Во Тила има преубави, со ракави памучни и едни внатре памучни од надвор полар. Има секако и без ракави. Јас само шпикозни тенки памучни. Ама мислам дека и само по боди ќе и е таман.
И покривање до врат е огромна грешка. Со раце може да префрли кебе врз лице. Бебе се покрива до гради со тоа што рацете се над кебе.
Дали некоја има користено ваква станица за пресоблекување што внатре има и кадичка, а подлогата се спушта како капак https://bebehome.mk/product/pali-кадичка-со-фиоки-и-подлога-бирило/ Дали е практична, во смисла се бања бебето во кадичката и после треба мокро да го држиш за да ја спуштиш подлогата и да наместиш пешкир, пелена, па да го ставиш бебето? Или поинаков е процесот? Се мислам дали ми е практично да е вградена кадичката или да си земам посебно кадичка на постоље, посебно фиокар со подлога за пресоблекување? Или ќе ми заврши работа и само коритце што би го ставила врз фиокарот?
Колку што можам да видам, ова не е веќе достапно во Бебе Хоум. Јас би ти препорачала одделно фиокар и кадичка
Мене ова ми делува непрактично. Исто и подлогата за пресоблекување. Имаме подлога, еднаш само ја искористив, тесен ми е просторот и за мене за мене да се движам, и за него. На кревет ми е попрактично, постелувам подлога, до него ставам сите потребни алиштенца и памперс и крема и памперси, сѐ мми е на дофат. Исто и мислам дека би било тесно ако коритцето стои врз фиоките, особено ако двајца го бањате бебето.
Најубаво земи си подлога за пресоблекување, околу 1200 ден е и стави ја на фиокар или плакарче. Мене многу работа ми врши, ем исправена сум и не ме боли грб, ем тука ми се облеките веднаш за облекување или пак пелените кога менувам пелени. Супер инвестиција.
За две деца ја користев. Кадичката си ја полнев бањав бебе,покривав со пешкир бебе па спуштав подлога облекував бебе и подоцна ја празнев кадата. Ги бањав до некои 5 месеци. Кога почнаа да шлапаат и да седат ја тргнав. Секако фиокарот ке ти е мах искористен не колку кадичката. Подлогата и таа ке ја искористиш. Да купуваш одделно работи исто ке ти излези математиката.
Ne se unisti drvoto od vodata? Jas zatoa ja otpisav ovaa najvise. I poradi toa sto sakav bebe vo kupatilo da banjam a ne vo spalna
Еве трета година ништо не му е . Има плус тркала и сакаш возиш ако имаш простор во купатило сакаш во дневна. Многу квалитетна се покажа. Сега ми е мебел само без подлога и када
Здраво девојки,би сакала да ве прашам за страни на интернет или продавници каде можам да нарачам плетенка и постелнина со ограда,перничиња онлајн за новороденче.Ги гледав кај babybi.mk ама сакам да погледнам и други. Благодарам
Трифантино, Машнички за деца на фб види ги, прават по нарачка, а ако сакаш готови Ситник исто на фб, Фри он или Бубамара, Енцименци, Бебехоум…
Merino choice најди ги на Инста, имаат супер понуди на 2 во 1, гнездо со плетенка, што почетно ќе ти користи, а после се одврзува подлогата и можеш плетенката да си ја користиш како ограда.
Незнаев каде да пишам да споделам искуство со вас во врска со оградици и вреќички за спиење. За ќерка ми имам оградици од Biljana Bile Novina на фб порачано, цел сет со перниче и јорганче за 2300 ден, од сетот ги користам само оградиците ама одлично се направени, влегуваат под душек, сунѓерот е цврст и нема шанса бебе да го крене и да биде опасно за него. За синко порачав од Ситник исто сет за 2300 ден, мислев многу ќе бидат практични ама ужас се, плус никаков квалитет. Оградицата е составена од три перничиња и од страната кај нозете и главата има како ваља и, катастрофа, се вадат многу лесно и неколку пати бебе го најдов иссукано под перниците. А перниците како некоја синтетичка волна полнети, се вадат топчиња низ навлаката.. Тотално неискористена работа се овие сетови па мој совет купете си само оградица од тенките од тила или Ело. Вреќички имам неколку: H&m 0-6м без ракави, ја носеа двете деца C&a 6-12 исто ја носеа двајцата одлична е. Имав една од рамстор пред 2 години за смешни 300 ден ги имаше на акција, предобри, ист квалитет како првите 2. После една година ќерка ми несакаше вреќа па решение најдов во вреќите со ногавици, имам две, една од Babyco.mk и една од Happy Kids Makedonija. Првата е летна тенка вреќа, не ми се допаѓа што ногавици те се прешироки па и се креваа до горе, треба да стават подобар ластик на тој дел, исто така кога ја добив вреќата одвратно мирисаше на некој лепак, после перење мирисот го снема, мислам дека истиот беше од апликацијата на вреќата. Од happy kids вреќата е многу убава, дебела, баш зимска, да не припокриваш дете со ќебиња плус, манна и е што нема ракави. Последно купив вреќа од вајкики за ќерка ми, ептен е убава, со ногавици и долг ракав, мека, памук. Одлична е Ќерка има 3 години, зедов 4-5 и кнап и е, не е воопшто крупно дете 14 кг има. Се надевам ќе ви помогнам на некоја со споделеното.