1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што сè е потребно за новороденче?

Дискусија во 'Бебе' започната од flowergarden, 20 февруари 2012.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.826
    Допаѓања:
    18.656
    Пол:
    Женски
    Како пелена се, ама големи да постелеш под бебе. Ама тој квалитет.
    Не само што мочкаат, знаат и да какат кога ке им ги кренеш нозете за да смениш пелена. Мочки се небитни во споредба со каки.
    Имаш на бејби лов кои се супер цена и квалитет, бекутан се поголеми, има некои за возрасни без дезен ама намена иста итн.
    Нема на секое да ја мочка подлогата, јас имав моч пелена ама мала ми беше и после бањање кога го ставам на кревет ја користев.
     
    На tina2018 и pamelche им се допаѓа ова.
  2. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.374
    Пол:
    Женски
    Јас си купив од стружанка моч пелени ги викаат. И не се скапи. Од горе е како пешкирче од доле ко мушама. Мекичко убаво да си легнеш бебе на неа а и си ги переш после колку сакаш. Мене тие ми се далеку поисплатливи а и поеколошки од овие за еднократна употреба. Еве јас ги растурив од перење не се мрднати. Би ти препорачала да ја разгледаш и оваа опција. :sun:
     
    На Bankiche, tina2018, pamelche и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Здраво,читајќи ве Тука денес како за сефте земав 10 тетра бели, 5 дизајнирани и 1 боди бенкица вел 56.
    Со Господ напред бебушка се очекува крај на јули, почеток на август, па може да ме советувате колку и какви бодиња и шпилхозни да земам за почеток и за тој период???

    Сакам после да излезам да земам нешто, а не знам дали со кратки,долги и која величина, читам бргу ќе наноси...
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.826
    Допаѓања:
    18.656
    Пол:
    Женски
    И синко е роден тогаш. Јас го облекував во шпихозни со долги ама клима пуштав дома. Прежешко беше за без клима а со клима и долги беше таман. Земав претенки работи колку да се каже дека е по долги.
    Инаку за почеток за тој период од 56ка довочни ке ти се 6-7 шпихозни.
    Син ми бргу напредуваше и крупен се роди и 56ки три недели носеше. Други бебиња и подолго читам носат.
     
    На tina2018 и Rubiii им се допаѓа ова.
  5. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    А бодиња со кратки / долги таа величина би ми требале?
    Чорапи, капи, кебенца, јоргамче??
    Како за старт што ќе ми треба и за лето да кажеме?
     
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.826
    Допаѓања:
    18.656
    Пол:
    Женски
    Има памучни кебенца коцкасти, метар на метар со најразлични шари. Тие ако е поладно. Јас и со тетра го покривав во најжешкото. Потоа кога почна да се врти во вреќа за спиење без ракави.
    Ракавици не ставав воопшто, дури за зима. Капа внатре никако ама имај една памучна за ако дува надвор.
    Чорапи ако купуваш комплетчиња без ногавички, шпихозните најголем дел се со затворени ножиња нема да ти треба плус чорапи.
    Имај и некое боди за навечер ако е поладно, ама ако е прежешко како пред две години ке ти се нервира бебуш од жешко. Купи 2-3 и по потреба и ако треба тогаш ке доземеш. Во ваикики имам гледано и комплети шпихозни капа боди, можеш такви две три да земеш сетчиња и потоа уште неколку шпихозни или сет боди панталонки. Ама шпихозни за почеток се најудобни.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.383
    Допаѓања:
    6.110
    Син ми е роден во август и прв пат шпихозни по долги му облеков можда после месец ипол. Цело време беше само по боди на кратки или ромпер, евентуално боди со панталончиња ако беше поладно (читај 30 степени).
    Величините се индивидуални, зависи колкаво ќе се роди и како ќе напредува. Син ми пр. 50 и 56 носеше долго време, 62 скоро и да не носеше, многу брзо 68 почнавме.
    Капи, ракавици, чорапи не му ставав.
    Го покривав со тетра.
     
    На tina2018 и Rubiii им се допаѓа ова.
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.622
    Допаѓања:
    17.414
    За почеток да земам една кутија АД за секој случај или да почекам?
    Се мислам да не ни треба првата ноќ дома, во случај да не сака да цица, каде ќе барам:tmi:
    Ако викате да земам, кажувајте какво :D
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.826
    Допаѓања:
    18.656
    Пол:
    Женски
    Во болница ке видиш дали ке цица или не. Според тоа ке земеш. Јас не земав ад, во болница фати да цица и немав потреба.
    Ад секаде има во секој момент може да купиш.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.983
    Допаѓања:
    4.798
    И ако треба АД ќе земеш ко тоа во болница што ќе му го дадат, не земај пред време.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    4.079
    Пол:
    Женски
    Претежно купи си бодиња на кратки и прерамки 56 62 за стар. И да е малку поголемо покомотно ќе е за облекување нема да се мачиш. Некое шпихозне само на долги за секој случај да имаш. И моето е родено во сред јули и ми правеа притисок домашноте дека мора у долги, мало било ау. Кога го однесовме на прва контрола педијатарот изричито ни забрани да го преоблекуваме и капа да носи. Во почетокот бебињата не можат да си ја регулираат топлината на телото и преку глава регулираат. Цело лето бебе на боди на прерамки и чорапчиња беше. Најискорестени тие бодиња и тетра пелените ни беа.
    Со лесно!:l:
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Да не земаш, читај и спремај си се за доење,земи си крема за брадавки уште за во болница
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Enn001

    Enn001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2021
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Колкаво бројче на облека зимате за на почеток? Се мислам дали да земам 50ка или поголеми да си земам? :)
     
  14. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.416
    Според мене 56 ќе ти биде ок, многу брзо растат.На почеток ќе ги подвиткаш ама барем ќе ги поноси некое време.Поздрав
     
  15. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.709
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Се надополнувам: 3 моч пелени, бањарче, 2 бодиња на прерамки дебели, 3 бодиња на долги ( поголема вел се две во комплет со панталончиња), комплет шпилхозни со додатоци, шпилхозни потенки.

    Ќе гледам да сликам, ги чувам во кеса па кај јуни здравје ќе се испере.
    Не сметам дека рано почнав, прво меракот и среќата е преголем а секој различно си манифестира (пиши добив ком декс е мн рано, кај 9ти месец се купувало и ќе си добил ццц), а башка на пролет ќе следи припрема на домот со мебел, количка и реквизити - доста обврски и трошоци.
    Индивидуална одлука и желба ама мора да се коментира...
     
    На Inamya, tina2018, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    17.600
    Пол:
    Женски
    Штом викаш во јуни ќе ги переш, терминот ти е на лето. Од мене еден совет за летно бебе. Да не купуваш многу облека на долги. Синчето се роди во мај, две недели само го облекував на долги. Цело лето беше во ромпер или само по боди.
     
    На Rubiii, Mom's_life, nevermet18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Enn001

    Enn001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2021
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки :) Мојот лепотан ќе се роди во мај (почеток на мај ми е краен термин), па почнавме да купуваме нешто од нешто. Искрено ме фаќа паника дека касно почнуваме и дека нема да стигнеме :worried: Сакав да ве прашам од каде купувате облека? По продавнициве уште има зимски колекции, а мене ќе ми требаат потенки работи..
    И уште нешто, за тие мајки што очекуваат да се породат во мај, што земавте за излегување од болница? Прво бебенце ми е и стварно не знам дали ќе му биде ладно/топло.. Немам осет :worried:
     
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.826
    Допаѓања:
    18.656
    Пол:
    Женски
    Кој ти каже дека е рано, објасни дека не мора да ти купи сега. :rofl:
    Јас после прв скрининг почнав да купувам и до кај 6ти 7 имав се. Потоа се направив како планина и да чекав ке требаше да се мачам.
    Ако имаш пари и за еден ден се пазари облека. Реално за почеток ти треба 5-7 шпихони или комплети и толку бодиња. Чорапи ако се со отворени нозе. Капа една памучна. Ракавици не. Две крпи за бањање и 5-10 тетри. Кебенце памучно.
    За зима и повеќе треба затоа што не се сушат работите ама во пролет за еден ден се суви.
    За изнесување долги земи, памучно нешто, ако е ладно ке покриеш бебе со кебенце. Мај за кратки за бебе не е.
     
    На Mag_twins, Anaroz1, Enn001 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Земи нешто на долги некое комплетче или шпикозни ама да не е мн дебело зимско, ако е поладно дента кебенце и тоа е тоа.
    Имаш онлајн многу убави работи јас искрено се изназеѓав од muppet kid, цените се пристапни а работите се ептен убави
     
    На Enn001 и tina2018 им се допаѓа ова.
  20. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.394
    Допаѓања:
    14.230
    Пол:
    Женски
    Убави работи имаат да ама немаат ништо од 0-3 се е out of stock ..
     
    На tina2018 и Enn001 им се допаѓа ова.