Види во продавничките околу бит пазар полициската, 10 мислам 450 или 500 беа. Инаку има и во Стружанка, Андреј компани, локо кроко и слични продавници ама поскапи се, околу 70 денари една. Следи ги и стокомак на инстаграм, на некое време носат паковање од 3 тетри, некои 130-140 денари.
Мое мислење е дека ти се многу 30 доволно се 10 сметај дека постојано ќе переш ти сепак како си мислиш
Па да имам по 5-6 кај мајка ми, кај свекрвата за кога ќе одеме да не носам по повеќе натаму наваму, така си мислев
Za kaj niv turas 1-2 u rance pa i ti. Na kraj kraeva nek si opremat babite be....moze i cuvaat....jas kupiv od struzanka za dzabe jer majka mi site tetri od mene i brat mi gi cuva
Не фрлај пари на глупости секако ќе фрлаш многу пари за кај нив секако ќе си носиш ранче, пак ти како си сакаш и си мислиш ако ти е мерак.
Не знам навистина, многу скапи таму. Јас не сум во Мк и тука најобични бели се по 1 евро, со дезени различни се поскапи. Ама белите повеќе ми одговараат со се. Ептен разлика во цените
10 ти се доволно, а 30 тетри се голема бројка, според мене непотребно во толку голем број, освен ако пушташ машина за перење еднаш месечно
Па оти читнав дека за се ги користите, послебањање, за преслекување, за бришење, за под беве ког ленува во дневна пример и сл, затоа така си испланирав. По неколку во дневна/спална/количка/транспортер/во ранец/кај баба кај дедо Ама ќе земам 10-15, па ако ми требаат повеќе ќе докупам, најмал проблем е тоа.
10 доволно ти се. Со бебе ионака често ќе пушташ машина. Они се потребни, но за под и такви работи не, на ќебенце ќе го ставиш. Мала и тенка е тетра за тоа.
Ако користиш тетра за апсолутно сè, може и ќе ти требаат 30ина. Јас лично тетрите ги користам за постелување само, дали на Ге во дневна, дали во транспортер/корпа. Имам 10ина тетри само. За бањкање вртам 2 пешкири со ќоше капуљача, иако имам 4. А најкорисни ми се овие: 30 на 30 од Џамбо. Мојата многу повраќа, па овие ми се најпрактични.
И јас имам 30+ тетри. Сега не, ама на почетокот преку 1 ден пуштав машина за бебе (8кг), воглавно со тетри. Ова ќе го разберат само мајки со бебиња повраќалчиња. @pamelche земи си 10-15, ќе си докупиш ако има потреба.
Тетри имам 40 перам преку еден ден,два и скоро сите се искористени. Постилам кај и да ја легнам тетра,под главата ставам,во транспортер,кога ја бањам ја замотувам во две место бањарче, ја бришам плус со уште една, кога цицаме имам една до мене ако блуцне, кога е какана ја одмивам...најискористена работа ми се,се перат на вриење и се сушат мн брзо моја топла препорака да си набавиш повеќе
Јас имам 10 мали и 3 големи од ваикики. Повеќе од тоа не треба. Една иста ја постелаш цел ден додека ја испрла. За бањање една крпа користев, бањарка со капа за глава и тетра за свивки. Никогаш не ми снемало тетри. Секој ден машина. Плус не ги треба до 3 години туку првите 6 месеци. Го покривав со тетра. Во транспортер не се става ништо од безбедносни причини.
Зошто не во транспортер од безбедносни причини? Ја стално постилам ама само под нејзе не да виси од сите страни.Плус ја носам на контрола во ск а не сме од ск и ако не постилам на нејзиното мочкање ке треба да перам транспортер еднаш неделно
Во транспортер не се додава ништо, освен дел за новороденче ако го има комплет од производителот. Осмислен е да е безбеден таков каков што е. Со додавање можеш беља да направиш. Какво мочкање не разбирам?
За почеток 1 или 2 шишенца да земам? Не знам дали ќе бидеме на доење или на формула. Какво земавте за вода какво за млеко? И цуцла и лажиче какви 0+?