Не знам искрено, јас на мојата и зимам за 6 месеци и иако е 3+ таман и се. Имам и од 0-3м ама ги израсна малечки и се, некој работи и не ни стигнав да и облечам со што поука нека е за сите што купуваат не трупајте алишта и не земајте многу мали броеви. Цела вреќа имам омалено од неа а некои не и се ни облечени. Посебно па тие до 50см. Она се роди 51
Јас претерав со купување 0-3, и сега не сакам ни да ги отворам да ги перам/средувам оти ми се плаче дека некои ни еднаш нема да стасам да и ги облечам, едино по 3 пати на ден ако ја пресоблекувам. Уште сега ми е криво, а не па кога ќе треба да ги пакувам оти ги израснала
Бомико, Стружанка, Јуратекс, шпихозни со копчиња или патенти напред се рај. Од мапет работите се помали од месеците, баш вчера враќав пратка за замена
Значи сите сме исти Прво мерак ми е после криво ми е По мерак имав на елечиња, ене ни 1 не и се облечени а ќе и имаат кај и да е
Ич да не ти е криво. И еднаш да го облечеш, меракот е преголем. Што ти е мерак зимај, Јас се што земав искористив, а нон стоп купував. Боже мој, си расне дете, ќе ги пакуваш ама кога ќе го облекуваш...мх мх мх, мераци
Од мапет на тие што не пишува дека се 100% памук, што материјал се? И дали купувате само 100% памук за бебче?
Најпаметно ти е за почеток да си земеш од оние што се multipack на george што ги продаваат. За 3000 денари ќе имаш 5 боди и 5 пара шпихозни величина 0-3 што најверојатно ќе ги носи барем до крај на втор месец (зависи и како ќе напредува и колкаво ќе се роди). Сосема доволно за првите 2 месеци. Не е нешто дебел памукот, а баш е пријатен. Боди на кратки, шпихозни на долги, можеш некое дводелно комплетче да си купиш ако ти е ќеиф ете за излегување од болница, во ваикики има преубави. Јас во ноември се породив и најобично памучно комплетче со капче имав и ја изнесовме така покриена со памучна прекривка. За од болница до кола нема да измрзне. Чорапчиња 2-3 пара за секој случај. 1-2 памучни капчиња за надвор кога ќе е посвежо. Ќебенце некое за во количка, и 2 за дома. 10 тетра пелени и од оние мали крпчиња (јас во Џамбо ги земав по 6 мислам беа паковани ептен ми вршеа работа). 2 бањарчиња Од постелнина не ти треба ништо за почеток освен 2 навлаки за душек (понатаму можеш оградици да земеш на почеток не требаат) Шишиња и цуцли ќе купиш откако ќе се роди, ете имај 1 шише и 1 цуцла за секој случај па ќе видиш понатаму дали ќе ти треба. Тоа е најосновно и рачунај дека можеби ќе добиеш и подароци (јас се изнакупував за 0-3 па кога се породив кумовите и некои роднини ми имаа донесено многу облека за 0-3 и пола неискористени останаа)
не мора да значи дека нема да ги облечеш. еве јас обратно направив ги слушав сите не купувај брзо ќе ви надрасне, ќе ти добесат и сл и се доведов во ситуација да имам само 5 бодиња и 2 пара шпикозни , кога ја добесов беба дома во еден ден ми ги поврати сите па немав што да ја облечам трчавме да и докупуваме облека плус никој не примав дома корона и сл дури сеа кога напрси два месеци почнаа луѓе да доаѓаат и да ни носат, а на сите им кажувам поголеми да и земат. и најважното еве ја уште и се точни од 0 до 3, а се роди 3.600 така да уживај ич не се секирај
Е како не си претерала. Јас претерав со не купување. Немав ни една 50ка, па праќав маж да купува кога си дојдовме дома, и од другарка земав оти немаше шо да носи а мали броеви неможевме да најдеме баш тогаш. Бебе џивџи се роди 48цм, еве ја 2 месеци, 56ки уште носи. Максимално ми се искористени малите броеви И рачунај дека ако ти се погоди ко моево бљуцкасто, и те како ќе го преоблекуваш по 3-4 пати дневно
@Anaroz1 @LiquidLuna во право сте, не мора да значи дека цел ден во едно исто ќе седи, може стварно ќе треба да го пресоблекувам почесто плус цело време ќе си биде дотеранка во ново
Ретко се случувало да е во исто цел ден. Ке поврати ке се измочка искака. Плус бањање секој ден, така да...
Za zensko bebe samo fustanite ostanuvaat neiskoristeni...a ke go presoblakas i 2-3 pati vo denot...bljucnalo,protekla kaka i slicno
Здраво, дали некоја што има нарачувано бодиња на закопчување од Muppet kids, може да каже дале се квалитетни и дали се 100% памук? И од каде купувате бодиња на закопчување/преклоп за новороденче?
@LucyLu , земав таков модел ранец само од друга продавноца, е сега да ми кажете дали го перете во перална? Да не се извитка ми е страв
Па тоа се мислев дали на рака или да го ставам во машина..ама сепак да не ризикувам, со големиот дел за количката ќе ги проперам на рака и тоа ми е страв да го ставам во перална
јас искрено сакав да ја ставам на рачно на 30 во машина, ама мм ми викаше дека ќе се уништи и на крај на рака ја исправме