го покриеш дали уште нешто ми е потребно? Колку ќебенца да купам за почеток? Ве нападнав со прашања ама ова е само почеток
Па јас моево не го пресоблакав воопшто често, немаше потреба. Бљуцкаше на тетра, памперс не пропушташе.. Имав 3 50ки и 7 56ки. 56ките до скоро 3 месеци ги вртев. Тие што ги викаат боди бенкица, на преклоп се најлесни у старт, барем за мене, додека да си фатам ред со бебе. Шпихозни 5-6 ги вртев исто првите месеци. За покривање земи си памучно ќебе, а бидејќи септември е топол, би ти препорачала и муслински пелени да си земеш, таман со нив ќе покриваш во почетокот. Блузиња, панталончиња почнав тек после 3ти месец да облакам, полесно ми беше со шпихозни дека прво бебе. Околу бројките 56ка се смета за 1 месец, додека 50ка и 52ка како за штотуку родено. Некаде ќе видиш и 0-1,тоа е 56ка а 0-3 у превод е 56/62 цм.
Јас мојава за навечер ја облекувам во едно за преку ден во друго. На 2-3 дена пуштам машина. Јас купив од џорџ 7 бодииња од 0-3 по кратки. На почетокот и беа маалце големки ама нишо страшно. За првиот месец ако сакаш да му се точни земи 50ки за после од 1-3 56ка бројче. Имај си барем по 5 бодиња по кратки и 5 по долги и 3-5 пара шоикозни за навечер за спиење. За почеток мислам дека е ок, после ќе си докупиш по потреба.
Јас имав за почеток 10 бодиња по кратки и долги, 56ки. Имав и дводелни комплетчиња, ама шпихозни се полесни за облекување. 3дводелни, 4шпихозни имав. Два пати го пресоблекувам, еднаш сабајле, еднаш вечер. Капчиња, лигавчиња имаше во комплет со сите, но топло беше од почеток, не употребив ни едно. Моето се роди мало, 56ки му беа огромни, па докупив после 50ки неколку. Искрено ако има над 3кг бебе не ти требаат 50ки. За во креветчето јас имам 2 постелнини за сменување. Ќебенца за почеток земав памучно и дебело. Памучното го користев на почеток, после ептен топло фати, или со тетра или отпокриен спие. Друго ти треба крпи за бањање, тетри пелени, чорапчиња, не ми текнува друго..
И јас сум термин септември и наш сакав да прашам за сè што треба, зошто колку повеќе читам во темава, толку повеќе се бунам, сè и сешто се спомнува. Мене па 50ките ми се сите бодиња без ракави и ногавици, само на потенки и подебели прерамки. А од 56 има неколку и со ракавиња. Ладно би му било на бебе? Најмногу варијации имам 62ки, ваљда може и нив да ги искористам евентално со подвиткување некако, ако е ладно. Туку што друго е must за почеток? Освен облека, креветче, количка, транспортер и кадичка? Да си земам уште сега пумпа? Шишенца одма требаат? И цуцли? Од козметика доволно е 1 купка, 1 масло и 1 крема со ѕинк? Или треба уште нешто? За мене ми треба нешто козметика, некакви креми можда? Да си земам уште сега мрежести гаѓи? Кои се работите апсолутно потребни за почеток?
Најмалите 50ки ќе ги користиш одма. Моето на 4кг мислам 56ки му беа таман. Добро е да имаш и со долги, не знаеш какви ќе бидат ноќите на пример. Јас ако лето, пред некој дожд врнеше, залади, му облеков со долги боди и чорапчиња за спиење, пошто не сака да го покривам. Пумпата мене ми е најискористена работа од се. На почеток за градите само таа ми беше спас. Шишенца земав едно стаклено, едно пластично, но не ми се употребени. Само на доење сме, не давам ништо друго, така да немам потреба. Земи едно на пример стаклено да имаш. Цуцла една имав за почеток,после купив уште 100, не ги сака. Цуцла сите ја земаат медицнската на Авент. Од козметика доволни ти се да. Можиш да земаш влажни марамчиња по состав 95%вода(виолета). Тетра пелени обавезно,колку сакаш парчиња. За тебе мрежести гаќи и влошки Вир. Друго не ми текнува. А и да ти фали нешто секако можиш да купиш.Мм секој ден одеше по нешто во аптека или продавница.