Да, од раѓање користам само без ракавчиња. Многу подобри од целосните. Мојата прва беше 56-62 големина ми се чини. Доле си има доволно простор бебето да си претка и не осеќа разлика. Боди, пижамчиња и во вреќата на околу 19-20 степени спиеше.
Хмм и јас ги гледав тие но нели му е ладничко на рачињата... јас лично целата се мотам,па затоа се чудам...
Еве ја мојата. Виси на закачалка во темата за бебешки соби. Има два дела, едниот е многу тенок, памучен на долги, а озгора е онаа без ракавчиња подебела. Се комбинира по потреба. Може со двете, може само тенката, може само дебелата. http://forum.femina.mk/threads/Бебешка-соба.14619/page-6
Фала. Со сиот мерак тогаш уште непородена ја наредив и сликав Уште од 3ти месец почнав да си ја опремувам Кај сите само здрави бебчиња најпрво, после се останато.
Здраво мами, ми треба совет што све е потребно за новороденче: колку тетра,колку осмици,колку бодиња,шпилхозни?Терминот ми е во февруари,што знаци ладничко ќе не фати, па ајде вие м ами,со зимски бебиња советувајте ме како ги облекувавте вашите сонцинја родени во февруари?
Без разлика колку е ладно надвор, дома секако ќе ти е топло. Боди со долги, дебели шпикознички, чорапи обавезно на нозете. Мало бидејќи е, ќе внимаваш на рачињата, ако му се ладни одозгора ќе му облечеш некое џемперче или памучно, плишано дуксерче, елече, што ти е позгодно. . Тетра најмалку 20 а осмици најмалку 7. не мора прембогу бидејќи аекако краотко служат.
Jas imam 5 tetra i 3 osmici sosema taman mi se . Zemisi 4-5 bodinja po dolgi , isto tolku spikozni , koga se rodi moeto imav 9 para corapcinja, 3-4 kompletcinja, kapce ne redam za doma samo za nadvor...
Мајки се надевам имате време и би сакале да советувате на темава околу стварите за новороденче. Освен алишта, коритце, креветче, релаксатор, количка, топломер, цуцли, некое шише козметика и памперс што друго е потребно и неопходно ме интересира?? Се надевам некој ќе одговори и ќе подобјасни во кратки црти за нас понеискусните?!
Здраво Витамина, и јас сум во слична ситуација-собирам искуства од другите мами за што се е потребно за новороденче Сето она што си го набројала и јас веќе го набавив,само мислам дека треба да си докупиш и ќебенце и оние моч-мушами. Јас набавив само 2такви и си купив од бекутан од зегин,сто се фрлаат а ми изгледаат попрактични.
Седиште за кола/транспортер Средства за нега на папоче (газички,алкохол), ноктарица,четка/чешелче,термометар за вода...
Јас уште ситници да докупам инаку сум спремна. Се мислам дали има потреба од 2 кебиља или едно и помеѓу две вреќички или една? Искуства од врекички ? Бидејки по препорака овде земав една но не знам дали треба уште во случај за менување? Исто и кебиња јорган постелнини??
Јас земав вреќичка,плик кебенце,подебелко кебе и јорганче...исто и две три потенки кебенца. ќе ги комбинирам ако некое е извалкано додека се исуши и слично. Постелнини 2,екстра 3 долни чаршафчиња и екстра 4 навлаки за јастуче
лелее вие сте се снабдиле баш добро Јас имам јорганче(од комплетот постелнина нели со оградицата што следуваше)+2 кебенца+1кебенце потенко и искрено непланирам ништо друго да докупувам...Во врска со врекичка за спиење,добив совет дека е тотално непотребна во првите 2-3 месеца бидејќи бебенцето не се врти/мрда додека спие,толку како ке го наместиш-така и си нана Е долни чаршафчиња треба даа докупам...се ннадевам нема да заборавам
Од каде купи постелнина и колку пари е и што спага во неа? Каква цуцла купувате за почеток и од кога точно почнува да се дава дали уште од првите денови???? Некој да ми препорача конкретно која да ја купам и дали една или повеќе?
Јас земав две цуцли како за почеток и двете одеа во мало кутивче од томас типи марката. Многу е фалена и квалитетна. Планирам и две шишенца па здравје за понатаму се што треба ќе се докупи ако има потреба.