Купив од локо кроко, околу 700 денари беше. Го нема на страната. Иначе предобар е, има место за облека да собереш пример за преспивање некаде све што ќе ти треба, со пелени и влажни. Мене ми собра мини пакување пелени, влажни марамици, 2 пара боди, шпикозни и подлога за пресоблекување. И плус ми остана место И напред има место за 3 шишиња. И 2 прегради за шишиња од страна има. И внатре има еден мал џеб кај шо би собрал твој новчаник/клучеви, нешто помало Така да, препорачувам да ѕирнеш во локо кроко продавницата
Не не, во продавницата имаа 10тина модели, а ниеден не беше на кика боо. Барем јас ко бев. П.С: исто прашував за седиште за во кола, тоа што им е на страната го немаа веќе со месеци во продавницата. Така да мислам дека не прават често апдејт на производите за жал
Во Матео имаш ако идеш во Свн, само не знам дали беше 800 или 1 000 ден. Има и напред оделена преграда за помали шишенца и др ситни работи како новчаник, клучеви итм. Во поголемата преграда има исто такви оделени помали, јас во едно ставам книшка, во друго марамици, трето памперси, се дс ми е лесно пристапно. И онака има доста простор, ставам по два пара бодиња и тренерки, дукс, ќебенце, подлога за пресоблекување, тропки, буквално сѐ што може да ти притреба и пак има простор за уште. За истата преградата има и позади патент за да можеш полесно да извадиш ако ти треба нешто шо е најдоле ставено. Мене ми е многу практичен, ептен сум задоволна.
Алиштата нема да зафаќаат многу простор. Јас за излегување носев по два или три комплети за пресоблекување (боди и шпихозни или боди и тренерки со чорапи) кебе памучно ама може и во количка да стои, капа памучна, тетра пелени две, подлога за пресоблекување за еднократна употреба, памперси 4-5 влажни и крема за газе. Шише по потреба. Ако не најдеш можеш и обичен ранец да земеш, во ваикики и по 500 денари има. Секоја количка има долу корпа па таму може да ти стои иако попрактично е на рачки да стои закачена.
Јас го имам овој https://www.shoppster.com/sr-RS/p/0...nac-za-kolica-sa-podlogom-za-povijanje-2001bl На Чиполино е, од Андреј компани го зедов околу 1200 ден. Има и внатре по некоја преграда за марамици и сл, плус една голема позади што би рекла јас за лаптопов . Бајаги собира: пелени, марамици, подлоги, ќебенце, облека дури и за топка и книга имав место. Прерамките се широки, што ми беше битно за распределување на тежина. Плус не личи од надвор на бебешка торбица, па можеш и рандом да си го користиш.
Јас порачав од фб од М&M по препорака на некои членки од тука ама и колку што видов материјалот е квалитетен а има и плус каишчиња за да се закачи на количка Разгледај ги
Devojki, na koja od vas nema da i e tesko da mi napise sto se e potrebno za novorodnce, osven kolicka, transporter, sisinja, cucli, krevetce, korito….. Koga stanuva zbor za obleka jas se blokiram neznam koja brojka ( nemam koj da prasam) 50/56 60/62 za do kolku se? Sakam da pocnam da naracuvam no neznam od sto da pocnam
Мајка, според мене шишињата и цуцлите и не се толку неопходни. Доволно ти е да имаш по едно. Купи си еден пакет пелени бр 1 за во болница, за натаму имај си дома еден или два пакети 2че. Имаш коритца одат заедно со канче за црпење и кофа (можеш и за алишта да ја користиш кофата кога ќе постилаш негови). Купи си козметика, дали сакаш сапунче и шампонче, дали само маслена купка за бањање. И лосион. Фирма сама си одбери, тука не можам мн да ти помогнам. Јас не сум задоволна од Уријаж, толку имам да ти кажам на оваа тема. Ножички за сечење ноктиња, памучни туфери, хидроген за папочето, стерилни гази околе 4-5 доволни ти се за папочето. За спиење подобро ти е вреќичка без ракавчиња, ама и ќебенце ти треба за да го замотуваш когс го изнасаш на пократки релации на пр или др ситуации. Пелени (заборавив како се викаа), околу 10тина се доволно. Подлоги за пресоблекување имаш или по продавниците за бебешки работи (се перат) или во аптека такви што се фрлаат откако ќе се искашкаат (по 10-15 има во пакет, доволно се за подолг период). Бањарки 2. Од облека не гледав многу по бројчињата, моето имсше околу 6-7 пара пижамки од 0-3 мес, бодиња еден куп сите различни големини, чорапчиња (брзо ги нсдрасна и пази да се потесни горе, да не му се соблекуваат сами), неколку лигарчиња и тоа е доволно за почеток. Ако е зимско бебе можеш некое скафандерче или од тие меките дебели шо ги има по страните. Исто и дуксерче некое можеш да му земеш малку поголемко, да си го носи подолг период. За тебе ранец за секаде да си носиш резерви облека. Не натрупувај многу облека од малите бројчиња, брзо ќе ги надрасне. Мислам дека е тоа. Едит: 50 ти се најмалечки, првите две недели само ќе му се фаќаат. Моето 56 носеше до кај 1 месец. Подобро да му е малце поголемки и внимавај да се растргаат бодињата, да се убав материјал.
Да се надоврзам, капчиња и ракавички обично идат со некои комплетчиња, ќе си видиш. Ја не би ти препорачала надокнадно дс купуваш. Ја не му ставав ни капа ни ракавици, ама па моето на крајот од летото се роди. Ако се роди зимоска можеш зимно капче да му земеш. Капки за коски, пробиотици итн ќе си земеш откако ќе си дојдете од болница. За извод одма поднасајте оти доста време се чека. И да си поднесеш од социјално и општина за еднократна парична помош за новороденче.
Да се надоврзам јас, се шшто ќе купуваш за облекување гледај да се закопчува напред, да не се облекува преку глава. Значи бодиња, шпикозни најпрактични ти се тие со копчиња од напред што се. И според мене многу битно да си купиш мрежичка за бањање што се закачува на коритото. Значи не оние адаптери или мечиња, пернички чуда што се, најобичната мрежичка, ја имаш во Локо Кроко околу 300 денари мислам беше.
Како изгледаат тие подлоги за пресоблекување од аптека што ги зимате? Водоотпорни се така? Препоставувам нешто како мушама е тоа ама не сум сигурна
Користам на слипи од зегин. Големи се па ги сечам на 2 Неопходни се, верувај. 100 пати ми се има измочано на пресоблекување, ќе требаше креветот да го фрлам до сега
Ја од аптека земав, во болница ми бараа да си купам за мене, како "подметачи за болнички кревет" ги бараа моите. Имаше 15 внатре и не ги сечев иако беа големи оти моето знаеше и преку глава да се измоча. Како мушами се, ама мислам дека подобро ти е 2-3 моч пелени од бебешка продавница да земеш, барем се перат и можат повеќе пати да се искористат. Овие аптекарските еднаш ако се намокри после си останува такво никакво.