Термин ми е 20.12, зависи како ќе биде зимово ако е многу магла ќе седи дома, амс до кај моите ,неговите толку
Ja bi si zemala....i da e magla ke odis negde van skopje da go prosetas ke zbesnete doma. Da recese feb mozda i bez toa ke projdese ama vaka mislam ke ti treba
По мое, почекај прво да се породиш па ќе видиш како е, ако имаш потреба ќе купиш. Јас не би купила сега, ама како сакаш.
Абе мене ми беше за од болница и после педијатар да не имам потреба, имам зимско меко кебе па се мислам дали да фрлам пари или ќе поминам со кебето?
Јас на синко му облекувам палто и одозгора го покривам со ќебе. Веќе е 2 месеци и почнува да мрда со рачињата и да го турка ќебето па се мислам сега дали да му купам скафандер, првите месеци немаш потреба оти си седи мирен. А ако трпи ракавици, капа и ќебе на него супер, моето е саклетџија и вади се од него.
Ние цела зима ќе си ја тераме можеби е паметно да купам скафандер, не знам од кој град си ако си од Скопје во бутик канеј начекав најефтин скафандер 1100 ден.
Девојки јас влегувам во седми месец за една недела и сакам да почнам да се подготвувам, сега не знам дали на бебе му треба перничка и навлака уште од раѓање?
Ја имам исчитано цела тема неколку пати и повторно ме страв да не заборавам нешто. Дали ќе може некоја мама да одвои време и да ми наброи што се и било потребно за зимско бебе. Терминот ми е 27 Февруари. За бројче о јас ќе одлучам по колку од се, само ми треба помош да не заборавам нешто... Ќе бидам многу благодарна
Од алишта ти требаат боди со кратки и шпихозни. Капа за надвор и скафандер или кебе. Ракавици не. Чорапи ако купуваш комплети тренерки. За покривање дома памучно кебе не синтетика. Тетри да постелеш на кревет ако спие во дневна да не е со лице на мебел. Ти требаат две крпи за да го бришеш од бањање. И тетри вршат работа убаво впиваат. За бањање гел и лосион. Чепкалки за уши ама надвор за школката не внатре. За папчето алкохол и бивацин, стерилна газа, иако велат дека само ке се исуши кај синко стоеше така некое време а со бивацин се исуши за два дена три.
Зависи колкава ти е температурата бо собата, ама најдобра опција ти е се памучно т.е. боди со кратки и шпихозни. Јас од бебе хоум купив околу 3000.
Совет за идните мајки, купете тетри, многу тетри. Ги имам над 20 и ги користам за се, ептен ми се практични. Кога лежи му ставам на кревет во дневна една, во количка, во креветче да не е со лице директно допрен. После бањање го бришам со нив, најубаво се брише, му купив и оние како бањарки што се ама не собираат толку вода.
Од каде земате тетри и по колку се? Претходниот викенд не знам во која продавница видов, 150 беше една Јас мислев поевтини се, оти 30 имам пишано на список да не треба кредит да земам да ги купам