Ако може инфо од каде е ова 3 во 1, прв пат слушам а сакам практично работи,плус поклон ќе го нарачам...
Во Локо имаш и хранилка 3 во 1 Ќе може да се постави маса со стол да си црта понатаму кога ќе порасне еве и мојата хранилка е таква, поклон ни е т.е така спомнавме ние за полесно да е понатаму да не купуваме плус
За што де тие тетра пелени, муслин пелени како и да се викаат, врска немам за што се користат и како изгледаат?
Да постелеш кога ке го ставаш бебе на кревет каде што седат возрасни и за покривање. Плус во кадичка кога се бања да не лежи на пластика. И за после бањање да избришеш свивки.
За подждригнување да не бљуцне, во креветче да не бљуцка, во гнездо да не бљуцка, на подлога да не бљуцка, во количка да не бљуцка на сите страни имам тетри. За после бањање, за легнување каде ќе стигнеш, за покривање, за сенка на количка или во кола. Едно 2-30 купив и само еднаш неделно ги перам. Во кола и торбица имам по една две нон стоп за секој случај.
баш така иначе ја кога бев трудна другарка со две деца ми рече купи си поише тетри, а ја не можев да сфатам за што ќе ми се и купив само три сега имам 30тина
еднаш неделно ги перам кога ќе се соберат, ги пеглам , стојат во дневна наредени и само дај тетра, фрли ја тетрава за перење, земи тетра бљуцна, не така стави тетра прво тоа ни е муабетот по дома
Здраво Дали е потребно јорганче за новороденче? Имам купено како вреќа тенка ептен за рацете да му бидат до тело и не знам дали треба плус ќебенце, јорганче или само чаршавче одгоре? За април негде тој период
Значи шпихозни и имам едно ко плик уствари имам две: едно со патент напред и друго со лепенка мислам на преклоп. И двете се памучни мислам и тенки се некако само за со тоа вајда.. Или може боди, шпихозни, вреќичката? А имам и вреќичка ама поголема е само без ракавици. Во овој случај како треба да биде облечено?
Каква ви е температурата дома? 22-23 степени треба да биде. Во шпихозни и вреќичка. Ако ви е помиска темп. додај боди. Таман му е. Кога ќе затопли ќе видиш, јас моето тек родено само по боди го оставав кога беа жештините. Нозе и раце им се ладни зошто им е слаба циркулација, нема да се водиш по тоа. Ќе го пипкаш по грбче. Ако на вас ви е топло/ ладно и на бебето ќе му биде. Сите доктори до сега и педијатри и ортопед ми рекле како ние, така и бебето. И ако го облечам моето повеќе, одма се буни. Не смее да се претоплува.
Јас тетра па ич не користев, имав десет ај со првото два три пати дали ги употребив, ме нервираа. Со второто ниту еднаш. Си сошив од органски памук ко постелнинчиња, во коцки разни димензии и тие ги користев за постелање. Ниту едното ниту другото не ми бљуцкаа.
Некој да сподели некое списоче што од прилика е потребно за новороденче? Мислам на цуцли, шишиња, алиштенца и такви други работи... Не знам како и со што да се припремам, прва бременост, еве веќе 31ва недела, абер немам ни што да купам ни по колку
Фала ти најмногу Овие поголемите работи, количка, креветче, корито ги купив веќе. Малите џиџи-миџи, алишта, имам нешто, ама се ми се чини како да ми фали нешто